Раскажувачот започнува да раскажува за времето кога имал шест години и кога видел цртеж на змијата боа како голта еден шумски ѕвер. Восхитен од цртежот, црта свој цртеж, змија со голема испакнатина. Воодушевен од своето дело, им го покажува на возрасните, прашувајќи ги дали се плашат. Останува зачуден затоа што сите му го даваат следниот одговор:
„А зошто да ни е страв од една шапка?“
Неговата детска слика го претставувала змискиот цар кој проголтал слон. Сакајќи да им ја покаже суштината на возрасните, во средината на змијата нацртал слон. Безуспешно! Сите го убедувале дека не треба да црта, туку треба да се занимава со географија, историја, математика или граматика.
На крај, станал пилот. Летал насекаде по светот. Од време на време ќе запознаел некој соговорник за кого мислел дека е мудар и ќе му го покажел истиот цртеж. Секогаш добивал одговор дека на сликата има шешир. Разочарано се откажувал од разговор со таа личност и започнувал разговор за голф, политика и др. Така, на крајот сите биле задоволни.
|
Змијата голтнала слон |
Глава IIРаскажувачот живеел сам и на едно од неговите патувања, авионот се расипал и се срушил во пустината Сахара. Вода имал само за осум дена. Првата ноќ ја поминал спиејќи на песокот. Во еден момент го рабудил глас кој побарал од него да му нацрта овца. Пилотот не можел да им поверува на своите очи. На сред пустина, илјадници километри оддалечен од населено место, сретнува едно момче кое изгледа сосем нормално. Пилотот го нацртал слонот заробен во змискиот цар. Неверојатно! Малото момче побарало од пилотот овца, а не слон заробен во змија. Пилотот нацртал неколку овци кои не му се допаднале на момчето. За првата рекол дека е болна, за втората дека е овен, третата престара...
Пилотот лут и нервозен, му нацртал кутија и му рекол дека овцата е внатре. Момчето се насмевнало и рекло:
─ Е, токму тоа го сакав! Што мислиш, ќе ѝ треба ли многу трева на овцата?
Ова неверојатно момче со бујна фантазија е всушност малиот принц.
|
Малиот принц |
Глава IIIМалиот принц постојано поставува прашања, а раскажувачот, збунет не може да открие од каде доаѓа принцот. Кога момчето го прашува за авионот, пилотот му одговара дека паднал од небото, по што тој се насмевнува и кажува дека и тој паднал од небото.
Малиот принц е таинствен во одговорот од каде доаѓа. Концентрирано и со задоволство ја гледа нацртаната овца во кутијата.
Глава IV
Раскажувачот сфаќа дека планетата на малиот принц е мала и претпоставува дека е тоа астероидот Б612. Возрасните се грижат за броевите и со нив дефинираат сè Кој колку години има, килограми или колку пари заработува, а не нешта кои се многу поважни.
„Тие никогаш не ви велат: „Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги претпочита? Дали е колекционер на пеперутки?“
Сакајќи да го запомне својот мал пријател, пилотот го црта. Не е убаво да се заборави пријател.
Глава V
Третиот ден од средбата, тие разговараат за растенијата. Пилотот дознава дека на малата планета има корисни и штетни растенија. Двајцата разговараат за големото дрво баобаб за кое е важно да се каже дека кога почнува да расте е малечко.
„Кога наутро ќе се измиеш и дотераш, треба грижливо да ја средиш планетата.“
Малиот принц објаснува дека е важно да се исчисти планетата од големите баобаби бидејќи кога ќе пораснат, тие ќе ја уништат неговата мала планета.
Пилотот црта цртеж како опомена за опасноста од големите дрвја.
|
Баобаб |
Глава VIМалиот принц кажува дека ги сака зајдисонцата. На неговата мала планета може да ги гледа постојано со едно обично поместување на столот.
Успеал да види 44 зајдисонца.
„Знаеш... кога сме тажни го сакаме залезот...“
Колку бил тажен принцот дента кога видел 44 зајдисонца?
|
Тажен ли е принцот? |
Глава VIIНа петтиот ден од нивната средба, раскажувачот ја открива тајната на животот на малиот принц. Разговорот започнува околу трњето и цвеќињата.
„Цвеќињата се нежни и наивни. Тие се обезбедуваат како што можат. И мислат дека се страшни со нивните трње...“
Малиот принц е загрижен затоа што овцата би можела да го изеде неговиот цвет кој е сам меѓу милиони цветови. Плачот на момчето, пилотот мора да го смирува со ветување дека ќе му нацрта оклоп на цветот за да не може овцата да го изеде.
