28. 11. 2013.

Вежби за граматички категории кај глаголите

 Прочитај го следниот текст и одговори на барањата под него.

             Самија ја чешлаше својата долга коса. Во собата влезе сестра ѝ:
                     – Побрзај, ќе одиме во Струга!
                     – Доаѓам, го облекувам палтото.
             Автомобилот ги чекаше пред вратата. Тие весело влегоа внатре и  заминаа.
                    – Би  шетале цел ден да имавме време. – рече Самија.
                    – Ќе купиме подарок и ќе се вратиме. Роденденот почнува во 17 часот.
           По половина час пристигнаа во Струга. Сестрите се фатија за рака и тргнаа по подарок. Долго време шетаа што заборавија на времето.
                   – Самија, трчај, ќе задоцниме! – викна  Мирела.
                   – Би сакала овој ден да се повтори. – рече Самија.
          Задоволни и среќни се вратија дома, а потоа отидоа на роденден.

 1. Подвлечи ги глаголите!
 2. Пополни според барањата:
 -Глаголи во прво лице: ______________________________________________
-Глаголи во второ лице: _____________________________________________
-Глаголи во трето лице: ______________________________________________
-Глаголи во еднина: __________________________________________________
-Глаголи во множина: _______________________________________________
-Глаголи во сегашно време:_________________________________________
-Глаголи во минато време:__________________________________________
-Глаголи во идно време:_____________________________________________
3. Препиши ги речениците во кои е употребен:
Исказен начин (две реченици) __________________________

Заповеден начин: _________________________________________

Можен начин: _____________________________________________

4. Од реченицата: Таа пие сок. образувај можен и заповеден начин.
Заповеден начин _____________________________________
Можен начин _________________________________________



Внимателно читај и одговори!

           

Нема коментара:

Постави коментар