2. 8. 2011.

Дигитален речник на македонскиот јазик

Петре М.Андреевски

Петре Мито Андреевски (25 јуни 1934 - 25 септември 2006) е македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор


„За да се сфати делото на Петре М. Андреевски - и како импозантна продукција, и како жанровска разновидност, и како регионална означеност и како синтеза на повеќе медиуми, во прв ред треба да се има во предвид дека речиси се' што е напишано од него како да никнало врз почвата на богатата македонска фолклорна традиција. Раскошното богатство на неговиот јазик и многуте теми и мотиви што се одглас на светот на усната традиција, и неговите навраќања кон изразот на клетвите и благословиите, бајачките и брзозборките, легендите и обичаите - се' е тоа показ на љубов кон сопствената домашна и национална македонска уметничка традиција.

Долго и долго овој наш автор ќе биде жив во времето и вечен и вековит, па како заокружен поим на истакнат македонозналец и македонољубец ќе остане категоричност за врвна вредност на нашата трајна уметничка, културна и национална големина за која допрва ќе се пишува уште и уште, ќе се говори и ќе се истражува. “

(Гане Тодоровски за Петре М. Андреевски)

Преземено од Википедија-слободна енциклопедија
Андреевски, Петре (1934–2006) истакнат македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор кој повеќе од четири децении е меѓу челниците во сов- ремената македонска литература, акаде- мик. Пишувал поезија, раскази, романи, драми, филмски сценарија и др. вид на дела. Роден 1934 г. во с. Слоештица, Демирхисарско, дипломирал на Филозофски факултет во Скопје. Извесно време бил учител по демирхисарските села, а потоа се преселил во Скопје, каде што му се посветил на новинарството. Долги годи- ни бил уредник на Редакцијата за народна музика, а потоа и на Драм ската програма во РТВ - Скопје. За член на ДПМ из- бран 1964 г., а редовен член на МАНУ од 2000 г. Бил претседател на ДПМ. Смртта го затекна во 2006 г. како секретар на Од- делението за литература и уметност при МАНУ. Бил член на Македонскиот ПЕН центар, член на голем број здруженија во РМ. Во литературата П. Андреевски дебитираше во 1960 г. со стихозбирката „Јазли“, а потоа континуирано се јавуваше со нови книги и избори на поезија, раскази, романи и драми. П. Андреевски редо- следно ги има објавено книгите поезија: „Јазли“ (поезија, 1960), „Ни на небо ни на земја“ (поезија, 1962), „Дениција“ (по- езија, 1968), „Дални наковални“ (поезија, 1971), ,„Пофалби и поплаки“ (поезија, 1975), „Вечна куќа“ (поезија, 1987), „Лак- АНДРЕЕВСКИ ПЕТРЕ – писател –

            Прекрасно изработено!!  
  Погледнете! Слушнете!


Дениција – Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.


Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.


Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.


Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знеав како би умрел,
ако таа не се родеше.


Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето 
на првата Македонска Држава.



Поезија и музика-македонска


1. 8. 2011.

За жал!!!

Елементите на страниците не се достапни на македонски јазик!!!
Тоа мора да се промени!!!
Јазикот е нашето најголемо богатство!
Блогери ,да се избориме за нашиот јазик!