29. 12. 2022.

Новогодишни честитки, 2022/2023 година

 Последниот час од 2022 година ни беше резервиран за изработка на новогодишни честитки.

Седмоодделенците изработија многу интересни честитки на кои ги напишаа своите имиња.

                       Нека нè следат среќа, здравје и успех! Среќна Нова 2023 година!

































16. 11. 2022.

Говор во филмот-домашна задача на учениците

💬     Малку задоцнето, но не заборавено. По часот од Медиумска култура: Говор во филмот, учениците истражуваа за Милтон и Јанаки Манаки и за Браќата Лимиер. Некои ученици пишуваа во своите тетратки, а некои изработија презентации. Подолу може да видите дел од презентациите прикажани како видеа. Браво, ученици!

                                                       

Катерина Русевска









27. 10. 2022.

Кочо Рацин - поет на болката и љубовта

 


„Болка боли – болка гори
болка пече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети!“
 - Елегии за тебе 
 

💬    По повод 55. Детски Рацинови средби, подготвивме мултимедијален проект посветен на Кочо Рацин - поет на болката и љубовта. 
Нашата е-книга е изработена во Book Creator  и содржи слики, текст, видеа, линкувани содржини, сложувалка, квиз, кодирана анимација. Се обидовме да бидеме концизни и јасни, а сепак креативни. Сè што не можевме да поставиме во книгата, ќе го напишеме овде, на нашиот Роземак.
 
 Кочо Рацин-поет на болката и љубовта
 
 
Слики од нашата работа👇
Нашата литературна дружина го носи името на Кочо Рацин








 
💬„Бели мугри“-Кочо Рацин
    Во мозаикот на македонски литературни великани посебно место зазема Кочо Рацин. Овој македонски книжевник и социјалистички деец се смета за основоположник на современата македонска книжевност. Тој пишувал проза, но се занимавал и со историја, филозофија и книжевна критика. Со перо на префинет мајстор вешто и  најдобро творел поезија.
    Во дрвеното резбано и вредно ковчеже на македонските поетски бисери, значајно место има Рациновата стихозбирка „Бели мугри“, 1939, Самобор.
„Јазикот - тоа е голема сила на народот, на нацијата. Да му го земеш јазикот, тоа значи да му ја земеш душата...“
     Овие негови мисли провејуваат од секој негов стих во збирката. Роден во сиромашно грнчарско семејство, свесен за експлоатацијата на обичниот човек, работникот, тутуноберачот, аргатот, тој ќе пишува стихови со социјални и револуционерни теми.
    Насловот на стихозбирката е симболичен - работниците, аргатите посакуваат нов ден, ново утро, нов почеток и живот во кој сите се еднакви. Низ ѓерданот од поетски бисери посебно место заземаат: „Денови“, „Ленка“, „Копачите“, „Тутуноберачите“ и др. Емотивно и длабоко пее и за пропаднатите занаети во циклусот „На Струга дуќан да имам“:
Аргатските денови се како ѓердан од камења кои постојано висат на вратот од аргатот. Елегични чувства за македонското страдање се искажани во песната „Денови“. Наутро деновите започнуваат со надеж, а завршуваат со тага и очај. Метафората „живот кучешки“ реално ја опишува аргатската безнадежност. Тие не се слободни луѓе, туку робови на експлоататорите и не можат да се прехранат „за себе само 'ргај си/за себе маки тргај си“.
     Песната завршува со безизлез. Страдањето е постојано, а тие ќе го нижат ѓерданот од тешки денови.
 „Нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!“
    Антологиска е и елегијата „Ленка“. Убавата Ленка е принудена да ја остави подготовката на свадбените дарови и поради сиромаштијата оди да работи во монополот. Нежна и слаба е Ленка, се менува во ликот и се разболува. Крикот во вториот дел искажува револт. Ленка не треба да работи, тутунот е отров кој ќе биде кобен за неа. Трагедијата е неизбежна. Градацијата во следните стихови:
„Прва година помина
грутка в срце и легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.“
ја претставува нејзината трагедија. Соништата на Ленка се неостварени: да се омажи и да има семејство.
    Повикот за борба против тешкиот аргатски живот е присутен во песната „Копачите“. „Силно светнал ден“ е слоганот со кој разбудените копачки и копачи ќе ја извојуваат слободата. Нивните страдања и работа од утро до мрак ќе престанат кога работниците ќе се освестат и обединето ќе тргнат кон новото утро. Поетското јас и работниците се едно - тој ќе им се придружи во борбата „на работа/на труд“. Се повторува овој повик за борба со желба за обединување на сите работници „та не сме саде ние/та не сме саде тука“. Песната завршува оптимистички, со надеж за подобар живот. Времето за револуција е дојдено.
    „Бели мугри“ е одраз на македонските патила, страдања и народни идеали. Таа е срце и свест и високо кренато знаме. Со почит за Рациновото дело, ние, неговите следбеници вечно ќе го следиме неговиот пат и достојно ќе го презентираме неговото дело.
                                
