8. 11. 2026.

„Споменка“ - Горјан Петревски

💬 Лектира „Споменка“ од Горјан Петревски

 

1. Основни карактеристики на делото

Автор: Горјан Петрески (роден во с. Мренога, Демир Хисар).

Книжевен род: Епика.

Книжевен вид: Роман за деца и млади ( роман полн со лирски изблици).

Форма на раскажување: Во прво лице еднина (Јас-форма) – раскажува главниот лик Бојан.

Време и место на дејството: Две учебни години во едно македонско село.

 

2. Тема, идеја и порака

Тема: Првата невина детска љубов помеѓу момчето Бојан и девојчето Споменка, проследена со детското секојдневие и ривалството помеѓу селските дружини.

Идеја / Мотив: Името на Споменка го носи мотивот на сеќавањето, минливоста и вечноста на детските спомени.

Главна порака: Вистинското човекољубие, солидарноста и пријателството можат да го премостат секое непријателство. Разделбата боли, но доживеаната чиста љубов остава траен белег.

 

3. Кратка анализа на главните ликови

Бојан: Главен лик и раскажувач. Одличен ученик, чувствителен, храбар и праведен. Водач на „Соколите“. Неговата вљубеност привремено му го пореметува успехот, но покажува голема хуманост помагајќи му на болниот ривал.

Споменка: Симбол на првата љубов. Девојче со долга руса коса, крупни сини очи и мирис на јорговани. Нежна, мирна и искрена.

Никола: Водач на соперничката дружина „Црни стрели“. На почетокот дрзок ривал кој и се додворува на Споменка, но доживува трансформација и се зближува со Бојан откако се разболува.

Вера Претералка: Девојче со остар јазик кое сака да пренесува лажни и надуени вести, но ја придвижува акцијата во селото.

Учителката Разделина: Строга но праведна учителка која бара дисциплина и му помага на Бојан да го поправи успехот.


 

 4. План за прераскажување по клучни етапи

 

1. Вовед во детскиот свет и поделбата на маалата

   * Претставување на Бојан и неговите сеќавања.

   * Поделба на децата на „Соколи“ (горно маало) и „Црни стрели“ (долно маало).

   * Раѓање на првите искри кон Споменка.

 

2. Љубомората на Бојан и фудбалскиот натпревар

   * Гласините на Вера Претералка дека Споменка разменува сликички со Никола.

   * Големиот фудбалски натпревар каде Бојан постигнува 5 голови за победа на Соколите.

 

3. Болеста на Бојан и тајната на мајските јорговани

   * Бојан се разболува од студ и исцрпеност по натпреварот.

   * Неочекуваната посета на Споменка која му носи букет мајски јорговани.

 

4. Летото на реката и тајните писма во книгите

   * Летни авантури на реката; Бојан ги наоѓа украдените фустани на девојчињата.

   * Размена на тајни љубовни писма скриени во училишните книги.

   * Бојан ѝ го открива своето скриено место – полјаната со диви јагоди.

 

5.  Искушенијата во училиштето и хуманоста над ривалството

   * Падот на оценките на Бојан поради љубовни мисли и нивно поправање.

   * Тешката болест на Никола во рудникот и хуманиот гест на Бојан кој оди да му помогне.

 

6.  Емотивната разделба и споменот што останува

   * Преселувањето на семејството на Споменка во градот.

   * Тажниот есенски ден на заминувањето и последната средба.

   * Испраќањето на камионот со солзи во очите; Споменка останува вечен спомен во срцето на Бојан.

 

 

5. Прашања за проверка на знаењето

 

1. Како се викаат двете сопернички дружини во селото и кој крај го претставува секоја од нив?

2. Од чија перспектива е раскажана приказната и во кое лице е напишан романот?

3. Кој лик ги пренесува првите озборувања и која вест кај Бојан буди љубомора?

4. Како завршува фудбалскиот натпревар и колку голови постигнува Бојан?

5. Зошто Бојан се разболува веднаш по фудбалскиот натпревар?

6. Што му носи Споменка на Бојан додека е болен и што симболизира тој предмет?

7. Како Бојан станува „херој на летото“ покрај селската река?

