27. 10. 2020.

Играме со буквите! На буква, на буква...

 

Современата македонска азбука, кирилицата, со која денес се служиме, ја изработила Јазична комисија, а ја одобрила Народната влада на Македонија со решение од 5 мај 1945 година.
Печатни букви


Ракописни букви


На следниот линк да ја погледнеме Азбуката на Биби АЗБУКА

А, на следниот квиз да си поиграме со буквите!



И ние, шестоодделенците од ООУ„Страшо Пинџур“ си направивме азбука. Погледнете!

Драгана Анѓеличиноска


Драгана Анѓеличиноска


Анастасија Бебекоска


 
Андреа Бебекоска



Ева Бебекоска

Ева Бебекоска

Јаков Бебекоски


    
Андреј Ѓорејлиески

                                     
Господин Иваноски


Атанас Костојчиноски


Ива Лазороска

Марија Чочороска





Димитар Шекуткоски

Петар Алулоски


Теодора Бебекоска



                                                          
Мартин Бебекоски
Марко Калајџиески

                                            
Бранкица Кукоска
                                              
Евгенија Пешиноска

                                                 

Воведа Србакоска



Мартин Чочороски














14. 10. 2020.

Поделба на литературата по родови

 

              Поделби на литературата

извор:Македонски јазик и литература

Литературата се дели според неколку критериуми.
1. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:
– лирика;
– епика, и
– драма.
Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.
2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:
– поезија (стих), и
– проза.

Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.

3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци, епохи). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:

– антика;
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– класицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.

4. Во минатото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат.Според авторството, можеме да ја поделиме на:

– народна (анонимна, колективна, усна) и
– уметничка (авторска).

Подготвив две презентации кои полесно ќе ви помогнат да ја совладате содржината. Внимателно погледнете ги!
        

        

6. 10. 2020.

Потекло на македонскиот јазик

„ Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно полколение на друго. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух.“

                                                                   -Крсте Петков Мисирков


Погледнете ја презентацијата!

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК     

                                       Запомнете! 

1. Македонскиот јазик припаѓа во семејството на словенски јазици.

2. Македонскиот јазик се вбројува во јужнословенската група словенски јазици.

3. Словенската писменост започнала во втората половина на 9 век.

4. Браќата Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост.

5. Старословенскиот јазик е првиот литературен јазик за сите словенски народи (создаден од македонските говори во околината на Солун).

6. Старословенскиот јазик бил пишуван на две азбуки: глаголица (38 букви, ја создал Кирил) и кирилица (44 букви).

7. Најстари зачувани текстови на старословенски јазик: Асемановото евангелие, Зографското евангелие, Мариинското евангелие (од крај на 10 до почеток на 12 век).


Асеманиево евангелие или Асеманово евангелие — глаголски ракопис од втората половина на X век чие настанување се поврзува со Охридската книжевна школа.


Зографско евангелие - средновековен македонски книжевен споменик кој потекнува од X или почетокот на XI век  напишан на глаголица и пронајден во Македонија.


Мариинско евангелие - средновековен македонски книжевен споменик кој потекнува од X или почетокот на XI век напишан на глаголица и пронајден во скитот „Св. Дева Марија“ на Света Гора.
             


                                                              Буквата  'А' на глаголица             

💬Интересна задача!
 Обиди се да го напишеш твоето име со глаголица!
👇Одговорете на следниве прашања!

1. Во кое семејство на јазици припаѓа македонскиот јазик?
2. Во која група на словенски јазици се вбројува македонскиот јаззик?
3. Кога започнала словенската писменост?
4. Кои се основоположниците на словенската писменост?
5. Кој е првиот литературен словенски јазик?
6. Како се вика  првата словенска азбука и колку букви имала?
7. Кои се се најстарите зачувани текстови на старословенски јазик?