23. 11. 2016.

Пишуваме фантастични раскази

                             
                                      

               Посета на друга планета
         Јас сум истражувачот Елдина. Треба да одам на планетата Хермија за едно истражување.   
       Дојде денот за патување. Влегов  во една голема и жолта ракета. За десетина часа бев таму.
   Глетката пред мене беше прекрасна. Слетав со ракетата на една ливада со виолетова боја. Навистина беше волшебно. Реките беа портокалови, а цвеќињата беа обоени во разни бои. Во близина на пистата на која слетав се наоѓаше малечко гратче. Еден вонземјанин по име Хик ме пречека и љубезно ме поздрави. Со неговиот вселенски автомобил ме однесе кај него дома. Тоа беше необично летало со пет тркала што испуштаа невообичаена светлина, а секое движење беше придружено со некој необичен, а пријатен звук.
    Во неговиот дом веќе стигнале неколку негови пријатели. На трпезата се наоѓаше нивното традиционално јадење-ѕвездата. Навистина, се чувствував прекрасно со новите пријатели.
     Градот беше интересен бидејќи и животните зборуваа. Нивната традиционална игра беше танцот со маски околу оган. Секоја минута помината на Хермија за мене беше возбудлива.
     Времето брзо помина и јас морав да се вратам дома. Хик, мојот нов пријател ми подари маска, а јас го поканив да дојде на Земјата. Истражувањето заврши успешно, а Земјата си доби уште еден верен сојузник.
                               -Елдина Османоска   VI 1 одделение 
                           
   
Елдина на друга планета :-)



                      Средба со суштество од друга планета 
     Беше сјајно утро. Забележав необична светлина. Брзо се облеков и излегов надвор. Пред мене имаше необична глетка.
    Вселенско летало, а пред него едно зелено суштество. Бев вкочанета, ама повеќе љубопитна. Му се приближив и го поздравив. Јас бев исплашена, мислев дека ќе ме нападне. Суштеството беше пријателски расположено и ми отпоздрави. Така започна нашето пријателство. Го поканив дома. Јас бев многу среќна. Моето ново пријателче се викаше Кик, од планетата Викомисија. Ми раскажуваше за неговата татковина многу интересни нешта. 
      Го однесов во музеј. Многу беше зачуден од  препарираните животни. Гледаше со интерес на сите страни.
       Учевме и географија за мојот тест. Глобусот му беше  вистинско чудо. Вртеше околу него постојано прашувајќи ме за тоа што го гледа. Го запознав со мојата најдобра пријателка, Елдина.
       Тројцата го разгледавме неговото вселенско летало. Беше огромно со многу копчиња и светла во внатрешноста. Од сите волшебни предмети, најмногу ми се допадна метлата. 
        Дојде ноќта. Кик требашеда си оди. За спомен му го подарив глобусот, а тој мене, метлата. Ми вети дека ќе дојде со миленичето, а и мене ќе ме земе на неговата планета.

                              -Есма Рамадани  VI 1 одделение

                           
 
Есма го запозна Кик



                                    Посета на друга планета


     Едно убаво, пролетно утро се разбудив и како и обично го отворив прозорецот од мојата соба. Во тој момент, почувствував како некоја сила ме влече нагоре. Со голема брзина и за кратко време се најдов на некоја непозната планета сосема различна од Земјата. 
    Се најдов на многу чудна планета на која имаше многу куќарки. Една врата се отвори и јас здогледав необично суштество кое излезе од една од куќарките. Двајцата исплашено се погледнавме.
 - Не плаши се! А, дали јас треба да се плашам од тебе?
 Тоа ненадејно ја отоври вратата и извика:
 - Не, никако! Дојди, влези во мојот дом.
Се ослободив и со внимателност влегов внатре. Се зачудив. Куќата беше од чоколада, а прозорците од смрзнат сок. Ние седнавме на столчињата и тој почна да ми раскажува за големат куќа на нивната кралица.
 -Лоша ли е? -го прашав.
 - Не, таа е најдобрата кралица-воодушевено ми одговори.
   Во тој момент, некој затропа на вратата. Тоа беше Џокси, најдобриот другар на Џипси. 
   Поминавме прекрасно време заедно. Цел ден игравме, јадевме, пиевме и се забавувавме. Ми подарија сувенир за спомен. јас им ветив дека ќе ги чекам на мојата планета и ќе им покажам многу нови нешта. Вечерта дојде добрата самовила, ме зеде и со помош на нејзината магија ме врати во мојот дом. 
   Оваа посета ќе ја паметам и ќе ги чекам моите нови другарчиања да ми дојдат на посета. 
                             -Анастасија Стефаноска VI одделение
                                                      
