Приказивање постова са ознаком рима. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком рима. Прикажи све постове

10. 12. 2020.

Композиција на песна-Видови строфи и рима







                                                   


               Утро

Ноќта ја крева црната завеса.

Од исток
бел галеб стреловито долетува
со крилја позлатени
и белина донесува на сцената.

Галебот бел                                                           
со весел крик слетува среде морето
прв да се искапе
во водата прозрачна.

Но тогаш
бранчиња луди се озабуваат
па го заробуваат
и крилја нежни му строшуваат.

Белината останува над водата
со златни нитки извезана.
                        Генади Болиновски


Што е стих?

Што е строфа?

Од колку строфи е составена песната?

Колку стихови брои песната?

Од колку стиха е составена првата строфа и како се вика строфата?

Препиши ја строфата во која има два стиха.
Како се вика строфа од два стиха?

Како се вика строфа од четири стиха?

Во кои строфи од песната има четири стиха?

Како го разбираш стихот:
„Ноќта ја крева црната завеса“


Ученик ______________________________________________

Во следниве  стихови од различни  песни, определи ја римата според местото на акцентот:


1. „На гранка сув и последен лист 
      како златник се злати,                                                          
     трепери тивко,последен поздрав
      сака да прати...“
         (Последниот лист-Душко Аврамов)
        
    ___________________________                             
 



2. „Изворот на желбите е око отворено,
      од клокот занесено,
      од смеа зазорено.“
                (Изворот на желбите-Стојан Тарапуза)
      

                                                                                           
      ___________________________________                     




3.„Што се случи во тој час
     од сонот се разбудив јас.
     Тоа било само сон,
     тежок колку еден тон.“
           (Детска песна-од Развигор)




   _____________________________________              
         







Вежби за композиција на песна и рима                         Наставник

29. 11. 2020.

Твориме-римуваме! Слободата - птица в лет

 



Слободата -птица в лет

Една птица тажна
во кафезот стои,
во слобода лажна,
денови  не  брои

Сонува за небесна шир
 природа, прекрасен мир.
Над море да рашири крила
да кликне во слобода мила
- Зорица Мурџеска

                                                                 

 Слободата - птица в лет

Птицо моја мила,
небесна убавице сива
на небото шириш крила
во радост слобода си свила.

Слободата е птица в лет,
во бескраен и широк свет.
Птица, среќна разлетана,
во слобода расцветана.
       -Надица Иваноска

 


Слободата - птица в лет

Утрото кој не го гледа,
тој голема среќа нема.
 Сенка темна и бледа 
на ѕидот му се слева.

Дали има нешто
повредно од слободата
Не - птица е таа на небото!
Не - риба е таа во водата!
 - Георгина Србакоска 

  

Слободата - птица в лет

Мала жолта птица
на небо слободно лета,
застанав крај прозорецот
чекам пред мене да слета.

Во слобода, таа лета,
раширила крила,
ја гледам, се восхитувам,
колку е убава и мила. 

Од прозорецот брзо,
потскокна и летна,
ги рашири крилцата,
како зрак на небото светна.
            -Марија Мурџеска



Слободата - птица в лет

Во едно прекрасно мајско утро
се спушти една птица в лет,
размислуваше таа мудро
сакаше да го обиколи целиот свет.

А кој не би сакал,
 на тоа небо ширно,
да одлета в мир,
во тоа утро тивко
да се распее на небесната шир.

Слободна се спушти в лет, 
со радост и весела песна,
го обиколи целиот свет.
 - Љубица Димитриеска
 


Слободата - птица в лет
 
Лет, лет ластовичке
на далечен пат,
а твоето гнездо
ќе го чувам јас.

Штом Сончко нè згрее
ќе те чекам јас,
со твоите друшки млади
ќе ми дојдеш пак.

Ќе исполниш срце мое
со весела песна твоја,
и нов дом ќе свиеш
под мојата стреа.
- Голабинка Мукоска

             

Слободата -птица в лет

Во кафез го ставил
како во пранги
славејот тажен,
наведнал глава.

Гласот му трепери,
 а сака да пее.
Низ кафезот тажно 
сонцето го грее.

Се отвори врата
и славејот летна.
Небесната го чека шир,
посакува ѕвезден мир.

Со песна слободата ја слави,
пораки кон луѓето праќа
Мир, слобода и љубов
нека царуваат, мои браќа.
 - Иван Димитриески






6. 11. 2012.

Рима

Римата е гласовно совпаѓање на исти слогови на крајот на два или повеќе стихови.

Според местото на акцентот во зборовите римата може да биде:
*машка(рај-крај);зборот е составен од еден слог.
*женска(мила-свила);зборот е составен од два слога.
*дактилска(долетува-полетува);зборот е составен од три и повеќе слогови.
Примери:
 1.Машка рима
„Пролет,чинам беше-ноќ убава,красна,
  зборевме на сокак со младинска жар,
  за новиот човек што ко сонце јасно,
  ќе изгрее славно на земниот шар.“
             („За новата пролет“-Гого Ивановски)
2.Женска рима
„Чуј како стенка ветер низ нашите рамници пусти
  и вала во влажниот дол маглишта-слоеви густи...
  Со пискот летнува гарван и кружи над моето чело.
  матно е небото цело.“
           („Во доцна есен“-Воислав Илиќ)
3.Дактилска рима
„Стадо в кавал заљубено
 ѕвоно в песна изгубено
око в божур залудено.
Румено!Румено!Румено!“
           („Залез“-Матеја Матевски)

Според местото во стиховите,римата може да биде:
*паралелна(ако римуваните зборови се во неколку(најмалку два) стихови еден по друг)
*вкрстена(римите се наоѓаат на првиот и третиот стих и вториот и четвртиот стих во строфата)
*обгрлена(римувани се зборовите од првиот и четвртиот стих и вториот и третиот стих)

Примери:
1.Паралелна рима
„Ене го крајот во возбуда сина.
таму детството мое ми мина.
Плачат оние планини за мене!
         („Од возот“-Блаже Конески)
„Стани си уре порано
  дојди си вечер подоцна,
  наутро радост понеси,
  Навечер тага донеси.“
        („Денови“-Кочо Рацин)

1._________________
2._________________
3._________________        1-2;3-4
4._________________
2.Вкрстена рима
„Два конца парај од срцето драги,
  едниот црн е,а другиот црвен,
  едниот буди морничави таги,
  другиот копнеж и светол и стрвен.“
        („Везилка“-Блаже Конески)


1._____________________
2._____________________
3._____________________         1-3;2-4
4._____________________
3.Обгрлена рима
„Светка, зимски, мраз по улиците.
Снегот од кровови обвиснува
 во мразулци.А што ни смислува
 ќе кажат допрва капавиците.“

1______________________
2______________________
3______________________           1-4;2-3
4______________________



                            
    
      
                Римата во песната„Везилка“-Блаже Конески