30. 12. 2021.

Среќна Нова 2022 година!




Новогодишните работилници, традиционално, ги одржуваме пред крајот на првото полугодие. И оваа година, изработувавме честитки, а уште поважно, учевме како правилно да честитаме. Си посакавме здравје, радост, многу насмевки, а пред сè пандемијата да заврши и да се вратиме на нормалното живеење, со дружење  без маски на нашите лица.

Од нашите активности, направивме кратко видео. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО!👇


ПРАВИЛНО:

Среќна Нова 2022 година!

Честит Божик/Божиќ!

Среќни новогодишни и божиќни празници!

17. 12. 2021.

„Калеш Анѓа“- Стале Попов

 


Белешка за писателот
Стале Попов (25 мај 1902 - 10 март 1965) - македонски раскажувач и романописец.

Стале Попов

    💬Попов Стале е роден на 25 мај 1902 година во с. Мелница, Мариово. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско).

куќата на Стале Попов во с. Мелница


    Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не примил свештенички чин или служба.
Пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник и др.
Во текот на НОБ го помагал партизанското движење за што од бугарските окупатори бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов станал претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работел како управник на Шумската дирекција, за на крај, до пензионирањето, да се посвети на педагошката дејност како професор по македонски јазик во Прилеп и Скопје.
Починал во Скопје на 10 март 1965 год.

Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по ослободувањето. Првите раскази „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објавил во списанието „Современост“.
Автор е на делата: „Крпен живот“ (роман, 1953); „Опасна печалба“ (1954); „Толе Паша“ (роман, 1956); „Калеш Анѓа“ (роман, 1958); „Дилбер Стана“ (роман, 1958); „Мариовскиот панаѓур“ (1961); „Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази). Во ракопис остави богато литературно наследство од необјавена проза: „Шаќир војвода“ (роман), „Необично дете“ (роман), „Доктор Орешкоски“ (роман) и две збирки раскази.



    💬Приказната за Калеш Анѓа потекнува од отоманскиот период, а  Анѓа  е позната по нејзината храброст, чесност, борбеност во одбрана на верата. 

куќата - музеј на Анѓа








    👉Инспириран од хероината Анѓа,  Стале Попов го напишал романот „Калеш Анѓа“ кој  и денес е популарен и се чита.

👉 Народната песна „Ајде слушај, слушај калеш, бре, Анѓо“ ја имаат изведувано нашите најпопуларни пејачи.



📚Кратка содржина
         Еден топол јулски ден, на прилепскиот Ат-пазар се собрани повеќе Мариовци, меѓу кои и дедо Богдан Сирмев од селото Старавина, со својот осумгодишен внук Анѓеле. На пазарот пристигаат четворица аги со двајца сејмени, кои со сомнеж ја набљудуваат групата селани. Еден од агите е прилепскиот кадија Арслан-беј, кој има намера да му се оддолжи на султанот така што ќе му однесе стотина христијански деца за да бидат јаничари. Кога селаните се подготвуваат да си заминат, нив ги обиколуваат многу сејмени, кои ги грабаат сите орисутни деца, вклучувајќи го и Анѓеле Сирмев. Кога се враќа во селото, дедо Богдан им ја соопштува тажната вест на родителите на Анѓел, Трајко и Велика, како и на Анѓа, сестрата-близначка на Анѓеле, и неговиот постар брат Јован. Кадијата им дава турски имиња на грабнатите деца, па така Анѓеле станува Арслан. Десет години подоцна, Анѓа има 18 години и се мажи за Стојан Ристев, додека Јован се жени за Сирма, ќерката на попот Јаков. Таа есен, кадијата Арслан-беј дознава дека Мариово било „слободно“, односно дека селаните не ја признавале турската власт, па со бројна војска се упатува кон Мариово. Во селото, попот му објаснува на кадијата дека селаните не плаќаат данок поради тоа што пред стотина години целата земја им била подарена од султанијата Мара, а кадијата бара до крајот на денот селаните да соберат 100,000 аспри како надомест за неплатените давачки во изминатите сто години. Селаните немаат толку пари, па започнува колеж и грабеж во селото при што меѓу грабнатите селани е и Анѓа. Минува една година, а Анѓа никако не сака да се потурчи, иако кадијата и неговата слугинка Ајша се обидуваат да ја наговорат на разни начини. Во меѓувреме, татко ѝ на Анѓа, Трајко дознава дека таа се наоѓа во конакот на кадијата во Прилеп  и, заедно со нејзиниот сопруг Стојан и со седуммина мариовски момчиња, влегува во конакот и ја спасуваат Анѓа. Кога пристигаат во Мариово, Анѓа и Стојан прават богата свадба. По нападот, Суљо-ага оди во Истанбул  и бара помош од султанот, кој наредува да се фатат водачите на бунтот. Така, Суљо-ага со двесте војници заминува да го покори Мариово, но тие паѓаат во стапицата поставена од селаните при што гинат повеќето турски војници, вклучувајќи го и Суљо-ага. По тој неуспех, по налог на кадијата, неговите пријатели, аџи Јане и аџи Рампо, преправени, одат во Мариово каде во разговорот со попот Јаков ги дознаваат слабите точки на мариовската одбрана. Така, со помош на скопскиот бег, кадијата го напаѓа селото од четири страни и бунтовниците се принудени да се повлечат во една пештера. Аџи Јане повторно се преправа во калуѓер  и дознава како се снабдуваат со вода бунтовниците и турските војници ја уништуваат чешмата. По голема битка, повеќе селани, меѓу кои и Трајко, Стојан, Јован и Сирма, се заробени и одведени кај кадијата во Прилеп. За награда, аџи Јане и аџи Рампо станале бегови и биле назначени за нови господари на Мариово. Попот Јаков и Трајко Сирмев биле живи запалени на прилепскиот Ат-пазар, а останатите заробеници се одведени во Истанбул, каде дознаваат дека султанот Сулејман починал пред неколку дена и дека него го наследил Селим втори. Кога слуша за Анѓа, везирот Мехмед-паша Соколовиќ го известува водачот на јаничарите, Арслан-бег, а тој ја препознава Анѓа. Тогаш, везирот одлучува Мариово да остане слободна земја, а прилепскиот кадија да се затвори. Тогаш, Арслан-бег ги враќа заробениците во Мариово, назначува нов кадија и ги затвора Јунус-бег и Рифат-бег (поранешните аџи Јане и аџи Рампо).
- од Википедија 

