|
| Јана Буџакоска |
![]() |
| Евгенија Апостолоска |
![]() |
| Александар Балоски |
![]() |
| Христијан Шибакоски |
![]() |
| Тамара Ристеска |
![]() |
| Андреј Крлески |
![]() |
| Андреа Видиќеска |
![]() |
| Михаил Костадиноски |
![]() |
| Меланија Буџакоска |
![]() |
| Евгенија Цветаноска |
![]() |
| Јордан Ќулумоски |
![]() |
| Горан Чавкоски |
Времетраење на часот: 40 минути
Сигнална – симболичка
Посредна – непосредна
Вербална – невербална
Еднонасочна – взаемна
5 минути
На табла пишувам/ на Паметната табла споделувам слики или видеа
🌫️ Чад од шумата
🔔 Училишно ѕвонче
🚦 Црвено светло
😊 Насмевка
📱 Порака на телефон
Поставувам прашање:
– Дали сите овие нешта ни пренесуваат некаква информација?
Потоа:
– Дали информацијата секогаш се испраќа намерно?
Одговорите треба да нè доведат до:
🧠 2. КРАТКО ОБЈАСНУВАЊЕСигнална – без намера
Симболичка – со намера
7 минути
Го споделувам линкот од Роземак:
Сигнална
➡ информацијата се пренесува без намера
🌫️ чад → нешто гори
😓 ученикот е испотен → се напрегал/трчал
Симболичка
➡ информацијата се пренесува со намера
🔔 ѕвонче → часот започнува/завршува
🚦 црвено → застани
Непосредна
➡ комуникација директно меѓу соговорниците
👧 „Ќе дојдеш ли утре?“
👦 „Да.“
Посредна
➡ комуникација преку средство
📱 порака
💻 е-пошта
📞 телефон
Вербална
➡ со зборови
🗣️ разговор
✍️ напишана порака
Невербална
➡ без зборови
🙂 израз на лице
👋 мавтање
👍 гест
Еднонасочна
➡ пораката оди само во еден правец
📢 известување
📺 телевизиска вест
Взаемна
➡ соговорниците разменуваат пораки
🗣️ разговор
💬 дијалог
🎤 интервју
Делам во групи подготвени картички.
1.
🍂 Пожолтени лисја на земјата
→ Сигнална
2.
🚭 Знак за забрането пушење
→ Симболичка
3.
Теодора му зборува на Марко во училницата.
→ Непосредна
4.
Марко ѝ испраќа порака на Ана.
📱
→ Посредна
5.
Наставникот прашува: „Кој сака да одговори?“
→ Вербална
6.
Ученикот крева рака.
✋
→ Невербална
7.
Преку училишниот разглас се чита известување.
📢
→ Еднонасочна
8.
Двајца ученици разговараат и си одговараат.
→ Взаемна
На едната страна од училницата ставам лист:
СИГНАЛНА
На другата:
СИМБОЛИЧКА
Читам ситуации.
Учениците треба да застанат на страната за која мислат дека е точна.
🌧️ Темни облаци → можен дожд.
Сигнална
🚦 Црвено светло → застани.
Симболичка
🤫 Прст пред устата → тишина.
Симболичка
😰 Ученикот се поти по физичко.
Сигнална
🚨 Сирена за опасност.
Симболичка – пораката намерно се испраќа.
👣 Траги во снегот → некој поминал.
Сигнална
Сега имаме посложени ситуации.
Задачата е да откријат што повеќе видови комуникација.
Сара му испраќа порака/преку тел. на Борис: „Дали ќе дојдеш на натпреварот?“ Борис ѝ одговара: „Да, секако!“
Учениците откриваат:
📱 посредна
🗣️/✍️ вербална
💬 взаемна
🔣 симболичка – пораката е намерно испратена.
Наставникот влегува во училницата и покажува со раката кон тетратките. Учениците ги отвораат.
→ непосредна
→ невербална
→ симболичка – намерно испраќа порака
→ може да се разгледува како еднонасочна во моментот на покажувањето
Пронајди во секојдневието по еден пример за:
🔹 сигнална
🔹 симболичка
🔹 непосредна
🔹 посредна
🔹 вербална
🔹 невербална
🔹 еднонасочна
🔹 взаемна комуникација.
Забелешка: Идеите и организацијата на часот се мои, техничка поддршка чичко ChatGpt, а комуникацијата беше взаемна.
Комуникација
Комуникација (општење) е процес на размена на информации меѓу луѓето.
