💬 Седмоодделенците истражуваа за мит и митологија, па изработија презентации и ворд документи на дадените теми.
💬 Ја изработивме првата наша е-книга и ставивме дел од нивните изработки.
Ве покануваме да ја прелистате нашата е-книга за мит!👇
💬 Седмоодделенците истражуваа за мит и митологија, па изработија презентации и ворд документи на дадените теми.
💬 Ја изработивме првата наша е-книга и ставивме дел од нивните изработки.
Ве покануваме да ја прелистате нашата е-книга за мит!👇
Содржините од Медиумска култура се секогаш инспиративни за нас, па така и оваа учебна година вредно работевме. Истражувавме, креиравме, учевме и се забавуваме со филмската шминка. Погледнете го претходно следниов линк, ШМИНКА ВО ФИЛМОТ, па повторно вратете се назад.
Прочитајте и погледнете што сработивме!👇
Учениците добија задача да напишат приказна. Со коцка и три фрлања ги добија задачите.
Понудените лик, околина и проблем |
Во двете одделенија се формираа по три групи кои си добија свои задолженија и избор да раскажуваат во прво или трето лице.
ГРУПА 1
Изгубената принцеза
(во волшебен дворец, се одвоила од своите пријатели)
Изработиле:
Теона Плушкоска, Катерина
Русевска, гТрпе Плушкоски и Крсте Ставрески
Изгубената принцеза |
Изработиле:
Во едно од најубавите гратчиња блиску Швајцарските планини беше сместен луксузниот дворец на младата Лина – единствената ќерка, убавата принцеза на кралското семејство во тоа место. Немаше кој не ја познава, а таа се дружеше само со малкумина, беше скромна и воопшто не се истакнуваше пред нив, ниту пак спомнуваше за богатството на нејзините, но сепак се придржуваше до нивните барања и очекувања.
Лина имаше петмина пријатели кои не можеа да се споредат со неа во однос на материјалноста, но сепак ѝ беа особено драги и блиски. Со нив поминуваше најголем дел од остатокот од денот, после враќање од елитното училиште. Често ги канеше во дворецот каде играа разни умствени игри, квизови, гледаа филмови и секојдневно градеа прекрасни спомени и интересни моменти. И секој нивен момент беше скапоцен и вреден, сè додека...Сè додека во нејзиниот дом не пристигнаа неколку познати дипломати со нивните деца прилично на нејзина возраст. Средбата меѓу семејствата освен што беше со формална цел, исто така и за приватни цели што значеа неколку месечно патување во Америка. Првично веста ги изненади децата, но само кога размислија за предизвиците сè стана поинаку. Лина се чувствуваше како принудно да се разделува со нејзините пет најдобри пријатели. Не беше ни малку свесна дека нивната разделба значеше и издвојување од нив засекогаш. Кога само би знаела што ќе се случи, си помисли.
Неколку години подоцна...
Поминаа десет години, а сега Лина е заробена во скриена пештера со нови луѓе. Пештера што индиректно го означува нејзиниот нов дом, а луѓето освен што го променија нејзиниот приватен живот, исто така влијаеа и на нејзината иднина. Од угледна и богата принцеза стана една обична девојка како што беа нејзините пријатели од детството. Но, сега сè се смени, топката се сврти во поинаков правец. Тие основаа свој музички бенд кој им донесе голема слава и многу пари, а убавата принцеза остана сама без своите пријатели, далеку и без слава и богатство како и претходно. И сето тоа зашто сите изминати години сè ѝ зависеше од нејзиното семејство, така и ја воспитуваа, воопшто не ѝ дозволуваа самостојно да работи на себеси или пак нешто заедничко со своите пријатели. Дури и забранија и да комуницира со нив, таа дозна за нив од социјалните мрежи и медиуми кои постојано објавуваа вести за нивниот успех, а тие читаа за неа, како од убава и богата принцеза, сега е само убава, но обична девојка како сите други.
