29. 5. 2025.

Млади талентирани творци - Михаела Митреска

💬 Роземак започнува со серија објави во чест на младите талентирани литературни творци од ООУ „Живко Чинго“, Велгошти

 

„Милоста кон народниот јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашиот јазик, зашто тој јет наш, исто така, како што ни јет наша таткоината ни.“
– Крсте Петков Мисирков
📌 Јазикот се негува и почитува со дела.
Секој напишан збор е вистински доказ за свежината и живоста на македонскиот јазик.
📣 Најголемата награда што може да ја добие еден наставник во својот работен век е да поттикне што повеќе ученици со интерес и посветеност да пишуваат на македонски јазик.
Љубовта, радоста, човечноста, тагата и болката извадени од детското срце и навезени во низа од зборови, се најубава мелодија за моите уши.
❤️ Им благодарам на сите здруженија, училишта, институции и поединци кои организираат литературни конкурси и ни помагаат да им дадеме поддршка на младите талентирани творци.
👏🏆🥇 Честитки, деца! Вие сте вистинските борци на браникот на татковината!
„Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“
– Блаже Конески
🥇 Михаела Митреска , твори од срце и плети песни со милозвучни македонски стихови!
 
💬Михаела Митреска е ученичка во VI а одделение. Скромна и трудољубива со љубов пишуваше на тема „Глас на хуманоста“. 
На 28 мај, во просториите на Црвен крст Охрид, беа доделени наградите на најуспешните учесници на ликовниот и литературниот конкурс „Гласот на хуманоста“.
 
💗Михаела Митреска -  прва награда 
👉Категорија поезија од VI до IX  одд.
 




        
 
👇Прочитајте ја песната „Гласот на хуманоста“!
 
 

Глас на хуманоста

 

Во свет полн со тага и страв

каде често молчи правдата

се раѓа глас, нежен и здрав –

тоа е гласот на хуманоста.

 

Гласот тивко низ светот се шири,

не бара моќ, ни пари, ни име,

во секој поглед нежно трепери,

разгорува искра, светло и време.

 

Рака подадена без збор,

очи во солзи за туѓа болка,

љубов за сите без изговор

надеж откриена како бисер во школка.

 

Кога детска солза ќе капне,

а топла рака нежно ќе ја избрише

тој глас  без зборови ќе те закрепне

со дела чисти, хуманост ќе испише.

 

Кога некој падне – да го кренеш!

Кога страда – со него да бидеш!

Со насмевка душа да му сретнеш,

со човечност најголема да блеснеш.

 

Низ страдања, низ премрежја тешки,

гласот на доброто пронаоѓа секогаш пат

го руши ѕидот што дели луѓе, без грешки

и гради мостови – чекор по чекор, брат до брат.

4. 5. 2025.

Григор Прличев - изработки на ученици

 

   💬 Григор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.

  💬  Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

    Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.

👉Автобиографија е литературно-научен вид творба во која авторот го раскажува својот живот, сопствените доживувања, а ги изнесува и условите во кои живее и работи.


Јана Билбилоска VIII а одд. 


Леона Новеска VIII a одд.

Александар Кецкароски VIII а одд. 


Кристина Тодороска VIII а одд.

Димитар Бошкоски VIII а одд.


13. 4. 2025.

„Девојките на Марко“ - Оливера Николова

     На следниот линк погледнете ја серијата снимена според романот „Девојките на Марко“ на Оливера Николова.👇

📺 ДЕВОЈКИТЕ НА МАРКО 

 

     Девојките на Марко е приказна која ја започнува едно мало детенце по име Славе. Тој има двајца браќа - Марко и Диме. Марко е најстариот брат и служи во војска. Славе кажува дека Марко ќе дојде на отсуство од војската. Во меѓувреме разговара со брат му, Диме, кој му кажува дека отсуството од војска е најважно, бидејќи треба да се знаат начини да се насмеат девојките... Славе е ужасно збунет и воопшто не знае што да направи.

 


 

 

        На 4 ноември 2024 година,  на 88-годиша возраст почина Оливера Николова – македонската писателка која со нејзината книга за деца „Зоки Поки“ остави трајно наследство за сите генерации.

Оливера беше писателка за возрасни и за деца и е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

        И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.

        Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа била номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“. Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објавила избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, како и „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Во февруари 2016 година, за романот „Кадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година. Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.

Добитничка е на Орден за заслуги за Македонија во 2024 година. 

Нашата сложувалка👇👇👇