Стилска фигура дадена во вид на прашање, претпоставка, негирање на прашањето и точен одговор.
Оваа стилска фигура е присутна во многу песни
од македонската народна литература, но ја има и во уметничката.
Да ги разгледаме етапите на словенската антитеза преку песната Ропство од Коле Неделковски.
1. Прашање
-
Дејди, моја мила мајко,
од кај иде силен екот
дење-ноќе век ќе крене
мира, мајко, не ми дава?
2. Претпоставка
Дали негде огин гори,
та сред огин змии пиштат,
ели, мајко, веди
трештат,
та се пуста земја
тресе.
3. Негирање
-Нити, синко огин
гори,
Ни сред огин змии
пиштат:
Нити веди, синко
трештат,
Ни се пуста земја
тресе,
4. Одговор
Туку синко,
полошо е
и од огин и од
вода:
врие, чедо тиран
гладен
низ нашата црна
земја
- Да ја погледнеме словенската антитеза во поемата „Сердарот“ од Григор Прличев
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој….