- Во начинската зависносложена реченица, зависната дел-реченица дава податоци за тоа како се одвива, се одвивало, или ќе се одвива дејството во главната дел-реченица.
- Сврзници: како, како да, (како) божем, небаре, како што и сл.
- Начинските зависносложени реченци не се одделуваат со запирка.
1. Се однесувате како да не знаеме ништо.
2. Влезе тивко во куќата како божем бара нешто.
3. Се стрчна низ патеката небаре ѝ се вратиле силите од младоста.
4. Се однесувате како да сме сè уште деца.
5. Целата соба замириса како да е градина со мирисливи цвеќиња.
6. Ангела ќе направи како што ќе и рече мајка ѝ.
7. Детето пиеше вода како да не пиело цел ден.
8. Замириса од кујната како божем гореше куќата.
Забелешка: Има начински зависносложени реченици кои почнуваат со без да
Без да сакам, го навредив другарот. (сепак овие реченици можеме да ги сметаме и за допусни: Иако не сакаше, го навреди другарот)
ВЕЖБИ
Нема коментара:
Постави коментар