Ученички постер

Ученички постер
 
👉Погледнете го видеото за родното место на Калеш Анѓа Старавина 
 
Кратко видео од куќата-музеј 

    

9. 12. 2021.

На крилјата на фантазијата (лични творби, 2021/2022 год.)

 


                                       Посета на непозната планета

             Беше пролетен ден. Јас весело цртав во мојата соба. Цртав на тема ,,Место кое сакам  да го посетам  и нацртав една необична планета  во форма на книга.
              Само што завршив со цртежот, на чудесен начин се појавив во чудесно место. Тревата беше разнобојна, а цвеќињата  беа во форма на букви. На дрвата наместо  листови и плодови имаше броеви, а наместо птици летаа книги. Некој  љубезно ме поздрави, а јас возвратив со поздрав. Тоа беше суштество со хартиена глава, хартиени раце, нозе и тело. Наместо дланки и стапала имаше книги, а наместо очи, нос, уста и уши имаше букви и броеви. Суштеството се викаше Буки и ми го покажа својот дом, училиште, место за забава и неколку убави ливади. Нема да верувате, но место за забава беа библиотеките, а ливадите служеа како градинки. На крајот заедно со Буки цртавме, а јас ја нацртав мојата планета Земја. Само што  завршив со цртежот, повторно се вратив на мојата планета, но за жал не успеав да се збогувам со Буки.
               Посетата помина убавo, но јас знам дека поубава планета од мојата нема. На цртежот со  големи букви  допишав ,,БУКЛАНДИЈА и така ја нареков планетата која ја посетив.              

                  - Теона Велковска                                                                                                                                           


                                       Посета на непозната планета
         Сара е мојата другарка. Таа е без насмевка на нејзиното лице. Никој не може да ѝ ја врати. Гледам кон ѕвездите и се прашувам, дали има ли нешто таму што ќе ѝ ја врати насмевката.
         Размислувајќи, ме осветли чудна светлина. Исплашено потскокнав и забележав еден  кристален вселенски брод. Од него излезе многу чудно суштество во розова боја. Се исплашив, но и бев среќна дека можеби ќе ѝ ја вратам насмевката на Сара.
-Здраво, јас сум Роз!- ми рече.
Ме фати за рака и за дел од секунда се најдов на КРИСТАЛНАТА  планета. Куќите беа направени од сини кристали, улиците беа од виолетови дијаманти, а суштествата беа розови. Роз ме однесе кај фармацевтската фабрика, каде што работеше неговиот татко. Таму се правеа овошни лекови како и овошен напиток за враќање на насмевка.
 - Повели! - ми рече Роз.
 - Дај ѝ го на Сара!
        Јас го зедов напитокот и повторно бев вратена на Земјата. Се поздравивме со Роз и си ветивме дека повторно ќе се видиме. Му се заблагодарив на Роз, затоа што ѝ ја врати насмевката на Сара.