На табла пишувам:
„Што правиме кога сакаме нешто да му кажеме на некого?“
Учениците кажуваат брзо, без да ги поправам:
зборуваме – пишуваме – прашуваме – одговараме – слушаме – гледаме – покажуваме – мавтаме – се смееме – праќаме пораки – телефонираме...
Ги запишувам сите нивни идеи околу едно празно место на таблата.
Потоа прашувам:
„Што е заедничко за сите овие работи?“
И кога ќе кажат нешто во стилот „си пренесуваме пораки“, следува ново прашање:
„А како со еден збор го нарекуваме тоа меѓусебно пренесување пораки и знаци?“
Без разлика дали учениците ќе дојдат до поимот КОМУНИКАЦИЈА или не, решаваме анаграм.
КАКО МУНИЦИЈА (КОМУНИКАЦИЈА)
✐Во тетратките по македонски јазик забележуваме што е комуникација. (може да се нацрта и шемата од таблата)
„Сега ќе видиме дали можеме да комуницираме и кога не смееме да го кажеме она што сакаме да го кажеме.“
Излегува еден ученик кој влече ливче на коешто е напишан еден збор.
Едниот ученик добива збор/поим на ливче, на пример:
Негова задача е да им го објасни зборот на другарчињата, но без да го каже самиот збор.
На пример, зборот „море“:
„Таму одиме на одмор. Има многу вода, плажа и песок...“
Ученик:
„Море!“
Сега не смееме да зборуваме!
Треба само со гестови, мимика и движења да им го пренесеме зборот на другарчињата.
На пример: „фудбал“
Ученикот којшто објаснува покажува движење како шутира топка.
Кога ќе завршат, прашувам:
„Во која ситуација полесно го погодивте зборот – кога другарчето зборуваше или кога користеше само гестови?“
„Дали комуникацијата е само зборување?“
„Што користевме кога не смеевме да зборуваме?“
На табла до шемата за комуникација пишуваме:
🗣️ зборови
👀 поглед
🙂 мимика
🙌 гестови
🔊 тон на гласот
Давам завршен предизвик:
„Сега кажете ја реченицата „Баш ми е мило што те видов!“ на три различни начини: радосно, луто и тажно.
Тука ќе видат дека истите зборови можат да испратат сосема различна порака, зависно од начинот на кој ги кажуваме.
💬 Објаснувам за елементи на комуникацијата поттикнувајќи ги сами да откријат: ИСПРАЌАЧ - ПОРАКА - ПРИМАЧ (преку играта на зборови)
Замисли дека еден цел ден не смееш да кажеш ниту еден збор. Можеш да користиш само гестови, мимика, поглед, цртежи, знаци и други начини.
Одговори на следниве прашања:
❗ Не мора да одговорат на сите прашања – да изберат 5–6.
И за крај на домашната:
🎨 Нацртај еден знак со кој би пренел/а важна порака без да употребиш зборови и објасни што значи.
Домашната задача ќе ни послужи како вовед во следниот час, кога ќе зборуваме за видови комуникација и за јазикот како систем од знаци.
Забелешка: идејата и организацијата на часот се мои, а техничка поддршка ми беше ChatGpt којшто замеша прсти и во подготовката на примерите. 😀
![]() |
Васил Иљоски
|
💬„Бегалка“ (или „Ленче Кумановче“) — драма во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на 20 век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период.
За првпат пиесата била изведена во 1928 година на сцената на Скопскиот театар, на кумановски говор, а потоа набргу била симната од репертоарот и забранета. Повторно, премиерно е прикажана на 15 декември 1936 година, овојпат под наслов „Ленче Кумановче“. До крајот на театарската сезона истата година, претставата била прикажана 12 пати и ја гледале 6.136 гледачи.
Васил Иљоски (Крушево, 20 декември 1902 - Скопје, 1 ноември 1995 ) — македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија.
👉Истражувај за Васил Иљоски ЛИНК
👉Прочитај ја целата драма ЛИНК!
👉Гледај ја драмата на следниов ЛИНК!
💬 „Бегалка“ (позната и како „Ленче Кумановче“) од Васил Иљоски е битово-социјална драма во која ликовите се поделени врз основа на нивниот социјален статус, моралните вредности и ставот кон патријархалните норми.
Централни фигури се младата и пркосна Ленче и младиот занаетчија Бошко, кои се борат за својата љубов спротивставени на конзервативните сфаќања во Куманово од почетокот на 20. век.
![]() |
Драма
|
„Чорбаџи Теодос“ е комедија на интригата што ќе ја подметне итриот Арсо за да го исмее чорбаџијата.
