сложени зборови |
Зборовите во современиот стандарден македонски јазик, според правописот се пишуваат секој посебно, разделени со белини.
- Сложените зборови се составени од два или повеќе одделни збора при што добиваат ново значење.
- Тие може да се пишуваат слеано, полуслеано или разделено во зависност од степенот на сраснување меѓу компонентите.
Вежби за слеано пишување на зборовите
1. Во извадокот има погрешно напишани зборови. Пронајди ги и поправи ги!
„... Јане беше главен во нашата играорна група. Тој беше оро водец и тоа
прво класен. Најдовме бес платен простор во една пет катница. Групата брои
петнаесетина члена и упорно вежбаме веќе три години. Сега имаме три часовни
вежби секое попладне зашто се подготвуваме за еден фолклорен фестивал кој ќе одбележи дваесет годишнина од своето постоење. Ќе имаме неколку дневен престој...“
Илија Јованчевски, ученик
2. Напиши три реченици во кои ќе употребиш сложени зборови кои се пишуваат слеано.
Нема коментара:
Постави коментар