И покрај толку многу години кога дознаа за ситуацијата во која се наоѓа, тие повторно ја контактираа на социјалните мрежи и ѝ посакаа побрзо да се врати на себеси за повторно да можат да ги оживеат спомените од детството. Им даде ветување дека тоа ќе го исполни и дека наскоро ќе најде начин за билет до Швајцарското гратче за повторно да се сретнат. Затоа и пораката на оваа кратка приказна е дека богатството не треба да е вредноста според која треба да ги избираме луѓето во нашиот живот или да се издвојуваме од нив, бидејќи богатството е минливо, а вистинското пријателство трае засекогаш.
Изработиле: Воислав Мукоски, Надица Лазороска, Антоние Парталоски, Дора Парталоска, Јована Парталоска
ГРУПА 4
Мрзливата мечка
(го изгубила сеќавањето, во шумата)
Доцна есен. Ветрот си играше со последните лисја од дрвјата. Сонцето бавно се криеше зад големите планини. Птиците одамна беа заминати во топлите краишта. Мравките собраа доволно храна и си заминуваа во нивните топли мали кукички.
Една мечка мрзливо се обидуваше да пронајде доволно храна за да може да ја помине зимата. Беше толку мрзлива што не сакаше да се дружи со другите животни. Бараше низ грмушките, а потоа се спушти кон реката. И така најде храна. Кога се врати во пештерата почувствува дека има силен земјотрес.Толку силен што ја урна пештерата.Тогаш падна една карпа и ја повреди на мечката. Другиот ден волкот и дивата свиња отидоа да видат колкава е штетата и во тој миг ја видоа мечката како лежи под урнатините и веднаш се стрчаа за да ја спасат. Беше повредена на главата и ѝ ставија завој. По неколку дена таа се разбуди, но не се сеќаваше на ништо. Волкот и дивата свиња решија да ѝ помогнат. Се грижеа за неа колку што можеа за побрзо да закрепне. На мечката и беше убаво кога некој ѝ посветува внимание. Од ден на ден нејзината здравствена состојба се подобруваше, сè додека еден ден не сфати која е и што ѝ се случило. И се врати сеќавањето. Кога го видоа тоа волкот и дивата свиња, многу се израдуваа. Мечката беше многу мрзлива и затоа немаше пријатели, но кога виде колку добро се грижат за неа се почувствува посакувана.Тогаш сфати дека не е важно само да се најде храна, туку и да се бараат пријатели. И беше убаво тоа што сфати какво е чувството кога си посакуван, а не осамен.
Изработиле: Илина Мукоска, Исидора Бетоска, Антонио Алулоски, Катерина Кожеска, Роберт Бебекоски
Приказна за змејот во волшебен дворец во вселената
Пред многу години си живееше еден змеј во волшебен дворец во вселената. Тој таму беше затворен. Тој беше познат во вселената по тоа што никој не смееше да се приближи до дворецот бидејќи змејот ги убивл сите што ќе стапнеле таму.
Еден ден, човек се загуби во вселената и случајно заврши во дворецот на змејот. Човекот падна без свест пред портата на замокот. Змејот се сожали, па го почека да се разбуди. Кога човекот се освести, не знаеше каде се наоѓа, па се прошета низ дворецот за да најде некого. Најпосле, тој го пронајде змејот и кога го виде, се исплаши и почна да бега. Змејот му викна на човекот да застане и да не се плаши. Човекот од страв застана. Змејот се приближи до него и му рече:
- Не плаши се човеку, ништо нема да ти сторам. Дворецов е мој, ако сакав да ти сторам нешто, ќе го сторев тоа уште кога падна тука без свест. Затоа не плаши се и дојди во големата сала да јадеме.
Човекот беше многу гладен, па затоа прифати. Тие отидоа во салата каде што имаше најубави јадења. Тие јадеа, но човекот беше љубопитен и го праша змејот:
- Извини што те прашувам, но зошто живееш сам во овој дворец и зошто од илјадници луѓе само мене ме поштеди и ми дозволи да живеам.
