Придавките се менливи зборови што именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите.
Според значењето се делат на: описни (висок, слаб, убав);
односни
(присвојни-мајкин, градска; материјални - стаклен, волнен)
бројни (втор, седмо, стоти)
заменски (мој, твој, колкав, некаков)
Прочитајте ја и оваа објава за ПРИДАВКИ
ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ
1. Техника 👉 Минута чекање
2. Наставникот пишува реченица на таблата👇
Во Градскиот парк, на дрвена клупа седеа убави девојчиња.
На дрвото со придавки, ги запишуваат на соодветно место, според претходно дадената поделба.
3. Групна форма на работа: дадени задолженија по нивоа;
Втора слика👇
Учениците добиваат именки за кои ќе смислат придавки од сите видови (потоа да се подредат во табела);
💭ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА И ОДГОВОРЕТЕ ЈА НАШАТА КОНТРОЛНА ЗАДАЧА НА СЛЕДНАТА ОБЈАВА👇
ПРИДАВКИ
Според значењето се делат на: описни (висок, слаб, убав);
односни
(присвојни-мајкин, градска; материјални - стаклен, волнен)
бројни (втор, седмо, стоти)
заменски (мој, твој, колкав, некаков)
Прочитајте ја и оваа објава за ПРИДАВКИ
ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ
1. Техника 👉 Минута чекање
💬 Учениците кажуваат придавка која започнува со почетната буква од нивното име.
2. Наставникот пишува реченица на таблата👇
Во Градскиот парк, на дрвена клупа седеа убави девојчиња.
💬Учениците ги откриваат видовите
придавки во реченицата;
3. Групна форма на работа: дадени задолженија по нивоа;
Прва слика 👇
Учениците пишуваат текст во
кој ќе употребат придавки, а потоа придавките ќе ги подредат во табела (да има од сите видови);
Учениците ги напишаа следниот текст👇
Снешко
Зимата е најубавото годишно време. Таа носи бели покривки и ја повива природата. Нестрпливите деца се облечени со зимски јакни, волнени капчиња, топли шалчиња и шарени ракавици. Тие излегуваат надвор и веселата забава почнува.
Мојата сестра, Амина, почна со правење снежни топки за нејзиниот Снешко. Нашиот брат истрча надвор за да ѝ однесе портокалов морков и црвена волнена капа за белиот пријател. Шестото јагленче на дебелото стомаче значеше дека Снешкото е завршен. Зимското другарче кое го направи Амина беше најубавиот Снешко на селскиот рид.
Топлиот чај кој го подготви мојата мајка нѐ повика сите да се вратиме во нашиот дом.
Ученици: Ајше
Рамадан
Нихад
Анес
Ифет

Пишуваат реченици во
кои ќе има од сите видови придавки-подредени во табела;
Учениците ги напишаа следните реченици.
1. Веселите деца се лизгаат на селското лизгалиште.
2.Дрвената куќа е опколена со длабок бел снег.
3. Нашата куќа изгледа прекрасно прекриена со бел снег.
4. Осмото дете падна на смрзнатото лизгалиште.
5. Ваквото време е најубаво за ноќно лизгање.
Ученици: Фикрија
Ѓула
Када
Ахмед

Трета слика👇
слика 3 |
Именки: деца, птици, храна, ракавици, чизми, снег, капа, шал, река.
Третата група успешно ја заврши задачата.
палави деца, втората птица, птичја храна, волнени ракавици, убави чизми, бел снег, бабина капа, мој шал, смрзнатата река.
Третата група успешно ја заврши задачата.
палави деца, втората птица, птичја храна, волнени ракавици, убави чизми, бел снег, бабина капа, мој шал, смрзнатата река.
💭ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА И ОДГОВОРЕТЕ ЈА НАШАТА КОНТРОЛНА ЗАДАЧА НА СЛЕДНАТА ОБЈАВА👇
ПРИДАВКИ
Нема коментара:
Постави коментар