Приказивање постова са ознаком Рацинови средби. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Рацинови средби. Прикажи све постове

18. 11. 2023.

56. Детски Рацинови средби

 💬 На 56. Детски Рацинови средби, нашата ученичка Евгенија Пешиноска доби пофалница за песната   Да му го земеш јазикот на народот - тоа значи да му ја земеш душата – Кочо Рацин

👇Прочитајте ја песната!

          Топол мајчински збор

           како во мермерен камен издлабен

           ми ја грее душата.

           Од дамнина песна испеана од еден род.

           Mногу зборови и многу мајки

           е јазикот на мојот народ.

 

           Кога не би постоел и би станал туѓ

           јазикот на народот и родот мој,

           би исчезнала сета топлина

           околу моето  македонско срце

           штом го чујам мајчиниот збор.

     

            Тогаш како би ги довикувале нашите деца?

            На кој јазик би плачеле и би се радувале?

            На кој јазик нашите мајки

            би ги тешеле своите чеда и би тагувале?

 

            Ако збор немаш,

            душата станува студен камен.

            Ако јазик немаш,

            празнина во срцето зјае без пламен.

 

            Од памтивек сме плачеле на нашиот јазик.

            Од печалба нашите татковци

            сме ги пречекувале со топол збор,

            а солзите течеле по македонски

            зашто тоа е нашиот искон.

 

            Зборот наш ќе си го чуваме в срце

            и секогаш пролет ќе биде во нашата душа,

            штом мајчиниот јазик надалеку се слуша

            полесно  ќе минат вековите тешки,

            ко Рацинов ѓердан над нашите плешки.

 

           Тој ќе остане силен и стамен

            длабоко во душата врежан

            ќе искри постојано како најсилен пламен.

            Македонски – збор, ѕвонливо кажан !

 

Ученичка: Евгенија Пешиноска IX одд.

ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани





 

27. 10. 2022.

Кочо Рацин - поет на болката и љубовта

 


„Болка боли – болка гори
болка пече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети!“
 - Елегии за тебе 
 

💬    По повод 55. Детски Рацинови средби, подготвивме мултимедијален проект посветен на Кочо Рацин - поет на болката и љубовта. 
Нашата е-книга е изработена во Book Creator  и содржи слики, текст, видеа, линкувани содржини, сложувалка, квиз, кодирана анимација. Се обидовме да бидеме концизни и јасни, а сепак креативни. Сè што не можевме да поставиме во книгата, ќе го напишеме овде, на нашиот Роземак.
 
 Кочо Рацин-поет на болката и љубовта
 
 
Слики од нашата работа👇
Нашата литературна дружина го носи името на Кочо Рацин








 
💬„Бели мугри“-Кочо Рацин
  
                                
 

споменикот на Стог

Марка со ликот на Кочо Рацин







 
За нашата е-книга може да кликнете и подолу👇

  Пред вас е уште еден предизвик👇  

 Претходната учебна година изработувавме постер за ликот и делото на Кочо Рацин.

Потсетете се!  👉   ПОСТЕР ЗА КОЧО РАЦИН

 

👉Наградите си ги зедовме, а зад нас останува уште еден прекрасен спомен за чествувањето на големиот Рацин. Ние сме Рацинови следбеници! Слава му!