Утро
Ноќта ја крева црната завеса.
Од исток
бел галеб стреловито долетува
со крилја позлатени
и белина донесува на сцената.
Галебот бел
со весел крик слетува среде морето
прв да се искапе
во водата прозрачна.
Но тогаш
бранчиња луди се озабуваат
па го заробуваат
и крилја нежни му строшуваат.
Белината останува над водата
со златни нитки извезана.
Генади Болиновски
Што е стих?
|
|
Што е строфа?
|
|
Од колку строфи е составена песната?
|
|
Колку стихови брои песната?
|
|
Од колку стиха е составена првата строфа и како се вика
строфата?
|
|
Препиши ја строфата во која има два стиха.
Како се вика строфа од два стиха?
|
|
Како се вика строфа од четири стиха?
|
|
Во кои строфи од песната има четири стиха?
|
|
Како го разбираш стихот:
„Ноќта ја крева црната завеса“
|
Ученик ______________________________________________
Во следниве стихови од различни песни, определи ја римата според местото на
акцентот:
1. „На гранка сув и последен лист
како златник се злати,
како златник се злати,
трепери тивко,последен поздрав
(Последниот лист-Душко Аврамов)
___________________________
2. „Изворот на желбите е око отворено,
од смеа
зазорено.“
(Изворот на желбите-Стојан Тарапуза)
___________________________________
3.„Што се случи во тој час
од сонот се
разбудив јас.
тежок колку
еден тон.“
(Детска песна-од
Развигор)
_____________________________________
Вежби за композиција на песна и рима Наставник
Нема коментара:
Постави коментар