1. Составни независносложени реченици;
2. Спротивни независносложени реченици;
3. Разделни независносложени реченици;
4. Исклучни независносложени реченици;
5. Заклучни независносложени реченици.
Составните независносложени реченици донесуваат содржини што се поврзани меѓу себе според вршителот, според времето или според местото на вршење на дејството и сл.
СВРЗНИЦИ: И, НИ, НИТУ, ПА, ТА, НЕ САМО ШТО — ТУКУ И.
- Сврзникот и поврзува реченици во кои се искажуваат истовремени дејства.
Пример: Поштарот стоеше пред вратата и чекаше да му отворат.
- Сврзникот и поврзува дејства што следуваат едно по друго.
Пример: Момчето ја зеде чантата, си стави чевли и излезе надвор.
- Сврзникот и поврзува и дејства што се последица на други дејства.
Пример: Таа беше болна и цела недела не одеше на работа.
- Кога меѓу двете содржини има спротивен однос, со сврзникот и се јавува пак или сепак
Пример: Јас можам да ти објаснувам цел ден и пак ќе направиш поинаку.
- Во одречни реченици со значење и + не, се употребуваат сврзниците ни и ниту
- Сврзниците па и та се употребуваат во реченици во кои врзуваме дејства што следуваат едно по друго.
Јас ќе напишам домашна, та ќе ти испратам тебе.
- Со сврзниците та и па се поврзуваат дејства кај кои второто е последица на првото.
Викањето го налути професорот, па им подвикна на присутните.
- Кај составните независносложени реченици се јавува и сложениот сврзнички состав не само што - туку ( ама, но, ами, и).
(В. Подгорец)
Правописно правило: Составните независносложени реченици со сврзниците и, ни, ниту, не се одделуваат со запирка. (освен во речениците во кои се изведува заклучок, на пример: За нас се сите, и ние ќе победиме.)
Пред па и та се пишува запирка.
Речениците со сврзничкиот состав не само што - туку/ами/но и (не) ㅡ не се одделуваат со запирка.
Забелешка: Користен е учебникот за средно образование од С. Бојковска, Д. Пандев, Лилјана Минова-Ѓуркова и Живко Цветковски.
Вежби за составни независносложени реченици
1. Состави три реченици со сврзник по твој избор, за составните независносложени реченици (и, па, та, ни, ниту, не само што-туку ( ама, но, ами, и).
2. Прошири ги следниве реченици во составни:
- Тренерот не дојде _________________________.
- Матеј ги изми рацете _______________________.
- Пеев гласно_____________________________.
Ропство и слобода
Носело едно дете кафез со две птички. Тие очајно колвале и со крилцата удирале по жиците. Некој човек го сретнал детето и го прашал:
ㅡ Малечко, колку ги продаваш птиците?
ㅡ Петстотини денари ㅡ рекло детето.
Човекот извадил од џебот пари, му ги дал на детето и ги пуштил птиците на слобода.
Детето зачудено прашало:
ㅡ Што направи?
ㅡ Јас, дете мое, четири години бев во ропство, па знам како е црно ропството.
Откако му одговорил на детето, човекот си заминал.
(Р. Баумвол)
Нема коментара:
Постави коментар