💬 Григор Ставрев Прличев е истакнат македонски
писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник
на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат
поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин
шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото
„Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.
💬 Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев
работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на
сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното
влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти,
престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ
Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.
Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.
👉Автобиографија е литературно-научен вид творба во која авторот го раскажува својот живот, сопствените доживувања, а ги изнесува и условите во кои живее и работи.
 |
| Јана Билбилоска VIII а одд. | |
 |
| Леона Новеска VIII a одд. |
 |
| Александар Кецкароски VIII а одд. | |
 |
| Кристина Тодороска VIII а одд. |
 |
| Димитар Бошкоски VIII а одд. |