Приказивање постова са ознаком прирок. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком прирок. Прикажи све постове

23. 2. 2015.

Контролна задача за шесто одделение - подмет и прирок


Контролна задача за главни реченични членови
(шесто одделение) ученик____________________________

                                           
Внимателно прочитај и одговори!

1.Заокружи!
Подметот и прирокот се главни реченични членови
                                    Т---------- Н                                                                       1/
2.Во следниот текст подвлечи го подметот со една линија,а прирокот со две линии
                                                  Мина
Мина секој ден работи во градината.Таа ја сака работата.Затоа станува рано.Наутро расадува млади билки и го корне коровот.Навечер ги вади посевите.Обично ги копа после дожд.
Стоиме пред градината на Мина.Таа во рацете држи мало мотиче.Копа.Лукот и салатата брзо напредуваат во нејзината градина.
-Г.Суботиќ                                                                                                           7/

3.Кој реченичен член им недостасува на следниве реченици.Именувај го и дополни ги речениците!
                              __________________________                                                   1/

а)Славејот ___________ песна.
б)Зајакот ____________ морков.
в)Ветерот __________.
г)Коњот __________ по патеката.
д)Кучето _________ во дворот.
ѓ)Ученикот __________ домашна задача.                                                     3/

4.Кој реченичен член им недостасува на следниве реченици.Именувај го и дополни ги речениците!
                           ______________________________                                              1/

а) ___________ брзо зборува.
б) ___________ плаче.
в) ___________ шие фустан.
г) Во дворот ________ лае.
д) _________ везе .
ѓ) _________ трча.                                                                                            3/

5.Подвлечи го подметот во речениците и определи го видот на зборот.

а) Штркот стои на покривот. ________________
б) Ние навиваме за Македонија. ______________
в) Подобриот победи на натпреварот. ________________
г) Петмина свиреа во оркестарот. __________________
д) Дина дојде кај мене. _______________                                                          5/

 
6.Дополни ги речениците со подмет според барањето.

а) Во собата влезе ___________(општа именка).
б) ___________ (сопствена именка) пие сок.
в) ____________ (заменка) купувам нова облека.
г) ______________ (придавка) дотрча прв на целта.
д) ______________ (број) зборуваа за вчерашниот натпревар.                     5/

7.Во следниот текст со една линија подвлечи го подметот, со две линии прирокот,а потоа определи каков вид збор е подметот на празното место под текстот.

                           Песна за светулката
Светлана многу ги сакаше светулките.Таа знаеше дека ќе дојдат и ќе и` светкаат под прозорецот.Постарите така и` раскажуваа.
Вечерта по патот поминуваше преполна кола со сено.По колата леткаше малечка ѕвездичка.
Девојчето ја виде и радосно плесна со рацете.И` се радуваше на светулката.
Десетина засветкаа зад колата како фенерчиња.
-Горјан Петревски

Подмет Вид збор











                                                                                                                        10/
                              
                                    Вкупно поени:


Скала за оценување:

до 12/1
13 -19/2                                                Оценка:
20- 26/3
27-31/4
32-36/5 Родител__________________ Наставник________________________






13. 2. 2012.

Синтакса

  💬 Реченицата е основна јазична единица со помош на која комуницираме.

  Основни (главни) реченични членови се прирок и подмет.
Предметот (директен, индиректен и предлошки) и прилошките определби се неопходни реченични членови.
Атрибутот и апозицијата се второстепени реченични членови.
 Реченицата е составена од личноглаголска форма, која врши функција на прирок (основен реченичен член).
Реченица во чиј состав има само еден прирок се вика проста реченица.
Прирокот се согласува со подметот по род, број и лице.
Повеќе од еден прирок во реченицата (два, три) значи дека реченицата по состав е сложена.
Одделните реченици во составот на сложената реченица се викаат дел-реченици.

                               Структура на проста реченица

                                                    Прирок

           подмет    директен   индиректен    предлошки      прилошка
                            предмет      предмет          предмет           определба

                                          атрибут и апозиција 
 Примери:
            Ане пишува.
            Ане пишува писмо.
            Ане го пишува писмото.
            Ане го пошива писмото денес.
            Ане го пишува писмото во работната соба.
            Љубопитната Ане го пишува писмото во татковата работна соба.
            Ане, сестрата на Мими, го пишува писмото.

Ова се примери како расте бројот на реченични членови.

                     Предмет и видови предмет


Членот во реченицата врз кој преминува глаголското дејство се вика предмет.
Во македонскиот литературен јазик има три вида предмет: директен, индиректен и предлошки.
1. Директен предмет

Меле јаде цреши. 
Меле ги јаде црешите.
Глаголското дејство директно преминува врз предметот.
Одговара на прашања: што? (за предмети) и кого? (за лица).


2. Индиректен предмет 


Му донесов подарок на Симе.
Им реков на пријателите.
Со предметот се именува оној на кого му е наменето дејството.
Одговара на прашањата: на кого? и кому? 

3. Предлошки предмет

Јас пишувам со пенкало.
Зборува за проблемите. 
Предметот се поврзува со предметот со помош на предлог. 
Одговара на прашањата: кого? и што? + предлогот во реченицата.

                  Удвојување на директниот и индиректниот предмет

Една од најважните карактеристики на македонскиот јазик е удвојувањето на предметот.
Удвојувањето се врши на тој начин што со зборовите кои вршат функција на директен и индиректен предмет се употребуваат и кратките форми на личните заменки и повратната заменка.
Долги и кратки заменски форми се:
 еднина                                            множина
1л. Јас: мене, ме; мене, ми        1л. Ние: нас, нè; нам, ни

2л. Ти: тебе, те; тебе, ти             2л. Вие: вас, ве; вам, ви
3л. Тој: него, го; нему, му          3л. Тие: нив, ги; ним, им
      Таа: неа, ја; нејзе, ѝ
      Тоа: него, го; нему, му
Повратна заменка: себе(си), се; себе(си), си 

 со црно-директен предмет; со сино-индиректен предмет
 

1.Удвојување на директниот предмет
Директниот предмет се удвојува во следниве случаи:
-со долгите форми од личните заменки, како и од повратната заменка:
Пр. Мене ме избраа за претседател на одделението.

     Јас ги поканив нив на мојот роденден.
     Себеси се обвинуваше во врска со новонастанатата ситуација.
-со членувани именки или именски групи:
Пр. Го отворија писмото и ја прочитаа пораката. 
     Немам зборови да го искажам моето пријатно изненадување.

-со показни заменки, кои можат да се јават и со именки:
Пр. Јас ова потоа го слушнав.
     За вас ја кревам оваа чаша.
-со лични и географски имиња:
Пр. Во паркот ја видов Симона.
       Мајсторот  го напушти Велгошти.
- со односни заменки:
Пр. Детето спиеше под ќебето што успеало да  го повлече.