1. 3. 2017.

Лични творби; Генерација 2016/2017 г.


                      Визуелни и аудитивни елементи во песна

   При обработка на наставната единица за визуелни и аудитивни елементи во песните, учениците напишаа прекрасни творби.


Езерска слика

Над Охрид сонце грее,
птица  над езеро пее.
Цветна Галичица гордо стои,
птиците -песнопојки ги брои.

Сина убавина блеска силно,
лебедите се прегрнале милно,
Кајчето на рибарот плови,
езерските воздишки ги лови.

Евгенија, Седина, Анастасија и Сунчица - VI 2 одделение

Езерска слика

Убаво езеро сино
кајчиња по тебе пловат,
рибарите рипчиња ловат,
на немирни бранчиња бродат.

На небото има галеби бели,
со ветрот се борат-смели.
Лебедите пливаат лесно,
насекаде лево-десно.

Сонцето силно грее,
на езерото му се смее,
езерска песна се пее,
ѕвонлив глас се лее.

-VI 1одделение



Езерска слика

Езерце мое полно со љубов, 
рибите во тебе живеат среќно,
галебите над тебе гракаат моќно,
ветерот немирно по бранчиња шета, 
птицита-песнопојка гордо лета.

Езерце мое ти си ко рај,
се гледа тоа од секој крај.

Сонцето силно те грее, 
со богатство, љубов тебе ти се смее.
Слатката твоја вода
најубава е природна мода.
  
-Есма Рамадани

 Езерце мое

Езерце среќно мило
сите лебеди си ги свило.

Бранчиња со тивок тресок,
го гушкаат крајбрежниот песок.

Рибарот низ тебе плови,
шарените риби ги лови.

Езерце, ти си прекрасен цвет,
најубав во целиот свет.

-Елдина Османоска

Езерска слика

Сонцето силно гори,
езерцето ладно збори,
птиците гласно пеат
дечиња весело се смеат.

На ова волшебно место,
може да се најде сешто.

Езерце мое мило, 
ти си ми десно крило.
Не се купуваш со пари,
природата ни те дари.

-Елдина Османоска, Есма Рамадани

        

Езерска слика
Езерото сино светка,
рипчиња во разни бои,
лебедите бели во строј,
а дечиња радосни во голем број.

- Мунип Али Имероски

Моето езеро

Над Охридското Езеро
галеби летаат,
бели како снег,
најубави на свет.

Езерото со боја нежно сина,
покрај него се движам,
за ништо не се грижам.

-Анастасија Стефаноска

Езерска слика

Крај езеро поминав,
со восхит застанав,
преполна со воздишки,
од таа убавина, заминав.

Езерска далга во песна
ветрето со мелодија лесна.
Кајче низ езерото плови,
рибарот рипчиња лови.

Сонцето со зраци го грее,
со бранче-цветче се смее.

-Мерлина Мевмедоска

 На езеро
 Девојчето убаво се смее,
сонцето топло грее,
рибарот риби фаќа,
а навечер дома се враќа.

-Аделиса Имероска

Езеро
Езерото сино блеска
кајчиња мирно пловат
лебеди бели бродат
со галеби оро водат.

 -Адем Лутишоски

Езерска слика

Галеби прекрасни бели
волшебна е глетка
езерото жубори блика
лебеди смели-убава слика.

Убаво си ти езеро
кајчиња те красат
бранчиња се класат
од убавина сјаат.

-Бојан Будоски

Езеро

Низ езеро лебеди пловат
галеби полн рој,
а деца во голем број.

Езерото блеска како сјај,
убаво е во месец мај.
Јас те сакам езеро бистро,
сјајно, волшебно, чисто.

-Евгенија Топузоска

Езерска слика
Децата крај езеро стојат
ветре дува над далгите сини
галебите бели силно грачат,
а децата со лепче ги хранат.

-Ебру

                          



Езерска слика 

Ти, Охридско Езеро чисто и бистро,
го красиш мојот роден град.
Над тебе Галичица цветна стои
и птиците вешто ги брои.

Кога заоѓа сонцето златно,
ти светкаат бранчињата,
ти се восхитуваат сите
на  синевината.

Блика светлината твоја
над древниот град Охрид,
не знам како да те опишам,
а нешто да не заборавам.

Ти, езеро мое,
ти си мајски цвет,
најубаво, 
најсјајно, на целиот свет.

-Сунчица Бадалоска

Езерска убавина

Ти езеро сино и бистро,
го красиш мојот кат,
над тене исправен стои
древниот Охрид град.

Се белеат над тебе едра,
летаат галеби бели.
Над градот птици пеат,
 насекаде радост сеат.

-Седина Руфатоска

Езерска слика

Мое езеро сино,
убаво како небо,
сонцето силно те грее,
а ветерот гранки вее.

Бранчиња потскокнуваат
галеби прелетуваат
песна езерска се пее
на секој тоа му се смее.

- Анел Рахманоски

 Езеро

Езеро мое мило
го красиш Охрид древен
лебеди на тебе пловат
со клунови рипчиња ловат.

Езеро мое мило
без тебе градот не е град
од тебе свежина блика
и постојан лад.

-Виктор Шуминоски

Езерцето убаво клокоти
рибарот риби лови
сонцето силно грее
бродот по водата плови.

Езерце наше мило
Те сакаме, самовило!

-Селма Дервишоска

Нема коментара:

Постави коментар