Спротивните независносложени реченици изразуваат спротивен однос меѓу содржините во дел-речениците.
- Сврзници: а, но, ами, ама, меѓутоа, туку;
- Пред сите сврзници за овој вид реченици се пишува запирка.
СВРЗНИКОТ А
1. Тој сака да насмее, а расплакува. (Сл. Јаневски)
2. Прерано научив за страдањата, а радоста сè уште ја барам. (В. Подгорец)
3. Не сака да се сеќава на Ана, а често зборува за неа.
4. Се превртуваше на тревата, а никој не го гледаше.
СВРЗНИЦИТЕ НО, АМА И МЕЃУТОА
一 реченици во кои двете спротивни дејства се во потврдна форма
Примери:
1. Учениците го разбраа Диме, но сакаа да го слушнат ѝ професорот.
2. Вежбањето го исцрпува телото, ама го јакне човековиот дух.
3. Се приближи до авионот, меѓутоа се откажа од летот.
一 реченици во кои во втората дел-реченица се јавува негација.
Примери:
1. Повикајте ги на роденденот, но не кажувајте им за изненадувањето.
2. Се обидуваше да дојде, ама немаше вистинска храброст за тоа.
3. За роденден посака таблет, меѓутоа желбата не му се исполни.
СВРЗНИЦИТЕ АМИ И ТУКУ
一 реченици во кои првата дел-реченица е одречна, а второто дејство е она што важи.
Примери:
1. Не се смеам, туку се радувам. (Петре М. Андреевски)
2. Тој не мислеше да се смири, ами гнев го водеше напред.
ВЕЖБИ
- Пронајди ги спротивните независносложени реченици и препиши ги!
Штурец и мравки
Во зимно време побара штурецот од мравките некое зрно житце на заем, но тие го избркаа од својот дом.
一 Ние цело лето работевме, а ти свиреше.
Штурецот со наведната глава си заминал дома. Тој не добил храна и останал засрамен.
- На секоја од започнатите дел-реченици додај уште една дел-реченица за да составиш спротивна независносложена реченица (употребувај различни сврзници)
2. Отишол еден ловџија на лов ____________________________.
3.Чашата не ја скрши Кристина_____________________________.
4. Ја најдов книгата за лектира _____________________________.
- Трансформирај ги составните независносложени реченици во спротивни независносложени реченици.
2. Гласот не му затрепери ниту имаше трема.
3. Наставникот не нè виде, та и не нè опомена.
4. Не ја чу критиката ни го интересираше таа.
Нема коментара:
Постави коментар