А змејот на тоа му одговори:
- Штом ме прашуваш, ќе ти кажам. Кога падна ти тука без свест, ми беше жал да те погубам, па затоа почекав да се освестиш и се гледа дека си добар човек, па затоа ќе те оставам да живееш. А за тоа како јас дојдов тука, тоа е долга приказна. но сепак ќе ти ја раскажам.
- Пред многу години јас живеев на друга планета и бев син на нејзиниот цар. Ние бевме многу моќни, многу освојувавме, но еден ден јас станав многу алчен и без знаење на мојот татко, јас нападнав една планета. Но, за жал, тоа не излезе на добро и поради мојата грешка настрада многу војска и многу семејства од нашата планета. Затоа мојот татко се налути и ме затвори во овој дворец и јас повеќе никогаш нема да можам да заминам од тука.
Откако го слушна тоа, човекот се натажи. Тие станаа добри пријатели и убаво си живееја во дворецот. Но, по долго време откако човекот дојде во дворецот, му рече на змејот:
- Пријателе, те молам немој да ми се лутиш, тука е многу убаво, но јас сакам да си одам дома, имам семејство кое не сум го видел долго време. Тие можеби мислат дека веќе сум мртов.
А змејот му возвратил:
- Не ти се лутам пријателе, знаев дека ќе дојде и овој ден. Јас никако не можам да го напуштам замоков, но ти можеш. Затоа ќе ти помогнам да си одиш оттука.
Змејот беше многу умен, па затоа најде начин како да направи ракета со која човекот би можел да стигне до својата планета. Ракетата ја правеа една година и таа конечно беше завршена. На двајцата многу им падна жал што ќе се разделат, но и тоа мораше да се случи. Змејот влезе внатре во дворецот и зеде една од многуте слики кои беа закачени на ѕидовите во замокот и му ја даде за спомен. Тие двајца се прегрнаа и човекот полета со ракетата.
Којзнае, можеби приказнава е вистинита, можеби уште змејот седи затворен во замокот и се надева да му дојде нов добар пријател.
Изработиле: Спасе Пешиноски, Марија Попоска, Илија Шурбаноски, Теофил Пачоски
ГРУПА 6
Жабата се најде во жешка пустина над која се надвиснала голема бура. Страшна слика! Силен ветар, дожд, големи капки вода кои паѓаат на жешкиот песок. Жабата од големата бура го изгуби сеќавањето.Таа не знаеше каде е, што е, зошто е тука, како се вика и др. Таа беше опкружена со разни животни. Сите гледаа во неа и се чудеа зошто е тука, кого бара.... Жабата забележа дека една голема змија ѝ се приближува, па почна да бега.Во бегањето жабата здогледа некоја жаба, чудна, необична, жаба од друг универзум. Таа беше многу голема и црвена .Црвената жаба пушти отров со нејзиниот долг јазик и ја уби змијата.
Жабата ѝ се заблагодари на црвената жаба и тие станаа добри пријателки. Црвената жаба ја однесе во нејзиниот дом каде што имаше мали жапчиња и ѝ рече дека може да престојува кај неа. Жабата шетајќи со нејзината пријателка запозна многу пријатели. Жабата брзо беше примена во друштвото на црвената жаба кое се состоеше од: лавот, ламите, тигарот, камилата и други. На жабата, полека, полека почна да и се враќа сеќавањето и посака да се врати дома кај своето семејство и пријателите. Но сè уште не знаеше зошто е тука и кого бара.
Во еден момент додека шеташе низ пустината, забележа необична светлина која ја привлекуваше. Се приближи и наеднаш беше повлечена од необична сила и исфрлена блиску до мочуриштето, нејзиниот дом. Збунета од необичното доживување, влезе во својот дом и среќно ги прегрна своите дечиња.