Глава VIII
Пилотот открива како цвеќето дошло на малата планета. Нешто го донесло, можеби ветерот, и од семе, изникнало необично растение кое било многу нежно и барало од принцот да го чува под стаклено ѕвоно, да го залева...
Прекрасниот цвет мирисал убаво, а малиот принц вели дека не уживал во тоа: „Но јас бев премногу млад за да го сакам.“
Глава IX
Принцот зборува за неговото бегство од планетата. Ја средил планетата, го полеал цветот и го поклопил со стакленото ѕвоно. Тажниот цвет му се обратил:
„О, да, јас те сакам. Моја е грешката што ти ништо не си знаел за тоа. Тоа не е важно... Потруди се да бидеш среќен. Остави го стакленото ѕвоно. Не ми треба повеќе.“
Цветот бил горделив, не сакал принцот да го види како плаче.
Глава X
Принцот започнал да ги посетува планетите барајќи некаква работа, а имал желба да научи нешто. На првата го нашол кралот кој седел на едноставен, но величествен престол. Кралот сакал да му наредува на принцот, но тој бил многу уморен и постојано се проѕевал.
Принцот си заминал чудејќи се на однесувањето на кралот кој бил единствен жител на таа планета.
„Возрасните се навистина чудни - рече принцот“
Глава XI
Посета на планетата каде живеел вообразениот кој поздравувал со својот чуден шешир.
Глава XII
Посета на планетата каде живеел пијаницата кој се срамел затоа што пиел.
Глава XIII
На следната планета го запознал бизнисменот кој постојано броел и пресметувал. Ги броел ѕвездите и му објаснил „како функционираат нештата“ и што значи да поседуваш нешто. Малиот принц е зачуден од размислувањата на возрасните.
Глава XIV
Го сретнал фенерџијата кој го палел и гаснел фенерот. Принцот заклучил дека тој има покорисна работа од другите, ги носи денот и ноќта.
Глава XV
Средбата со географот многу го растажила. Географот забележувал мориња, океани, планини, но не истражувал сам, тоа за него го правеле пронаоѓачите. Тој побарал од принцот да му ја опише малата планета за да забележи сè. Момчето многу се растажило откако географот не сакал да го запише неговиот цвет „бидејќи цвеќињата се привремени“. Малиот принц се исплашил од исчезнувањето на неговата роза.
Глава XVI
По препорака на географот, малиот принц се упатил на Земјата на која има многу луѓе и на која пред пронаоѓањето на електричната енергија имало многу фенерџии.
Глава XVII
На Земјата прво ја сретнал змијата. „А, каде се луѓето? Се чувствувам малку осамен во пустинава... - Може да се чувствуваш осамен и меѓу луѓето, рекла змијата.“ Змијата е моќна и таа може да го врати назад од каде што дошол.
Глава XVIII
Поминувајќи преку пустината малиот принц сретнал еден осамен цвет. Барајќи ги луѓето, тој му одговорил дека видел некој караван со луѓе пред неколку години.
„Ветрот ги носи. Тие немаат корења и тоа им создава тешкотии.“
Глава XIX
Одејќи се качил на една висока планина. Се разочарал бидејќи не видел ништо, но сепак поздравил. Му се вратило само ехо. Се разочарал.
„И луѓето немаат фантазија. Тие го повторуваат она што ќе им се каже.“
Глава XX
Во една градина со рози видел илјадници рози. Се разочарал бидејќи сите изгледале како неговата роза.
Глава XXI
Малиот принц ја сретнал лисицата. Тој сакал да си игра со неа, но таа му објаснила дека не може да игра со него бидејќи не е припитомена и дека е како тие илјадници рози кои тој ги видел. Му објаснила на момчето како се создаваат вистински врски и пријателства.
„Ти за мене си сė уште само едно мало детенце слично на стотина илјади деца. И јас немам потреба од тебе, како што ти немаш потреба од мене. Бидејќи и јас за тебе сум слична на стотина илјади лисици. Но, ако ти ме припитомиш, ние ќе имаме потреба еден од друг. Ти за мене ќе бидеш единствен на светот. И јас за тебе ќе бидам единствена на светот...“
Малиот принц ѝ објаснил на лисицата дека е припитомен и дека на својата планета има една роза која тоа го направила. Лисицата е упорна, досадно ѝ е, живее монотоно и постојано брка кокошки. На изговорот дека тој ги бара луѓето, лисицата вели дека тие немаат време за ништо, дека купуваат кај трговците, па можеби таму ќе си најдат пријатели ако се продаваат.
Принцот ќе ја припитоми лисицата, но ќе мора да продолжи.
„Еве ја мојата тајна. Таа е многу едноставна: само со срцето можеме добро да видиме. Најважното е невидливо за очите.“
|
Малиот принц и лисицата |
Глава XXII