14. 3. 2017.

„Хајди“- Јохана Шпири

                         
💬 Хајди (1880)  е швајцарски роман за деца кој го напишала Јохана Шпири.
                            Кратка содржина
   Хајди  има пет години и по смртта на своите родители, останува без старатели.  Тетката  Дета,  ја носи Хајди кај нејзиниот дедо во планината за да се грижи за неа. Дедото, во почетокот не сака да ја задржи зашто не знае ништо за одгледувањето деца.  Хајди е толку весела и ведра што не може некој, а да не ја сака. Брзо се спријателува со Дедото и планината за неа станува вистински дом. Хајди се спријателува со Петре козарот кој живее со неговата мајка Бригита  и  со слепата баба. Летно време Хајди и Петре одат со козите, а на зима дедото ја санка по снегот. Хајди е сочувствителна и успева да го наговори Дедото да  го поправи кровот на бабината куќа. Дедото всушност е многу добар човек кој има своја мачна судбина.
   По неколку години тетка Дета доаѓа и ја зема Хајди. Таа ја сместува во Франкфурт во домот на едно богато семејство. Хајди треба да се дружи со ќерката на г. Сезаман, Клара, која  е неподвижна после смртта на нејзината мајка. Во градот  Хајди ќе научи да чита, да се однесува убаво и ќе ѝ биде весел придружник на тажната Клара.
    Хајди ќе се разболи од тага и носталгија за Дедото, планината, чистиот воздух... Таа ќе се врати кај Дедото.
    Клара ќе дојде да ја посети, а љубоморниот Петре ќе ѝ ја искрши количката. Клара е воодушевена од планината, зелената трева, воздухот...
Со помош на Хајди и Петре, таа ќе успее да прооди. Сите се среќни и возбудени.

Хајди

Хајди-девојче кое од пет години останува без родители. Љубопитна, весела, насмеана, вредна, паметна. Таа многу го сака својот  планински дом.
Таа е искрена, отворена и подготвена да им помогне на сите. Се радува на ситници, ужива кога ги гледа ѕвездите од својот сламен кревет на таванот. Трча низ зелените ливади, собира цвеќиња, ја сака природата. Јака е и зрела за своите години. Сите ги исполнува со својата ведрина и оптимизам, а и дедото се менува кон подобро.

Лектирата ја работевме на два часа.
Првиот час ја разработивме содржината( тема, фабула, ликови, идеја). читавме најинтересни моменти од делото.
Вториот час ги анализиравме ликовите: Хајди, Дедото, Петре...
Се поделивме во групи и го илустриравме ликот Хајди со опис околу илустрацијата.
Потребен материјал: листови, боици 
Изработивме и кукли претставувајќи го ликот на Хајди.
Потребен материјал: Хартиени марамчиња, стапчиња за чистење уши, волница, боици, мали ластичиња.
Сѐ што направивме убаво го документиравме, па видете на следните слики.
                          
                                             
                                                                   
Хајди е весела и ведра















👀  Погледнете ја  интересната ТВ приказна за селото на Хајди  ТУКА


 👀 Гледајте го и прекрасниот анимиран филм за Хајди (на српски)


Нема коментара:

Постави коментар