Инспирирана е од анегдотата за присилното кумство.
Темата во драмата е забранетата љубов на двајца млади, а идејата е да се исмее надуениот чорбаџиски свет.
Дејството се случува во Скопје, во турско време.
Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие е развиено во четири етапи:
1. експозиција — семејната атмосфера и прикажување на доминантниот лик;
2. заплет — воведување на конфликтот меѓу Арсо и Теодос;
3. кулминација — подметнувањето на кумството;
4. расплет — ослободување од кумството и дозволата за женидба.
👉 Истражувај за авторот Васил Иљоски! На вториот час, 22.5.2026, претстави се со своја дигитална содржина!
👉Прочитајте на следниов ЛИНК
👉Прочитај ја целата драма „Чорбаџи Теодос“ на следниов ЛИНК
Погледнете ја театарската претстава „Чорбаџи Теодос“ на следниов ЛИНК
👇Да ја составиме сложувалката!
👇👇👇ЗАДАЧА: РЕШИ ГО КВИЗОТ! ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОТПИШИ СЕ!
![]() |
| Драма |
Поделба на литературата по родови ЛИНК
Еден од трите литературни рода е драмата.
Како литературен род, драмата понатаму се дели на драмски видови Драмата е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих.
|
|---|
Ликовите се носители на ДЕЈСТВОТО.
Дијалог – разговор помеѓу два или повеќе лика.
Монолог – ликот зборува сам со себе, не очекува одговор.
|
Елемент на драмата |
Објаснување |
|
Наслов, автор |
Името на драмското дело и името на авторот. |
|
Лица во драмата (ликови) / афиша |
Список на сите ликови кои учествуваат во драмското дејство. |
|
Пролог |
Воведниот дел во кој се кажува времето и местото каде што се одвива дејството. |
|
Чин |
Дел или целина од драмското дело (акт) што претставува тематска и драматуршка целина. Пример: драма во четири чина. |
|
Слика |
Дел од чинот; краток временски дел во кој се заокружува едно дејство на ликовите и се менува местото или ситуацијата. |
|
Сцена |
Дел од приказната што се случува, помал дел од дејството |
|
Појава |
Заокружена целина, дел од сликата, која завршува со влегување на нови ликови во драмското дејство. |
|
Дидаскалии (ремарки, забелешки) |
Упатства што авторот ги дава во загради за читателите, актерите и режисерот. Содржат податоци за времето, сцената, местото, костумите, движењето и сл. |
|
Епилог
|
Завршен дел на драмата во кој се кажува што се случува на крајот од дејството. |
👇ВЕЖБИ:👇
Работа во мали групи
Учениците добиваат драми во кои ги бараат и ги препознаваат елементите на драмски текст- примена на знаењето
ГРУПА 1 — Тепачка
Ситуација: На фудбалското игралиште група деца играат фудбал. Во жарта на играта при еден незгоден удар, Мите го погодува Љупчо во главата. Тој се лути и го удира Мите, по што започнува тепачка. Другите деца притрчуваат, ги одделуваат и кавгата завршува со смирување и извинување.
ЗАДАЧА: Трансформирајте го текстот во драмски внимавајќи на барањата. Имате слобода да менувате, додавате ликови...
Наслов:____________________________________________________
Автор:_____________________________________________________
Афиша/Лица: ______________________________________________
______________________________________________
______________________________________________
______________________________________________
Пролог ____________________________________________________
__________________________________________________________
Чин ___________________
(Дидаскалиите вметнете ги при пишувањето на дијалозите)
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Членови на групата: ______________________________________________________________
ГРУПА 2 — Од семче до шума
Еколошка акција во училиштето. Група деца од седмо одделение се подготвуваат да засадат дрво. Во рацете имаат семки кои треба да ги засадат во училишниот парк. Тие поведуваат разговор за значењето на дрвјата за чистата и здрава средина.
ЗАДАЧА: Трансформирајте го текстот во драмски внимавајќи на барањата. Имате слобода да менувате, додавате ликови...
Наслов:____________________________________________________
Автор:_____________________________________________________
Афиша/Лица: ______________________________________________
______________________________________________
______________________________________________
______________________________________________
Пролог____________________________________________________
__________________________________________________________
Чин ___________________
(Дидаскалиите вметнете ги при пишувањето на дијалозите)
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Членови на групата: ______________________________________________________________
ГРУПА 3 — Тајна порака
Ситуација: За време на големиот одмор, Ана и Марко влегуваат во училницата од седмо б одделение. На клупата каде што седи Ана со молив има напишана порака. На клупата пишуваше...