Драматизација на приказната - Итар Пејо и селаните риболовци
Тргнале еден ден, неколку селани, Мариовци да одат на Црна да ловат риби. Ловеле што ловеле, си кинисале да си одат дома. И таман на неколку чекори од реката, еден селанец привикал:
Селанец: Море селани, ние ловевме риби, се туркавме по површината на водата, но којзнае дали не се удави некој од нас. Не правиме лошо да се преброиме.
( Го одобриле сите предлогот и застанале, а предлагачот почнал да брои)
Селанецот: Еден, два, три, четири… ( дотерал до осум). Ами чаре! Ние тргнавме девет, а се враќаме осуммина. Значи еден од нас се удавил!
( Почнале сите да бројат - осум па осум . Ниеден од нив сам не се броел и си тргнале кон селото и си заплакале. Еден се удавил
денеска во Црна, ама кој е и самите не знаат. Оделе што пооделе ги сретнал Пејо и ги видел уплакани )
денеска во Црна, ама кој е и самите не знаат. Оделе што пооделе ги сретнал Пејо и ги видел уплакани )
Пејо: Што така сте уплакани, бре кршоборци?
Селанецот: Еден од нас се удави, ама не знаеме кој!?
Пејо: Колкумина тргнавте?
Селанецот:Девет, а сега сме осум!
(Пејо веднаш ја разбрал работата, но решил да ги насамари за нивната глупост)
Пејо: Лесно ќе провериме, џанам. Ајде легнете овде на песокот и забодете ги носовите во него. Колку дупки ќе направите толку мина сте живи.
( Легнале селаните, ги забоделе носовите во жешкиот песок и направиле по една дупка. Кога станале, почнал Пејо да ги брои)
Пејо:Еден, два, три... ( излегле девет)
( Се израдувале селаните оти никој не се удавил и му дале на Пеја од рибите да му ја платат мудрата постапка оти се нема удавено ниеден од нив).
(Од Македонски народни приказни, Марко Цепенков)
Итрецот |
Нема коментара:
Постави коментар