8. На кој начин Бојан и Споменка комуницираат бидејќи се премногу срамежливи?

9. Како се вика учителката и зошто на почетокот на учебната година попушта успехот на Бојан?

10. Што му се случува на Никола и како Бојан реагира во таа ситуација?

11. Зошто Споменка мора да го напушти селото на крајот од романот?

12. Какво е значењето на името „Споменка“ во однос на крајот на приказната?

  

 

6. Креативни проекти и Дигитален колаж

Писмото на Споменка (Предлог текст):

  „Бојане, додека го читаш ова, јас веќе ги пакувам куферите. Мирисот на јоргованите од твојот двор засекогаш ќе го носам со себе во градот. Ти благодарам што ми ја откри полјаната со диви јагоди и што беше мојот херој ова лето. Не заборавај ме, како што јас нема да го заборавам мојот најдраг 'Сокол'. Ова синџирче нека те потсетува на мене. Твоја, Споменка.“

 

Инспирација за Дигитален колаж (Canva, ВИ, Pinterest  и др.):

  * Слики од Споменка (руса коса, сини очи, букет јорговани).

  * Слики од Бојан (стара кожна фудбалска топка, диви јагоди во шума).

  * Елементи на тајна љубов (стари рачно напишани писма, училишни книги).

  * Централен цитат: „Таа си замина во далечината, но во моето срце засекогаш остана најубавиот спомен... мојата Споменка.“

 

 

👇 Дигитален колаж👇

Димитар Баталоски

Тамара Ристеска

Петар Пејоски

Михаела Трпческа

Михаела Митреска

Јана Буџакоска

Евгенија Цветаноска


Јордан Ќулумовски


Меланија Буџакоска

Меланија Буџакоска

Меланија Буџакоска

Меланија Буџакоска

Меланија Буџакоска


26. 10. 2026.

Сложени глаголски форми; Минато неопределено време (свршено и несвршено)

    💬 Сложени глаголски форми се: минато неопределено несвршено време, минато неопределено свршено време, предминато време, идно време, минато-идно време, идно прекажано време, можен начин, има-конструкција, сум-конструкција, да-конструкција.
 
Минато неопределено (несвршено и свршено) време
    Означува дејство што се случило во минатото без точно да се определи конкретниот момент на вршење на дејството.
Се образува од помошниот глагол сум во сегашно време и л-формата од  несвршен или свршен глагол.
     сум во сегашно време
еднина                         множина
1л. сум                         1л. сме
2л. си                           2л. сте
3л. е                             3л. се
Пр.
Минато неопределено несвршено време
а-група
 Чита
еднина                                     множина
1л. сум читал                             1л. сме читале
2л. си читал                               2л. сте читале
3л. читал                                    3л. читале
и-група
носи  
еднина                                    множина           
1л. сум носел                            1л. сме носеле
2л. си носел                              2л. сте носеле
3л. носел                                   3л. носеле
е-група
пее
еднина                                    множина
1л. сум пеел                               1л. сме пееле
2л. си пеел                                 2л. сте пееле
3л. пеел                                      3л. пееле
Забелешка: Во трето лице не се употребува помошниот глагол сум
Минато неопределено свршено време
а-група
прочита
еднина                                     множина
1л. сум прочитал                        1л. сме прочитале
2л. си прочитал                          2л. сте прочитале
3л. прочитал                               3л. прочитале
и-група
износи
еднина                                      множина
1л.сум износил                           1л. сме износиле
2л.си износил                             2л. сте износиле
3л.износил                                  3л. износиле
е-група
испее
еднина                                      множина
1л. сум испеал                             1л. сме испеале
2л. си испеал                               2л. сте испеале
3л. испеал                                    3л. испеале

Ќе научиш!:))

            👇 Кратко потсетување: Решете ги вежбите!!👇

Домашна задача:

Штурец и мравки

         Во зимно време побара штурецот од мравките некое зрно житце на заем, но тие го избркаа од својот дом.

ー Ние цело лето работевме, а ти свиреше.

        Штурецот со наведната глава си замина дома. Тој не доби храна и остана засрамен. 

 

-        Сите глаголи во текстот да се трансформираат во минато неопределено време.