 

споменикот на Стог

Марка со ликот на Кочо Рацин







 
За нашата е-книга може да кликнете и подолу👇

  Пред вас е уште еден предизвик👇  

 Претходната учебна година изработувавме постер за ликот и делото на Кочо Рацин.

Потсетете се!  👉   ПОСТЕР ЗА КОЧО РАЦИН

 

👉Наградите си ги зедовме, а зад нас останува уште еден прекрасен спомен за чествувањето на големиот Рацин. Ние сме Рацинови следбеници! Слава му!

15. 10. 2022.

Анимирај го името - Кодираме во Scratch

 

 



 

💬Од 17 до 18 октомври, Роземаковци ќе се приклучат со свој настан на Europe Code Week.

💬Ученици од седмо до деветто одделение ќе кодираат во Scratch преку активноста Анимирај го името.

👇На следниот линк има корисни видеа кои ќе ни помогнат успешно да одговориме на новиот предизвик и во нашите портфолија да ставиме уште еден сертификат за кодирање.

👉Кликнете на Анимирај го името

💬Современото образование бара нови пристапи кон наставата, а ние на часовите по Македонски јазик изучуваме содржини од различни подрачја и ќе се обидеме да примениме кодирање. Преку анимација, совладуваме содржини од фонетика/гласови, согласки, самогласки, поделба...


👉Погледнете еден пример -  нашиот проект  РОЗА 

                                                👇Кодот за нашиот настан 

                                                                       cw22-qMv3V

💬Поминаа двата дена од нашата активност Анимирај го името! 

👉Ја претставивме  Europe Code Week , ја откривме нашата активност на мапата и започнавме со работа. Навистина беше интересно! Кодирањето ни оди од рака. Денес кодираа Лина, Бојан, Јана, Гопе, Тео и Мартин, а утре им оставивме терен на другите. Некои ученици изразија желба да кодираат од дома, па ги чекаме нивните анимирани имиња.

👇Фотографиите што следат ќе ви ја претстават, на момент, атмосферата од денешниот ден.



















                                                   Бранкица Кукоска

                                               







                                               


                                                             Фросина Кожеска

Завршените проекти се на дадените линкови

                                        ЛИНА ЃОРЃИЕСКА

                                        БОЈАН МУРЏЕСКИ 

                                        БОЈАН МУРЏЕСКИ БР. 2

                                        ЈАНА ПАРТАЛОСКА

                                        ГОПЕ ИВАНОСКИ 

                                        ВЕВЧАНИ-ТЕО И МАРТИН

                                        ТЕОФАН СТАВРЕСКИ

                                        ТАМАРА СТАВРЕСКА

                                       ДРАГАН КОСТОЈЧИНОСКИ

                                      ЕМИЛИЈА ПОПЕСКА 

                                      МАРТИН ЧОЧОРОСКИ (КЛИКНЕТЕ НА SPACE)

                                     ТЕОНА ВЕЛКОВСКА

      💬 Ги собравме плодовите на нашиот труд. Сертификатите се во наши раце. Им благодарам на сите ученици од седмо и осмо одделение, а посебно на учениците кои со лични проекти учествуваа на овој настан.

👇Погледнете! Нека трепка! 👇