16. 8. 2012.

Броеви

Броевите се зборови со кои се означува количество.
Разликуваме броеви за точна (определена ) бројност и за приближна бројност.
Определена бројност-количеството е точно избројано(два, три, сто...).
Приближна бројност-количеството е приближно избројано (два-три, стотина, седум-осум...).
Броевите се количествен признак на именките и немаат посебни граматички значења, освен за определеноста (со член или без член).
Бројот еден има форми за сите три рода (еден една едно), а образува и множина (едни) која има значење на заменка.
Бројот два оди со именки од машки род , а формата две со именки од женски и среден род (две девојки, две деца).
Броевите по состав се делат на прости и сложени.
Прости броеви се броевите од еден до десет, а и бројот сто.
Во простите броеви се и нула, илјада, милион, милијарда, билион и сл., но тоа се именки со бројно значење (бидејќи имаат род, еднина и множина).
Сложените броеви се составени од еден збор (триесет) или нод повеќе зборови (три илјади триесет и пет).
Сложените броеви се образуваат на два начина:
1. Од десет до деветнаесет со предлогот на, кој стои меѓу десетката и единечниот број: единаесет, дванаесет, тринаесет, четиринаесет, петнаесет...
2. Од дваесет па натаму со сврзникот и,кој стои меѓу претпоследниот и последниот број од изразот: дваесет и осум, триесет и пет, четириесет и четири, осумстотини триесет и четири, две илјади триста шеесет и девет...
3. Кај десетките и стотките со директно додавање: седумдесет, осумдесет, деведесет,
шестотини, осумстотини...
Бројни форми за лица од машки род
Кога имаме определена бројност на лица од машки род, или група во која барем едно лице е од машки род се користат форми со суфиксите-ица,-ина и -мина(двајца,тројца,четворица,
петмина,стомина,осуммина).
Броевите кои искажуваат приближна бројност се образуваат на два начина:
1.Со поврзување на два последователни броја (седум-осум,пет-шестотини);
2.Со суфиксот -ина (десетина, педесетина, стотина).

Дадов три гола!!





7. 8. 2012.

Придавки

Придавките именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите.
Пр.чиста маса, мала куќа, црно маче, убава девојка, училиштен двор итн.
придавките се во тесна врска со именките и најчесто се употребуваат со нив. Придавките ги имаат истите граматички категории како именките(род, број, определеност). Таа се согласува со именката по однос на овие категории.
Пр.висок човек-еднина, машки род, неопределена; високи луѓе-множина
или високиот човек-определена придавка;
      висока жена-еднина, женски род, неопределена; високи жени-множина
или високата жена-определена придавка;
      високо дете- еднина, среден род, неопределена;високи деца-множина
или високото дете-определена придавка.
Според значењето придавките се делат на :описни(квалитативни), односни(релативни), бројни и заменски.
Описни придавки-означуваат својства на предметите што произлегуваат од нив, од нивното внатрешно својство.Со нив се опишуваат предметите и појавите.одговараат на прашањето каков е некој и нешто.
примери:долг, мал, широк, дебел, ситен, висок, голем;
                благ, лут, кисел, горчлив, солен;
                мазен, кршлив, тврд, мек;
                зелен, бел, црн, црвен;
                љубезен, мрзелив, храбар, паметен.
Односни придавки-означуваат карактеристика на предметот од односот со некој друг предмет.
Поделени се на материјални придавки(дрвен, железен, стаклен, сламен, волнен, хартиен)и присвојни придавки(градски, селски, работнички, дедов, татков).
Бројни придавки-однос на некои предмети по ред и се образуваат од броеви.
примери:втор, петти, двоен, трети, стоти)
Заменски придавки-се образуваат од заменки и се делат на:присвојни(мој, твој, наш, нивни),
количествени(толкав онолкав), квалитативни(таков, ваков), прашални(каков, колкав), општи
(секаков), неопределени(некаков).
Степенување на придавките
Описните придавки се степенуваат (може да имаат различен степен на особеноста)
пр.висок-повисок-највисок
Описните придавки имаат две форми за степен:компаратив(по-)и суперлатив
(нај-),наспрема основната форма-позитив.
вкусна( торта)-позитив
повкусна(торта)-компаратив
највкусна (торта)суперлатив.
За да се степенува мора да има повеќе од еден предмет.
Прекрасна девојка
Играм интересна игра!
        

