Врската меѓу дел-речениците кај овие реченици е полабава: една содржина се надоврзува на друга, едно дејство се надоврзува на друго.
1.Исклучни независносложени реченци
Сврзувачки средства: само, само што, освен што, единствено, единстевно што
Примери:
- Сите деца дојдоа на забвата, само Мартина не дојде.
- Соседите живееја сложно, само што Михаил не се движеше меѓу нив.
- Би сакала да ви кажам нешто, само не знам како.
- Подготвив сè за приредбата, единствено го заборавив говорот дома.
2. Заклучни независносложени реченици
Сврзувачки средства: модални зборови со кои се изведува заклучок (значи, веројатно, сигурно и сл).
Примери:
- Ја слушам нејзината песна, значи среќна е.
- Го решив тестот, сигурно ќе добијам добра оценка.
- Коста потскокна, веројатно го исплаши силниот звук од соседството.
ВЕЖБИ
1. Прошири ги речениците со заклучна реченица.
- Вредно работеше секојдневно______________________.
- Бојан и Михаил отидоа на Голина _________________________.
- Ја купи најновата книга ______________________________.
3.
Во врска со оваа слика состави од секој вид независносложени реченици по една и запиши ја на соодветната празна линија:
- составна _______________________________________
- спротивна______________________________________
- разделна_______________________________________
- исклучна_______________________________________
- заклучна_______________________________________
Нема коментара:
Постави коментар