Анастасија

                                    Посета на друга планета
    Еден сончев ден во мојата градина дојде едно девојче по име Емили. Таа доаѓаше од планетата Чоколадијана. Беше многу необична во нејзиниот фустан од бонбони и жолта долга коса.
 - Дали сакаш да ја посетиш мојата планета?- ме праша девојчето.
Малку  се замислив, се исплашив, но љубопитноста победи и јас се согласив да одам со Емили.
 Со тркалезното вселенско летало ме однесе на Чоколадијана. Името одговараше на описот на планетата. Сѐ беше од чоколада. Куќите од темна чоколада, покривите од чоколадни бисквити, а прозорците од чоколадни лижавчиња. Пиеја чоколаден сок, а се шетаа облечени во чоколадни чевлички.
Девојчето ми донесе едне фустан од бонбони, а косата ми ја сплете со слатки. Навистина, изгледав необично. Ние шетавме по ливадите од сладолед, а скинавме и цвеќиња направени од лижавчиња.
 - Имаш ли другари?- ја прашав.
 -Да, секако!- ми одговори.
 Времето брзо леташе и јас морав да заминам. Необична светлина ме обви, ме подигна и за миг ме пренесе на мојата планета, во градината. 
 Шареното фустанче од бонбони ми остана како спомен од девојчето Емили.

                                       -Сунчица Бадалоска VI одделение
                                                 
Сунчица
                                 Посета на друга планета

      Јас имам шарена ракета. Со неа патувам низ Вселената и посетувам нови планети.
Еден убав ден од летото ја посетив планетата Овошје. Прекрасна авантура што ќе ја паметам.
    Тревата беше од банани, на реката имаше мост од јагоди,а наместо вода течеше чоколаден прелив. Куќите беа иградени од парчиња торта, а покривите од црвени лижавчиња. Додека љубопитно разгледував наоколу, пред мене се појави едно суштество со цврста розова коса, четири очи, пет раце и шест нозе. Ми се приближи.
 - Здраво, добредојде! дали си гладна?
 - Да, секако! Патот до овде ме измори и огладне.
Ме одведе на едно прекрасно место. Беше преубаво! Јадевме, се забавувавме, а научив и многу нови работи за жителите на планетата Овошје.
Ноќта брзо дојде и јас морав да се вратам назад. Им ја подарив мојата топка и им ветив дека следниот пат же им покажам како се игра фудбал. 
    Оваа посета  беше една од моите најинтересни авантури низ Вселената.

                                      - Евгенија Топузоска  VI одделение
                                                   
Евгенија

6. 11. 2016.

Наши лични творби

         Во овој период вредно работевме, творевме, пишувајќи стихови.
Нашите стихови немаат некој врвен уметнички дострел, ами се пример како  може да се распоредат римите во стиховите, во една строфа со четири стиха.
Целта ни беше да научиме за паралелна, вкрстена и обгрлена рима.

Некои од нашите лични творби ги објавуваме овде, на Роземак.
1. Паралелна рима
Есенска слика

Есенска почна бајка
благородна наша мајка
мирисна, разнобојна мила
облечена во жолта свила.

- Љупчо   

Есенска слика
Сончевото лето пројде,
златната есен брзо си дојде.
Дожд знае да заврне силно, 
а Сончко понекогаш да огрее милно. 

- Мухамиде
                             

Есенска слика
Јато птици заминуваат и пеат,
а дрвјата златни листови сеат.
Крај езерото бистро седам,
есенски убавини гледам. 
- Наумче 

Есенска слика

Есента е најубав сон,
го знаеме нејзиниот ѕвон.
Есента е птица во лет,
се вгнездува во нашиот свет.
-Тамара  

2. Вкрстена рима

    Падна и последниот цвет
    реките немирно мрморат
    пчелите го чуваат својот мед,
    а славејчињата неразбирливо црцорат.
            -Давид 

   За убавото топло лето,
   птиците преселници жалат.
   Есента дојде, време е свето,
   лисја златни земјата ја галат.
          - Амела 

Јаболка, круши и разни есенски родови,
студени ветрови надвор силно вијат.
Од дрвјата паѓаат зрелите плодови ,
 а птиците си заминуваат и кријат. 
  -Ремзије

3. Обгрлена( гушната) рима  

Мојата мајка е многу мила
нејзиното срце е замок без крај.
Мајчините очи светат со небесен сјај,
а лицето и е нежно како  свила.
                  -Ремзије

Дојде есента драга и мила
пожолте нашиот крај
се` блеска со златен сјај.
Есента е вистинска самовила

   -Наталија
                                         

   Со другарот делиш многу тајни
   си веруваш и подаваш рака
   тука си секогаш во мака
   другар си за времиња бескрајни. 