- Јана Парталоска



                         Посета на непозната планета

Јас патував  со вселенски брод. Се најдов на  една чудна планета. Таа беше зелена со розови топчиња. Одеднаш почнав да паѓам заедно со вселенскиот брод.  Се најдов на една непозната планета.                                                                                                     Таму видов многу луѓе. Сите беа многу необични. Тие имаа три нозе, три раце, две глави, еден нос и една уста, а беа зелени. Едно суштество ми се доближи и ми кажа дека се вика Киљ и дека јас сум на планетата Вертиња. Киљ ме однесе дома. Таму ја најдов нејзината помала сестра Хара којашто спиеше.. Киљ ми кажа дека тие немаат родители.Тие ме прошетаа насекаде. Во Вертиња имало две држави - Викс и Лисон. Киљ и Хара живееја во Лисон. Јас многу сакав да ја посетам и другата држава, но таа била многу далеку. Со моите нови другарки си поминав прекрасно, но дојде време и да си одам. Тие две ме испратија до вселенскиот брод.
Кога слетав на мојата планета Земја, беше многу темно, два часот по полноќ. Многу се израдував што се вратив дома. Потоа си легнав на мојата перница со надеж дека пак ќе одам во Вертиња, дека повторно ќе ги видам Киљ и Хара и дека следниот пат ќе одам во државата Викс.

 -        Анастасија Кочовска 



                                         Посета на непозната планета
       Времето беше убаво и топло. Јас си седев во мојот двор и уживав во пролетните убавини. Црцорењето на птиците и мирисот на прекрасните пролетни цвеќиња  ме воодушевуваа.
       Мојот мир го расипа еден лош звук кој доаѓаше од зад  дрвото. Зад  дрвото имаше еден вселенски брод, кој наеднаш ме зеде и ме однесе на една чудна планета која изгледаше вака: таму имаше кафеави мали човечиња со големи глави, големи очи и мали уста и нос, таму дрвјата беа сини со црвено, земјата беше црвена, а небото зелено.
Јас му се обратив на едно од малите суштества:
- Како се викаш и како се вика оваа чудна планета?
- Јас се викам Марли, добре дојде на нашава планета Маргина - рече со сосема разбирлив глас.
     Цел ден се дружевме, а кога падна ноќ, тие ме качија на нивниот вселенски брод и ме вратија во мојот дом.
               - Венера Шутиноска




                        Средба со суштество од друга планета

       Беше саботна вечер. Го вклучив телевизорот за да гледам некој филм, но бидејќи не најдов нешто интересно, легнав да спијам. Потонав во длабок сон.
        Додека спиев, почувствував некој чуден звук,  па веднаш  се разбудив. Погледнав низ прозорецот и видов еден необичен летечки објект. Излегов надвор и бев заслепена  од  една зелена светлина. Вратата се отвори и излезе едно чудно суштество.Тоа беше колку мене: на главата имаше три очи и цело беше зелено. Најпрво бев исплашена, но ми се приближи и ми подаде рака. Јас му реков:

-        Ајде, дојди кај мене дома!

Тоа нешто ми зборуваше, но јас не го разбрав. Го фатив за рака и го однесов во мојата соба. Му пуштив музика и тоа почна да игра. Од џебот извади една топка и ми ја подаде мене. Од топката почна да се испушта многу убав мирис.
          Ги отворив очите, почувствував еден сладок мирис, но не беше од топката, туку од појадокот што го правеше мојата мајка.
     - Марија Јанкоска


                 Средба со суштество од друга планета

Еден топол и прекрасен ден, додека седев во мојата градина, слушнав необичен звук. Јас се исплашив, но сепак отидов да видам што се случува. Звукот доаѓаше од шумата, во близина на мојата куќа.
Вниманието ми го привлече едно чудно светло од кое излезе уште почудно суштество. Изгледаше необично; целото жолто, очите му беа светеа како ѕвезди, а бушавата коса блескаше со жолтозлатен сјај. Полека ми се приближи и за да не се исплашам тивко ми рече:
-       Не плаши се, нема да те повредам! Јас сум Светленка и доаѓам од планетата Стирнал.
Светленка ми раскажа дека нејзиното летало се удрило во метеор и таа ја изгубила волшебната ѕвезда што ѝ помагала да се врати дома.
 Јас се понудив да ѝ помогнам и заедно тргнавме низ шумата за да ја бараме ѕвездата. Светленка беше зачудена од дрвјата во шумата, а посебно од прекрасното црцорење на птиците. Другиот ден ја однесов на пикник со моите другарки и весело за забавувавме. Таа беше загрижена за ѕвездата бидејќи безуспешно ја баравме. Се стемни. Светленка заплака, а од очите ѝ капеа златни солзи. Додека ја тешев, на едно дрво забележавме чудна светлина. Ѕвездата беше најдена.
        Светленка успеа да се врати дома, а јас бев среќна што најдов нова пријателка.

-       Емилија Попеска


Средба со суштество од друга планета 

Еден ден слушнав необичен звук. Излегов надвор и забележав дека во мојот двор има некаков чуден предмет. Се приближив до него и открив дека се работи за вселенски брод. Здогледав еден Марсовец.
Тој имаше зелена кожа, а облеката му беше сребрена испрскана со златна боја. Јас му се обратив:
 ̶   Зошто си тука? 
̶   Го загубив мојот клуч, а без него не можам да го вклучам моето летало и не можам да се вратам дома.- ми одговори.
Јас веднаш се понудив да му помогнам во барањето на изгубениот клуч. Марсовко беше многу тажен. Упорно баравме и јас успеав да го забележам светкавиот клуч пред тркалото на вселенското летало. Двајцата бевме среќни, а посебно мојот нов пријател бидејќи ќе може да  си оди дома.
Ние се поздравивме со ветување дек ќе се видиме, па Марсовко си замина со неговото вселенско летало. Јас се вратив дома и им  ја раскажав на моите родители неверојатната случка.

-       Бојан Мурџески



од нашата училница

3. 12. 2021.

„20000 милји под морето“-Жил Верн

💬Наставникот е движечката сила  на часот. Креативното учење преку игра е вистинска потреба на учениците бидејќи го помага нивниот емиционален, ментален, физички и социјален развој. Преку педагошки методи во кои е вклучена играта учениците учат за сè што ги опкружува, размислуваат, критикуваат, креираат, анализираат, интелектуално се развиваат.

💬 На часот по македонски јазик за седмо одделение при обработката на лектирата „20000 милји под морето“ - Жил Верн,  игравме со отпаден материјал и направивме кутија со сцена од романот.

Изборот на играта зависеше од целта и содржината на часот, а просторот и  материјалите ги обезбедивме заедно, наставничката и учениците.

👇Лектирата ја обработивме на два наставни часа. 

👉На првиот час, усно ја разработивме темата, содржината и идејата на романот. Определивме време и место на настаните, а секако се запознавме и со животот и делото на авторот. Вежбавме течно изразување, со јасна и конкретна мисла, внимававме на литературниот јазик, а читавме и делови од романот. 

За таа цел имавме и подготвена презентација.👇


👉 На вториот час ги анализиравме ликовите и преку играта со отпаден материјал направивме сцена од романот. 
Материјали: кутија за чевли, пластично шише, листови, боици, ножици, лепак, конци, школки, камчиња, алуминиумска фолија, стапчиња, пластелин и сè што ни се наоѓа по дома, а може да се искористи. 
👇Децата се извонредни и креативни, а сликите во прилог ќе ви го потврдат тоа. Во продолжение погледнете ги нашите активности, а следуваат уште слики.👇































                                       



👉Нашите Тео и Тамара Ставрески беа многу креативни. Погледнете ги нивните извонредни изработки (кутијата со ликови и подморницата во борба со октоподот)







За нашите онлајн посетители подготвивме и една сложувалка👇


 




24. 11. 2021.

Анимиран филм (2021-2022 година)

  👉👍Анимиран филм, нашата најомилена наставна содржина.👍👈

💬Нема многу да пишуваме на оваа тема (побарајте низ блогот, има многу објави), ќе оставиме изработките на учениците од седмо одделение да зборуваат. Учениците се преполни со идеи и успешно одговорија и на оваа задача. Изработувавме тауматроп.




                                      








                                       


















                                       


















































                                                 

































                                     
👉Следуваат кратки видеа👇 



Андреј Ѓорејлиески


Ева Бебекоска



                                                               

Драгана Анѓеличиноска


Андреа Бебекоска




Марија Чочоровска



Анастасија Бебекоска


Атанас Костојчиноски


Воведа Србакоска







                                                                Теодора Бебекоска
                                                                          

Бранкица Кукоска


Мартин Чочороски


Евгенија Пешиноска



Мартин Бебекоски


Андреа Парталоска


Петар Алулоски


Димитар Шекуткоски



👉Погледнете ги кратките анимирани филмови на Тамара и Тео Ставрески. Браво!✊