Приказивање постова са ознаком придавки. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком придавки. Прикажи све постове

8. 2. 2016.

Придавки - видови придавки

Придавките се менливи зборови што именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите.

Според значењето се делат на: описни (висок, слаб, убав);
                                                      односни
       (присвојни-мајкин, градска; материјални - стаклен, волнен)
                                                      бројни (втор, седмо, стоти)
                                                      заменски (мој, твој, колкав, некаков)

Прочитајте ја и оваа објава за ПРИДАВКИ

                        ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ
1. Техника 👉 Минута чекање

💬  Учениците кажуваат придавка која започнува со почетната буква од нивното име.

2. Наставникот пишува реченица на таблата👇
Во Градскиот парк, на дрвена клупа седеа убави девојчиња. 
 
💬Учениците ги откриваат видовите придавки во реченицата;

На дрвото со придавки, ги запишуваат на соодветно место, според претходно дадената поделба.

3. Групна форма на работа:  дадени задолженија по нивоа;

Прва слика 👇
       
слика 1
    Учениците пишуваат текст  во кој ќе употребат придавки,  а потоа придавките  ќе ги подредат во табела (да има од сите видови);
   Учениците ги напишаа следниот текст👇
                             Снешко
   Зимата е најубавото годишно време. Таа носи бели покривки и ја повива природата. Нестрпливите деца се облечени со зимски јакни, волнени капчиња, топли шалчиња и шарени ракавици. Тие излегуваат надвор и веселата забава почнува.
   Мојата сестра, Амина, почна со правење снежни топки за нејзиниот Снешко. Нашиот брат истрча надвор за да ѝ однесе портокалов морков  и црвена волнена капа за белиот пријател. Шестото јагленче на дебелото стомаче значеше дека Снешкото е завршен. Зимското другарче кое го направи Амина  беше најубавиот Снешко на селскиот  рид. 
   Топлиот чај кој го подготви мојата мајка нѐ повика сите да се вратиме во нашиот дом. 
Ученици: Ајше
                 Рамадан
                 Нихад
                 Анес
                 Ифет

Втора слика👇
                                     
слика 2
     Пишуваат реченици во кои ќе има од сите видови придавки-подредени во табела;
Учениците ги напишаа следните реченици.  
1. Веселите деца се лизгаат на селското лизгалиште.
2.Дрвената куќа е опколена со длабок бел снег.
3. Нашата куќа изгледа прекрасно прекриена со бел снег.
4. Осмото дете падна на смрзнатото лизгалиште.
5. Ваквото време е најубаво за ноќно лизгање.
Ученици: Фикрија
                  Ѓула
                  Када
                  Ахмед


Трета слика👇
                                               
слика 3
    Учениците добиваат именки за кои ќе смислат придавки од сите видови (потоа да се подредат во табела);

Именки: деца, птици, храна, ракавици, чизми, снег, капа, шал, река.
 Третата група успешно ја заврши задачата.    

палави деца, втората птица, птичја храна, волнени ракавици, убави чизми, бел снег, бабина капа, мој шал, смрзнатата река.

    💭ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА И ОДГОВОРЕТЕ ЈА  НАШАТА КОНТРОЛНА ЗАДАЧА НА СЛЕДНАТА  ОБЈАВА👇
                            ПРИДАВКИ

25. 2. 2015.

Контролна задача за придавки- седмо одделение


Одговорете ги следните вежби:(тестот може да се реши само еднаш)
ПРИДАВКИ 


Контролна задача за придавки - седмо одделение
Ученик_______________________ 
                             
Внимателно со придавките!

1.Заокружи!
Придавките се зборови со кои се означуваат некакви карактеристики на предметите,
суштествата и појавите.                                                                                  1/
                                            Т------------- Н

2.Подвлечи ги придавките во речениците!
а)Видов убава девојка. б)Седеше во првиот ред.
в)Излегоа на градскиот плоштад в)Си купив волнен џемпер                    4/

3.Разгледај ги придавките и кажи какви се!
Весело(дете)_________
дрвен (стол)__________
мајкино(чедо)_________
трето(дете)____________
моја(мајка)____________                                                                                    5/

4.Од кој род и во кој број се следниве придавки:
Летно (утро)___________
мали (проблеми)________
млади(елени)___________
среќна(девојка)_________
свилен(конец)__________                                                                                    5/

5.Подвлечи ги придавките кои се определени!
Дрвената(маса),вреден(човек),стаклената(вазна),наша(куќа),шестиот(ред)   3/

6.Степенувај ги следниве придавки!
Вреден___________________________________
Ситен____________________________________
железен__________________________________
ваков____________________________________
добар____________________________________
тенок____________________________________                                                          6/

7.Во следнава реченица подвлечи ги придавките и одговори на барањата:
Високиот кошаркар има голема поддршка од публиката.
__________, __________.__________,_____________
( придавка) (род) (број) (определеност)

______________, __________________
(компаратив) (суперлатив)

___________,__________, ___________,_______________
(придавка) (род) (број) (определеност)
_________________,_________________                                                                     12/
(компаратив) (суперлатив)

                                                                                                                Вкупно:36/
Скала за оценување:
0-11/1
12-19/2
20-27/3
28-31/4
32-36/5 Наставник______________ Родител______________

7. 8. 2012.

Придавки

Придавките именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите.
Пр.чиста маса, мала куќа, црно маче, убава девојка, училиштен двор итн.
придавките се во тесна врска со именките и најчесто се употребуваат со нив. Придавките ги имаат истите граматички категории како именките(род, број, определеност). Таа се согласува со именката по однос на овие категории.
Пр.висок човек-еднина, машки род, неопределена; високи луѓе-множина
или високиот човек-определена придавка;
      висока жена-еднина, женски род, неопределена; високи жени-множина
или високата жена-определена придавка;
      високо дете- еднина, среден род, неопределена;високи деца-множина
или високото дете-определена придавка.
Според значењето придавките се делат на :описни(квалитативни), односни(релативни), бројни и заменски.
Описни придавки-означуваат својства на предметите што произлегуваат од нив, од нивното внатрешно својство.Со нив се опишуваат предметите и појавите.одговараат на прашањето каков е некој и нешто.
примери:долг, мал, широк, дебел, ситен, висок, голем;
                благ, лут, кисел, горчлив, солен;
                мазен, кршлив, тврд, мек;
                зелен, бел, црн, црвен;
                љубезен, мрзелив, храбар, паметен.
Односни придавки-означуваат карактеристика на предметот од односот со некој друг предмет.
Поделени се на материјални придавки(дрвен, железен, стаклен, сламен, волнен, хартиен)и присвојни придавки(градски, селски, работнички, дедов, татков).
Бројни придавки-однос на некои предмети по ред и се образуваат од броеви.
примери:втор, петти, двоен, трети, стоти)
Заменски придавки-се образуваат од заменки и се делат на:присвојни(мој, твој, наш, нивни),
количествени(толкав онолкав), квалитативни(таков, ваков), прашални(каков, колкав), општи
(секаков), неопределени(некаков).
Степенување на придавките
Описните придавки се степенуваат (може да имаат различен степен на особеноста)
пр.висок-повисок-највисок
Описните придавки имаат две форми за степен:компаратив(по-)и суперлатив
(нај-),наспрема основната форма-позитив.
вкусна( торта)-позитив
повкусна(торта)-компаратив
највкусна (торта)суперлатив.
За да се степенува мора да има повеќе од еден предмет.
Прекрасна девојка
Играм интересна игра!