6. 8. 2012.

Сложени глаголски форми;Можен начин,има-конструкција,сум конструкција

Можен начин
Можниот начин искажува можно или посакувано дејство.
За сите три лица има една форма за еднина и множина.
еднина(јас,ти,тој) би читал,-ла,-ло
множина(ние ,вие,тие) би читале
Од свршените глаголи се употребува свршената л-форма,а од несвршените глаголи-несвршената.
Не може да се каже,ти би викнел,туку:ти би викнал
Би лежел цел ден!
                           
Има-конструкција
Сложена глаголска форма образувана од помошниот глагол има/нема и глаголската придавка во среден род се вика има-конструкција:имам читано,имав читано,сум имал читано,ќе имам читано,ќе имав читано,ќе сум имал читано,би имал читано.
Во овие форми се менува само помошниот глагол има/нема,а глаголската придавка секогаш се наоѓа во среден род.
Имам смислено добар потег.
                                                     
Сум-конструкција
Сложена глаголска форма со сум и глаголска придавка(од преодни или непреодни глаголи се вика сум-конструкција:сум присутен,бев присутен,сум бил присутен,ќе сум присутен,ќе бев присутен,ќе сум бил присутен,би бил присутен.
Значењето на сум конструкциите е резултат од вршење на дејство или состојба,која произлегува од претходно дејство.

Јас ќе сум присутен на натпреварот.
                                                           

Сложени глаголски форми;Идно прекажано време

Идното прекажано време искажува значења што ги има идното и минатото-идно време со прекажување(Ние ќе сме оделе на кино со другарите).
Се образува со честичката ќе и минато неопределено време.

чита
еднина                                      множина
1л.ќе сум читал                          1л.ќе сме читале
2л.ќе си читал                            2л.ќе сте читале
3л.ќе читал                                 3л.ќе читале
Одречните форми се образуваат со честичката не(не ќе сум читал) или со глаголот нема + да-конструкцијата(немало да читам).

Таа ќе вежбала напорно.
                                                   

1. 8. 2012.

Сложени глаголски форми;Минато-идно време

Минато-идно време
Минато -идно време означува идност која следи по некој минат момент.
Според моментот на зборувањето е минато,а идно во однос на некое друго минато дејство,зашто се случува по него.
Се образува со честичката ќе и минато определено несвршено време од глаголот(свршен или несвршен).
чита
еднина                       множина
1л.ќе читав                  1л.ќе читавме
2л.ќе читаше                2л.ќе читавте
3л.ќе читаше                3л.ќе читаа

прочита
еднина                        множина
1л.ќе прочитав             1л.ќе прочитавме
2л.ќе прочиташе           2л.ќе прочитавте
3л.ќе прочиташе           3л.ќе прочитаа





Ќе полевав цвеќиња цел ден.









Сложени глаголски форми;Идно време

Идно време
Идното време означува дејство кое се врши или извршува по моментот на зборувањето.
Се образува со честичката ќе и формите за сегашно време на глаголот што се менува.
чита
еднина                                   множина
1л.ќе читам                             1л.ќе читаме
2л.ќе читаш                             2л.ќе читате
3л.ќе чита                                3л.ќе читаат

носи
еднина                                   множина
1л.ќе носам                             1л.ќе носиме
2л.ќе носиш                             2л.ќе носите
3л.ќе носи                                3л.ќе носат

плете
еднина                                    множина
1л.ќе плетам                             1л.ќе плетеме      
2л.ќе плетеш                             2л.ќе плетете
3л.ќе плете                                3л.ќе плетат

Ќе јадам јагоди.



               

Сложени глаголски форми;Предминато време

Предминато време
Основното значење на ова време  е дејство што се случило пред друго дејство во минатото.
Се образува од глаголот сум во минато определено несвршено време и глаголската л-форма,најчесто од свршен глагол.
сум во минато определено несвршено време
еднина                 множина
1л.бев                     1л.бевме
2л.беше                   2л.бевте
3л.беше                   3л.беа

прочита 
еднина                               множина
1л.бев прочитал                  1л.бевме прочитале
2л.беше прочитал                2л.бевте прочитале
3л.беше прочитал                3л.беа прочитале

Кога и` ја дадов книгата,таа беше ја прочитала.
Предминатото време во нашиот јазик се истиснува од минатото определено и неопределено време и конструкциите со глаголска придавка.


Успеав!!