Приказивање постова са ознаком мудрости. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком мудрости. Прикажи све постове

20. 8. 2013.

Од народната ризница - Е, Ж, З

1. Евтините круши се многу поскапи.
2. Евтино месо и кучињата не јадат.
3. Еден човек плаче, а друг се радува.
4. Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеде волкот.
5. Еднаш проговори, двапати слушни.
6. Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравува.
7. Ем гол, ем зол.
8. Ем шут, ем боде.
9. Жеден коњ, матна вода не пробира.
10. Железото дури е топло се чука.
11. Жените се облекле по модата, а мажите ги однесла водата.
12.Занаетот човека ниту го умира, ниту го оживува.
13.За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е.
14.Зошто му брада, кога нема глава.
15.Зборливиот човек е како писмо без муур.
16.Зборовите се како цреши: една фати, сите ќе се кренат.
17.Здрав болен носи.

        
Зборовите се како цреши: една фати, сите ќе се кренат.

12. 8. 2013.

Од народната ризница - Д

1. Да се чува човек од лошо, дури не му дошло.
2. Дај со раце, барај со нозе.
3. Далеку оди, ама и за дома мисли.
4. Два лешника еден орев кршат.
5. Два лути камења брашно не мелат.
6. Две лубеници под една мишка не се носат.
7. Две раце за една глава.
8. Дете повеќе да милуваш со раце, одошто со лице.
9. Детето и милуј го, и негде накажуј го.
10. Детето додека не паѓа, не може да научи да оди.
11. Децата повеќе ја милуваат играчката од јадачката.
12. Децата се како роса: сега ги има, сега ги нема.
13. Дните си летаат како со крилја.
14. Добрата реч оди далеку, а лошата уште подалеку.
15. Добри пријатели и од браќа се помили.
16. Добрината бргу се заборава, а лошотијата не се заборава.
17. Друго кројат глувците, а друго мачорот.
18. Дури е младо дрвото, се вие.
19. Дури е човекот жив, барем да е здрав, та ако е троа сиромав.
20. Дури не му дојде времето, не пукнува грнето.
21. Дури не посееш, нема да жниеш.

                      
Да се чува човек од лошо, дури не му дошло.





Од народната ризница - Г

1. Главата прави, главата трга.
2. Гладна кокошка просо сонува.
3. Гледај го коњот, не гледај му го огламникот.
4. Гледај го пијаницата и пожалај ми ги децата.
5. Голем залак голтни, голема реч не речи.
6. Голема снага чуму ти е кога имаш шупливо срце.
7. Голо здравје, готова треска.
8. Гора со гора не се среќава, а човек со човека се среќава.
9. Горе високо, долу тврдо. 
10. Гори ли на комшијата куќата, трчај да ја гаснеш твојата.
11. Господ да те чува од гол фодул.
12. Господ да те чува од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуваш.
13. Грми, врни, патот си врви.


Грми,врни,патот си врви.

19. 7. 2013.

Од народната ризница - В

1. Варди се да не се поболиш, оти мачно можеш да оздравиш.
2. Вербата планиње поместува.
3. Види го прво дрвото, па после седни под него.
4. Види му ги на човека прво другарите и после есапи каков е тој.
5. Викај по волкот дури не влегол во булукот.
6. Виното го прави човека еднипати везир, а еднипати резил.
7. Високо орелот лета, та затоа и далеку гледа.
8. Во една гемија кај има многу капидани, таа можи и да пропадни.
9. Во ново грне што ќе туриш попрво, на тоа ќе мириса.
10. Во село без пци и без стап не се оди.
11. Во устата од царот има и оган и вода.
12. Водата спие, душманот не спие.
13. Волк пастрма не чува.
14. Волкот влакното го менува, ама карактерот не.
15. Времето слама продава.
16. Волот се врзува за роговите, а човекот за зборовите.

                

16. 7. 2013.

Од народната ризница - Б

1. Барај го доброто и најди го, оти не ти иди само.
2. Барај да најдеш, сакај да ти дадат и клукај да ти отворат.
3. Бегај од пијаниот како од улавиот.
4. Без мака нема наука.
5. Без мера којшто јади, бргу ќе се поболи.
6. Без мера којшто работи, бргу ќе се умори.
7. Бела човек пари да има, бела да нема.
8. Бели пари за црни дни.
9. Белото си е секогаш бело, а црното-црно.
10. Би лага, доби; скока скакулец, доскока.
11. Бог да чува да не ти клукне мајстор в куќи.
12. Болеста иде у човека со оки, а бега со драмови.
13. Брадата му е сива, а главата дива.
14. Брадата му е царска, главата воденичарска.
15. Брат брата не рани, тешко кој го нема.
16. Брат од брата помогнат, појак е од еден град.
17. Братство за братство, сирење за пари.
18. Брз коњ се втасува, ама брз збор не се втасува.

                      



15. 7. 2013.

Од народната ризница - А

1. Ако е човек кус во алиштето, можеш да му го придадиш; ама ако е од умот - не можеш.
2. Ако е човек слаб на лице, ама нека е здрав на срце.
3. Ако ми бркнеш во очите, ќе ти бркнам и јас.
4. Ако не се истура, не може да се наполни.
5. Ако се боеше дедо од врапците, не ќе посееше просо.
6. Ако се сториш овца, секој ќе те стриже.
7. Ако ти е пријателот мед или шеќер, не јади го сиот.
8. Ако ти ја клаат алката во носот, ќе ми те водат како мечка.
9. Алваџија за бозаџија.
10. Арната реч царска порта отвора.
11. Арно е сè да знајш, ама не треба да се прајш!
12. Арно јади, ама арно и работи.
13. Арен ли си, за себе си; лош ли си, пак за себе си.
14. Арното секој го фали.
15. Ах за челад, оф за челад.
16. Арниот јунак дома не умира.