      -Тамара 

17. 4. 2016.

Пишување драмски текст и исказ на лик-вежби за осмо одделение

Пред вас се неколку кратки текстови што треба да ги прочитате. Тие ќе ви ја дадат темата на вашата вежба.

                           ГРУПА 1 — Тепачка 

Ситуација: На фудбалското игралиште група деца играат фудбал. Во жарта на играта при еден незгоден удар, Едип го погодува Љупчо во главата. Тој се лути и го удира Едип, по што започнува тепачка. Другите деца притрчуваат, ги одделуваат и кавгата завршува со помирување и извинување.

ЗАДАЧА: Трансформирајте го текстот во драмски пишувајќи исказ на лик. Имате слобода да менувате, додавате ликови...
 


ГРУПА 2 и 4 — Од семче до шума

Ситуација: Еколошка акција во училиштето. Група деца од осмо одделение се подготвуваат да засадат дрво. Во рацете имаат семки кои треба да ги засадат во училишниот парк. Тие поведуваат разговор за значењето  на дрвјата за чистата и здрава средина.
ЗАДАЧА: Трансформирајте го текстот во драмски пишувајќи исказ на лик. Имате слобода да менувате, додавате ликови...




ГРУПА 3  Запознавање и дружење


Група 3– Запознавање и дружење/МИО
Ситуација: Средба со децата од Делогожда, нашето партнер училиште во проектот МИО. Децата влегуваат во училишниот двор, а домаќините се тука за да ги пречекаат.  Доаѓа до првото запознавање. Организирани се спортски натпревари и пригодна програма.
ЗАДАЧА: Трансформирајте го текстот во драмски пишувајќи исказ на лик. Имате слобода да менувате, додавате ликови...


     Во прилог и дел од сложувалките што учениците ги составуваа на часот.



 

Во прилог следува организацијата на часот :-)


     ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ

Активности на наставникот Активности на ученикот
-Наставникот формира групи по следниве критериуми:
*солидни ученици;
*ученици кои послабо напредуваат;
*ученици кои писмено добро се изразуваат;
*ученици кои имаат талент за глума.
-На почетокот на часот добиваат грозд што треба да се пополни по принцип на вртелешка: утврдување знаење за поделба на литературата на родови и особености/
посебна за драма; 5 мин.
_____________________________________
добиваат задача да состават сложувалка преку која ќе ја откријат темата за нивната работа;
-добиваат и сложувалка-танграм која ќе ја сложат додека работат во група; 5 мин.
_____________________________________
-Посочува и дава упатства за работа:
1 група:/ЕКО
-добива наставен лист
-работат на тема:,,Од семче до шума“;
-пишуваат исказ на лик-пиеска;
2 група./ненасилство
-работат на тема:„ Тепачка меѓу ученици“
3.група: /МИО
-работат на тема:„Запознавање на деца“
-добиваат наставен лист во кој пишуваат;
-наставникот советува, надгледува како се работи во групите, за подоцна запише мислење за групите;
______________________________________
-се чита текстот по улоги и се анализира;
-се дискутира и избира најдобар текст;
-наставникот си оценува во листот за оценување група;(одложно)
______________________________________
Забелешка: Драматизација на „Мајката и мрзливите ќерки“
----------------------------------------------------------
Домашна задача: да напишат исказ на лик/слободна тема
-Слушаат упатства за работа на часот;
- се групираат по насоките на наставникот;
-добиваат грозд што го пополнуваат по принцип на вртелешка; 5 мин.
______________________________________
-на Роземак ја составуваат сложувалката преку која ќе ја откријат темата за нивната работа;
-додека работат во група ја составуваат сложувалката-танграм; 5 мин.
_____________________________________
-Групите ги добиваат своите задолженија преку кои треба да ги покажат своите знаења за пишување драмски текст и исказ на лик како и своите способности за драматизација;
-поделени во групи пишуваат драмски текст и исказ на лик;
-работат на тема:,,Од семче до шума“
„Тепачка меѓу ученици“
„Запознавање на деца“

-ако има нешто нејасно, прашуваат и бараат помош;
______________________________________
-по завршувањето на активноста со фрлање коцка се одредува која група прва ќе се претстави;
-се чита по улоги;
-се дискутира,се вреднува;
-учениците сами се оценуваат со семафор:зелено картонче ако сметаат дека целосно успешно ја завршиле задачата, жолто ако не се сигурни дека целосно ја завршиле задачата и црвено ако сметаат дека не ја завршиле задачата. 15-20 мин
-драматизација на текст со цел да се види како на сцена функционираат особеностите на драмата. 10 мин
----------------------------------------------------------
ЦЕЛ: примена на знаење за исказ на лик

Следење ученици:
Мислење на наставникот: