9. 12. 2019.

Фантастични раскази- најнови творби

                                               

                                    Средба со суштество од друга планета
           Со моите другарчиња седевме во паркот. Весело разговаравме, игравме разни игри и се насладувавме од прекрасната природа околу нас.
          Во еден момент нешто почна да светка и силно да бучи. Ние се исплашивме и почнавме панично да бегаме. Некој чуден глас ни се обрати:
          一 Не бегајте, дечиња, јас не сум лош, дојдов да си играм со вас!
Ние полека се вративме назад и заинтересирано го погледнавме необичното суштество. Зелени очи што светкаат, црвено одело, весела насмевка и големи чизми стоеја пред нас. Тоа суштество беше мирољубиво и другарски се однесуваше кон нас. Љубезно го поканивме да игра со нас. Смеа ечеше наоколу бидејќи Бобо, така се викаше, не знаеше што е топка, никогаш не видел јаже за скокање, а за фудбал ништо не знаеше. Го научивме да игра фудбал, а тој ни вети дека и на неговата планета ќе ги пренесе фудбалските правила.
         Кога се приближуваше ноќта, Бобо со своето летало си замина, со ветување дека повторно ќе нè посети.Навистина, ова беше една чудна и необична авантура.
                                                 - Мелиса Лутишоска

                                       
                             Средба со суштество од друга планета
         Утрото се измив, појадував и излегов надвор. Со моите другарки отидовме до блиската шума  да се прошетаме. Наоколу беше волшебно, зелено, миризливо, а црцорот на птиците одѕвонуваше низ гранките на дрвјата.
         Силен звук ја прекина шумската идила... трас... се слушна од далечината. Истрчавме и од необичната сина светлина излезе едно чудно суштество. Со голема глава, четири очи, шест раце и тежок од, полека ни се приближи. Исплашено го погледнавме, вознемирени од неговата појава. Со една од неговите раце ни даде знак да не се плашиме. Ние му се приближивме, а тоа ни се обрати на македонски јазик.
     一 Стиснав на копчето за преведување и можам да разговарам со вас. Јас сум од друга планета, се викам Зозо и сакам да се дружам со вас.
Се опуштивме и како добри домаќини разговаравме со него, му раскажавме за нашата планета, за нашето село и нашето училиште. Му дадовме од нашата храна, а посебно му се допадна јаболкото. Зозо беше многу весел и духовит и неговата смеа силно одѕвонуваше. Нè покани на неговата планета, а ние прифативме.
        Од неговото летало се слушна аларм, Зозо мораше да си оди. Се поздравивме со желба повторно да се видиме.
                                              - Мелвина Усоска
                                       
                            Средба со суштество од друга планета
           Еден сончев летен ден, шетав низ паркот и ѝ се восхитував на природата. Со занесен поглед во далечините не можев да поверувам  на она што го видов. Кон мене доаѓаше еден вселенски брод.
           Колку необично! Во бродот имаше две зелени суштества. Тие слетаа во паркот и излегоа на патеката. Тие се поздравија со мене и ми кажаа дека се близнаци. Едниот се викаше Макс, а другиот Накс. Јас им кажав дека се викам Елхана и ги прашав зошто се на Земјата. Макс и Накс биле многу осамени и дошле по другарче кое ќе живее со нив, на нивната планета.  Се замислив и им кажав дека не можам да одам со нив бидејќи моите родители ќе се грижат, но дека би било одлично кога тие би останале кај мене неколку дена.
        Авантурата започна. Јас ги одведов кај мене дома каде престојуваа неколку дена. Деновите ни минуваа многу брзо. Одевме на плажа, јадевме сладолед, шетавме низ градот и игравме разни игри.
       Брзо дојде денот за назад. Срдечно се поздравивме, па тие летнаа со вселенскиот брод. Јас засекогаш ќе ги паметам овие денови и знам дека нашите патишта повторно ќе се сретнат.
                                      -Елхана Цаноска
                                               

                               Посета на непозната планета
          Едно утро се разбудив на една непозната планета. Зачудена ја разгледував Чоколадната планета. Шетајќи по неа запознав ново другарче кое се викаше Рахил. Изгледаше чудно и страшно, па јас се исплашив. Си мислев  ако го поздравам  да не ме нападне.
         Тој не беше лош, напротив беше мирољубив и ме покани во неговиот дом. Во неговиот дом имаше чоколадни столчиња, маса од горен шеќер, а завесите беа од шеќерна волна. Навистина сè изгледаше вкусно на Чоколадната планета. Рахил ми даде многу бонбони, чоколади, вкусни колачиња и ме испрати на мојата планета.
       Следната средба ја закажавме на планетата Земја за Нова година.
                                      - Анифа Руфатоска
                                           
Мистер Карпуз
                         Мистер Карпуз
          Еден ден, некој тропна на мојата врата. Кога ја отворив, видов вонземјанин со тело на човек и карпуз за глава. Ми кажа дека се вика Мистер Карпуз и дека доаѓа од планетата Карпузија.
        Тој ме зеде на неговиот вселенски брод и тргнавме во необични авантури. Ја прелетавме целата негова планета и ги видов сите куќарки од карпуз. Навистина, изгледаа слатко!
        Јас и Мистер Карпуз се вративме секој на својата планета и станавме најдобри другари.
                                      -Раим Имероски
                                                   
                    Средба со суштество од друга планета
            Надвор беше пролет. Седев во дворот и уживав во пролетниот мирис.
Во дворот слета едно вселенско летало. Од него слезе едно необично девојче.
            ー Здраво, јас сум Ева и доаѓам од  Шеќерната  плантета! Дојдов да запознам нови другарчиња.
          Ева дојде со мене и јас ја одведов на игралиштето и гледавме како децата играат фудбал.
Потоа ја однесов кај мене дома, ја почестив со колачиња и овошен сок. Ева беше многу среќна и ми подари шеќерно фустанче. Вечерта таа си отиде на нејзината планета, а јас му се восхитував на волшебниот подарок.
                                       - Имијанка Бајрамоска
                                                             

                                     Средба со суштество од друга планета
           Често сонував да имам средба со суштество од друга планета.
           Беше недела навечер и капките дожд удираа на прозорецот. Ја тргнав завесата и погледнав надвор. Небото беше тмурно, ветерот тивко пееше, а лисјата на дрвјата трепереа. Кога погледнав кон дворот, ме заслепе силна и необична светлина. Ги облеков моите гумени чизми и истрчав во дворот за да видам што се случува.
         Необична слика стоеше пред мене. Летачка чинија слета во нашиот двор. Голема и бела, а од отворената врата излегоа необични суштества со зелени уши, розов нос и долги сини нокти.
Во еден момент се исплашив и посакав да се вратам назад, но предизвикот ме влечеше да останам. Суштествата беа мирољубиви и ме поканија да прочетам со нив.
         Неверојатно доживување пред мене.  Со леталото ја свртевме целата планета од север до југ, од исток до запад. видов ѕвезди, други вселенски летала, сретнав необични суштества за кои никогаш не сум знаела дека постојат. Моите нови другари беа прекрасни и паметни. ме вратија дома и ми ветија дека некој ден ќе ме однесат на нивната планета.
                                           - Адиса Лутишоска
                                   

28. 3. 2019.

Од мојата автобиографија-сложувалки

Сложувалките што ги составувавме на часот: „Од мојата автобиографија“- според упатствата на наставникот, осмо одделение

 
                         


 



 












26. 2. 2019.

Најнови лични творби

Езерото е вечна инспирација. Новата генерација шестоодделенци пишуваше на оваа тема. 
Прочитајте ги нивните творби!



 Езерска слика
Крај езеро галеб стои
своите дечиња го строи.
Рибарот по езерото плови
со јадица риби лови.

Лебедот на езерото мирно спие
своите крилја нежно ги крие.
Ветерот од југ се јави
езерски бранови ќе прави
-Аммар Калчиноски
Сонцето над езерото
Зрак по зрак се редат
ко прекрасни момински коси
синилото на водата ги прима
брановите лесно ги носи

Утрото е волшебно
најубав, совршен мир
штом сонцето изгрева
над езерската шир

И зајдисонцето е бајка
над езерото мило
со своите раце
радост тоа свило

-Таида Шерифоска
Езерска слика
Езерото е рајска убавина
сончеви зраци го греат
лебеди и гулаби се смеат
езерска песна му пеат

Лебедот на езерото
мирно си спие
своите крилја ги гали 
и нежно ги трие.

-Анел Мијадиноски
Езеро
Крај езеро гулаб стои
гулапчиња свои брои
чамецот брзо плови
рибарот рипчиња лови

Крај езеро деца стојат
лебедите по ред ги бројат
се спушти и сонцето
како од врв кормило

-Нејла Имероска

Езерска убавина
Езерото тивко и мирно
големо, сино и ширно
Рибарот риби лови
со кајчето тивко плови.

Крај езеро лебед стои
своите деца ги брои
ветерот тивко дува
мајка дечиња чува.

- Демка Шајноска

Езерска слика

Езеро рајско убаво
слатко, бисерно, чудесно
крај тебе птица пее
од југ сонце топло грее

 Крај езеро  се шетам
ветерот нежно вее,
птицата песна пее.

Лебедот како украс бел
низ езерото броди
со раширени крилја цел
како цар низ водата оди

Кајче низ езерото плови 
со бранчиња палави се бори
рибарот рипчиња лови
цела ноќ патува до зори

-Авнија Шајноски

Езерска слика

Езеро мое мило
покрај Охрид си се скрило.
На твоите  бранови
кајчето вешто плови,
а рибарот риби лови.

Лебедот мирно броди,
дечиња свои по него води,
ветерот слини бранови крева,
песокот на брегот прави врева.

- Адријан Бадалоски

Езеро
Езеро мое, езеро драго
најубав шарен цвет
во целиот свет

Езерска е бајка
лебед штом видам
среќна да бидам

Езерото приказни плете
риби ќе ловам
со кајче ќе пловам

-Илхана Бизатоска



Езеро

Езерото е многу убаво
Сонцето со зраци го грее.
Езерото бистро и светло
од водата со ведрина ни се смее.

На небото галеби летаат
езерски песни ни даруваат.
Ветерот понекогаш силно дува
лебедот со кеилја дечиња чува.

-Нафис Калчиноски

Езерска слика

Езеро мое со волшебен сјај
прекрасен воден си рај
златно сонце весело те грее
Езерото нам ни се смее

Крај езеро голем штрк стои
своите деца ги строи
галебот весело над него лета
гулапчиња со него си шета.

-Ведрит Цаноски

Езерска слика

Езерце мое мало и сино
ти го красиш Охрид град
над тебе грее сонце златно
како слика на бело платно

-Ханиса Калчиноска



Езеро
Над Струга сонцето грее
езерото срамежливо се смее
брановите силно трубат
во песокта на брегот се губат

-Салих Салоски

Езерска слика
Езеро- росна убавино,
Сонце- светла сончевино,
бисерна синевино,
неискажана срцевино.

Останав без збор,
пред галеби во хор,
со лебеди се смеам,
за езерото ќе пеам.

-Аида Селимоска