Приказивање постова са ознаком синтакса. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком синтакса. Прикажи све постове

24. 2. 2015.

Контролна задача од синтакса за осмо одделение


Контролна задача од синтакса за осмо одделение
Ученик:_________________

                                      
Кој знае, не се грижи!
1.Направи синтаксичка анализа на реченицата:

Таа го прочита  писмото и му одговори на пријателот со радост.
а)Каква е реченицата по состав_____________
б)Од колку дел реченици е составена________
в)Кои се тие:
_______________________
_______________________
г)Што се следниве зборови:
прочита _________
Таа__________
Го, писмото________
д)Што се следниве зборови:
одговори ___________
Му, на пријателот__________
со радост______________

2.Ние ја сретнавме Илхана, најубавата девојка во одделението, па ја поздравивме со насмевка.

а)Каква е реченицата по состав_________________
б)Од колку дел- реченици е составена____________
в)Кои се тие:
__________________________________
__________________________________
г)Во првата дел-реченица:
прирок:_________________
подмет:_________________
директен удвоен предмет:_____________________
апозиција:_______________
д)Во втората дел-реченица:
прирок:_____________
подмет:_____________
директен предмет:_____________
предлошки предмет:______________

3.Фудбалерот ја зеде топката и му ја даде на голманот.
(направи синтаксичка анализа)






Забелешка:За секој точен одговор по еден поен

13. 2. 2012.

Синтакса

  💬 Реченицата е основна јазична единица со помош на која комуницираме.

  Основни (главни) реченични членови се прирок и подмет.
Предметот (директен, индиректен и предлошки) и прилошките определби се неопходни реченични членови.
Атрибутот и апозицијата се второстепени реченични членови.
 Реченицата е составена од личноглаголска форма, која врши функција на прирок (основен реченичен член).
Реченица во чиј состав има само еден прирок се вика проста реченица.
Прирокот се согласува со подметот по род, број и лице.
Повеќе од еден прирок во реченицата (два, три) значи дека реченицата по состав е сложена.
Одделните реченици во составот на сложената реченица се викаат дел-реченици.

                               Структура на проста реченица

                                                    Прирок

           подмет    директен   индиректен    предлошки      прилошка
                            предмет      предмет          предмет           определба

                                          атрибут и апозиција 
 Примери:
            Ане пишува.
            Ане пишува писмо.
            Ане го пишува писмото.
            Ане го пошива писмото денес.
            Ане го пишува писмото во работната соба.
            Љубопитната Ане го пишува писмото во татковата работна соба.
            Ане, сестрата на Мими, го пишува писмото.

Ова се примери како расте бројот на реченични членови.

                     Предмет и видови предмет


Членот во реченицата врз кој преминува глаголското дејство се вика предмет.
Во македонскиот литературен јазик има три вида предмет: директен, индиректен и предлошки.
1. Директен предмет

Меле јаде цреши. 
Меле ги јаде црешите.
Глаголското дејство директно преминува врз предметот.
Одговара на прашања: што? (за предмети) и кого? (за лица).


2. Индиректен предмет 


Му донесов подарок на Симе.
Им реков на пријателите.
Со предметот се именува оној на кого му е наменето дејството.
Одговара на прашањата: на кого? и кому? 

3. Предлошки предмет

Јас пишувам со пенкало.
Зборува за проблемите. 
Предметот се поврзува со предметот со помош на предлог. 
Одговара на прашањата: кого? и што? + предлогот во реченицата.

                  Удвојување на директниот и индиректниот предмет

Една од најважните карактеристики на македонскиот јазик е удвојувањето на предметот.
Удвојувањето се врши на тој начин што со зборовите кои вршат функција на директен и индиректен предмет се употребуваат и кратките форми на личните заменки и повратната заменка.
Долги и кратки заменски форми се:
 еднина                                            множина
1л. Јас: мене, ме; мене, ми        1л. Ние: нас, нè; нам, ни

2л. Ти: тебе, те; тебе, ти             2л. Вие: вас, ве; вам, ви
3л. Тој: него, го; нему, му          3л. Тие: нив, ги; ним, им
      Таа: неа, ја; нејзе, ѝ
      Тоа: него, го; нему, му
Повратна заменка: себе(си), се; себе(си), си 

 со црно-директен предмет; со сино-индиректен предмет
 

1.Удвојување на директниот предмет
Директниот предмет се удвојува во следниве случаи:
-со долгите форми од личните заменки, како и од повратната заменка:
Пр. Мене ме избраа за претседател на одделението.

     Јас ги поканив нив на мојот роденден.
     Себеси се обвинуваше во врска со новонастанатата ситуација.
-со членувани именки или именски групи:
Пр. Го отворија писмото и ја прочитаа пораката. 
     Немам зборови да го искажам моето пријатно изненадување.

-со показни заменки, кои можат да се јават и со именки:
Пр. Јас ова потоа го слушнав.
     За вас ја кревам оваа чаша.
-со лични и географски имиња:
Пр. Во паркот ја видов Симона.
       Мајсторот  го напушти Велгошти.
- со односни заменки:
Пр. Детето спиеше под ќебето што успеало да  го повлече.