21. 10. 2018.

Есенска поезија (примена на аудитивни и визуелни елементи)

                                        

         Есента е убава
Есенска песна ветерот пее
дождот, тивко, почна да лее
птицата под стреата се сокри
паркот со жолти лисја се покри.
         - Санел и Халид

          Есента е убава
 Есента е убава во мојот крај,
свети, блеска со волшебен сјај.

Ветерот свири на својата труба,
дрвјата ја соблекуваат летната руба.

Птиците црцорат на патот кон југ,
да соберат сили за за патот друг.

Сонцето срамежливо зад облак ѕирка,
врапчињата под стреа се скрија.
                  -Хафса

                    Есен
Есента е мила
нежна како свила.
Ветрецот тих
ни напиша есенски стих.

Летото пројде
есента дојде.
Сонцето тажно грее
птицата милно ни пее.

Есента ни дава
спокој и рај,
лисјата златни
светат со сјај.
    -Сулејман
                                        

 Есента е убава
Есента е волшебничка.
раскошна, убава и мила,
нежна, мека како свила.

Есента е сликар добар,
со очиве видов мои,
како со четка жолто бои.

 Есента е домаќинка.
Луѓето ја фатија лажицата
 ја започнаа зимницата.
               -Фемија

Есента е убава
Во мојот роден крај,
дојде есента златна,
ни донесе спокој и рај,
ги распосла жолтите платна.

Есенска убава слика,
се протега пред нас,
лисја килим ткаат,
ветерот пее на цел глас.
 -Мелани
                                                 

 Есента е убава
Есента е убава, златна,
птиците одат на југ.
Ветерот песна пее,
дождец почнува да лее.

Лебедот бел на езеро спие,
своите крилја нежно ги крие
На небото облаци бели
како памукчиња се цели.
            -Амела

 Есента е убава
 Есента е убава во мојот крај
 свети со жолт волшебен сјај
 ветерот песната ја пее
 сонцето тажно грее.

Птиците се вртат во круг,
полека си заминуваат на југ.
Врапчето под стреа се сокри,
паркот со жолти лисја се покри.
       -Муса
                                                

Есента е убава
Есента е убава
во мојот крај
лисјата златни
светат со сјај.

Есента нежна мила
лисјата се распослани
како килим од свила.

Заминаа и птиците
се почнаа зимниците.
Дождот врне тих,
јас пишувам стих.
        -Дилбера

       Есента е убава
Есенска песна птицата пее
за дождот кој тивко се лее.
Сонцето тажно зад облак се крие.
есенски нектар сака да пие.

Лисјата  се вртат во круг,
со поздрав за птиците кон југ.
Врапчето под стреата свири,
не може никако да се смири.

Ветерот со трубата се јави,
на езерото бранови прави.
Лебедот со крилјата бел
 се стуткал од есента цел.
              -Мирела

Есента е убава
Есента е убава
во мојот роден крај,
птиците црцорат
есенски, волшебен рај.

Ветерот силно го дувна
последниот жолт лист,
дождот со својата труба,
напиша нотен запис.

Плачливото сонце
ѕирка зад облак сив,
птиците летнаа на југ,
се кријат од ветерот див.
          -Аделина

Есента е убава
Есенска почна бајка
мирисна, разнобојна, мила
благородна наша мајка,
облечена во жолта свила.

Костени, ореви се берат,
круши, грозје, јаболка има
полни кошници се мерат,
есенска симфонија се снима.
- Енсар, Ирфан, Мустафа


                                                         
Есента е убава



Учениците при пишувањето на творбите за есента применија аудитивни и визуелни елементи.
Напишаа стихови што претставуваат слика(визуелни елементи) и стихови кои асоцираат на звук(аудитивни елементи).
Нашата работа не застанува тука, продолжуваме со нови стихови испеани од душа!