12. 8. 2013.

Од народната ризница-Г

1.Главата прави,главата трга.
2.Гладна кокошка просо сонува.
3.Гледај го коњот,не гледај му го огламникот.
4.Гледај го пијаницата и пожалај ми ги децата.
5.Голем залак голтни,голема реч не речи.
6.Голема снага чуму ти е кога имаш шупливо срце.
7.Голо здравје,готова треска.
8.Гора со гора не се среќава,а човек со човека се среќава.
9.Горе високо,долу тврдо.
10.Гори ли на комшијата куќата,трчај да ја гаснеш твојата.
11.Господ да те чува од гол фодул.
12.Господ да те чува од лоши пријатели,да за од душмани сам ќе се чуваш.
13.Грми,врни ,патот си врви.


Грми,врни,патот си врви.

Нема коментара:

Постави коментар