Алегорија е стилска фигура со која метафоричното т.е. преносното значење на мислата се реализира во целосна слика.
Оваа стилска фигура често се дефинира и како продолжена метафора.
Басните се мали епски дела во стих или во проза, во кои на алегоричен начин се опишуваат човечки особини. Најчесто во басните главни актери се животните, а се исмејуваат особините на луѓето. Басните во целина се една алегорија.
Петел и бисер
На буниште некој петел зашол
И случајно-зрно бисер нашол.
Намуртено започнал да збори:
„ Барем да е некому од корист!
И чудно е што е толку ценет!
А на пример, да ме прашаат мене:
Многу сакам штом дома се врнам
Да ме чекаат јачменови зрна.
Ко бисерот не блескаат тие,
Но чудесна сласт во нив се крие.“
* Будалите везден така судат:
Што не сфаќаат-презират и кудат.
-И.А. Крилов
Да поразговараме за басната!
1.Која човечка особина ја препознаваме во ликот на петелот?
2.Кое е размислувањето на петелот за вредноста на бисерот?
3. Што е најважно за петелот?
4. Објасни ја поуката!
Магаре и славеј
Магарето со славеј се сретна
Па му вели: „ Сите луѓе зборат-
Рамен немаш ниту в една гора,
Ниту в гора ни в градина цветна.
Кога пееш-станувале чуда,
Ајде запеј, сакам сам да судам!“
И славејот почна со песните свои,
Со гласниот напев, со цвркотот тих,
Ту гласот му ѕуни во илјада бои
Ту трепери нежно во опоен стих.
Ту песните тихи в далечина тонат,
Ту в илјади жици треперат и ѕвонат.
Полегаа стада и сѐ стивна веднаш
И ветерот палав и птиците в гора,
Го слушаат сите занесно и жедно
Љубимецот певец на рујната зора,
А овчарот среќен крај своите стада,
Со опојни чувства, со трепетна душа,
Сал крадешкум гледа в овчарката млада
И славниот певец со занес го слуша.
Штом славејон сврши, магарето рече:
„Ти пееше добро, занесно и леко,
Без досада може да те слуша секој,
Но сепак жал лута во срце ме пече:
Ти имаш глас нежен и убав и светел
Но треба да чуеш за нашиот петел.
Ќе ја кажам сега вистината проста
Од петелот можеш да научиш доста.“
*Пази боже, таков суд
Зло и нам да не ни стори.
- И.А.Крилов
Прочитај ја втората басна и направи споредба со првата!
Најде ли сличности со првата басна?
Објасни!
__________________________________________________________________________________
* Басни-Крилов, Скопје, април 1953 г
Печатница „Нова Македонија“
Оваа стилска фигура често се дефинира и како продолжена метафора.
Басните се мали епски дела во стих или во проза, во кои на алегоричен начин се опишуваат човечки особини. Најчесто во басните главни актери се животните, а се исмејуваат особините на луѓето. Басните во целина се една алегорија.
Петел и бисер
На буниште некој петел зашол
И случајно-зрно бисер нашол.
Намуртено започнал да збори:
„ Барем да е некому од корист!
И чудно е што е толку ценет!
А на пример, да ме прашаат мене:
Многу сакам штом дома се врнам
Да ме чекаат јачменови зрна.
Ко бисерот не блескаат тие,
Но чудесна сласт во нив се крие.“
* Будалите везден така судат:
Што не сфаќаат-презират и кудат.
-И.А. Крилов
Да поразговараме за басната!
1.Која човечка особина ја препознаваме во ликот на петелот?
2.Кое е размислувањето на петелот за вредноста на бисерот?
3. Што е најважно за петелот?
4. Објасни ја поуката!
Магаре и славеј
Магарето со славеј се сретна
Па му вели: „ Сите луѓе зборат-
Рамен немаш ниту в една гора,
Ниту в гора ни в градина цветна.
Кога пееш-станувале чуда,
Ајде запеј, сакам сам да судам!“
И славејот почна со песните свои,
Со гласниот напев, со цвркотот тих,
Ту гласот му ѕуни во илјада бои
Ту трепери нежно во опоен стих.
Ту песните тихи в далечина тонат,
Ту в илјади жици треперат и ѕвонат.
Полегаа стада и сѐ стивна веднаш
И ветерот палав и птиците в гора,
Го слушаат сите занесно и жедно
Љубимецот певец на рујната зора,
А овчарот среќен крај своите стада,
Со опојни чувства, со трепетна душа,
Сал крадешкум гледа в овчарката млада
И славниот певец со занес го слуша.
Штом славејон сврши, магарето рече:
„Ти пееше добро, занесно и леко,
Без досада може да те слуша секој,
Но сепак жал лута во срце ме пече:
Ти имаш глас нежен и убав и светел
Но треба да чуеш за нашиот петел.
Ќе ја кажам сега вистината проста
Од петелот можеш да научиш доста.“
*Пази боже, таков суд
Зло и нам да не ни стори.
- И.А.Крилов
Прочитај ја втората басна и направи споредба со првата!
Најде ли сличности со првата басна?
Објасни!
__________________________________________________________________________________
* Басни-Крилов, Скопје, април 1953 г
Печатница „Нова Македонија“
Нема коментара:
Постави коментар