Компарација (споредба)
Последен лист
На гранката сув и последен лист
како златник се злати,
трепери тивко, последен поздрав
сака да прати...
Душко Аврамов
Компарацијата има три члена: А како Б
Заби бели како снег.
Примери:
,,Но загука негде гулабица бела-
болно, ко да колне од нечија стреа.
... крвта в нежна жица-румена и танка
се ткаеше в перје, ко вез в бела свила.“
(Песна за гулабот-Славко Јаневски)
,,Твоите очиња детски
наместо радост да зрачат
станале темни и тажни,
како облачиња плачат.“
( Злате-Живко Николовски)
,,Појдете само крај некоја река-
и таму е сонцето, седи на брегот
и како рибар стрпливо чека.“
( Игра со сонцето-Видое Подгорец)
,,Охридски извор чист како солза
на него белат момите платно.“
( Радосници-Србо Ивановски)
Ономатопеја
Зимско утро
Под мојот прозорец
и денеска цвркоти и си рипка
шалава сипка:
Сип, сип, сип!
Блаже КонескиОноматопеја е стилско изразно средство со кое се имитираат звуци од природата, гласови на животни, разни шумови.
Примери:
,,Девојчето извади едно чкорче и ,,фрррц“! Ама блеска, ама гори!“
(Девојчето со кибритчињата-Ханс Кристијан Андерсен)
,, ー Ауу,ауу... ајде га бегаме! ー завиваше волкот.
ー Гра-гра-гра... Каде?Зошто? ー го запрашала страчката.“
(Волкот и страчката-Македонска народна приказна)
Звук глагол именка
зу-зу зуи зуење
брм-брм брмчи брмчење
шу-шу шушка шушкање
цр-цр црцори црцорење
Звук глагол именка
зу-зу зуи зуење
брм-брм брмчи брмчење
шу-шу шушка шушкање
цр-цр црцори црцорење
Со ономатопејата се создаваат живи слики
👇
Разгледај ги вежбите за компарација и ономатопеја, а потоа одговори!
Нема коментара:
Постави коментар