1. 5. 2020.

„Робинзон Крусо“ーДаниел Дефо

Јас ја читам „Робинзон Крусо“! А, вие?


  • На следниот линк ќе најдете една интересна презентација за лектирата „Робинзон Крусо“.



  • Внимателно гледајте ја, прочитајте и одговорете на дадените прашања.
  •  Кликнете на сликата! 

Презентација

По успешната обработка на лектирата добивме многу комплетни одговори на дадените прашања, па  еве една изработка на ученикот Антоние Парталоски.








28. 4. 2020.

Начински зависносложени реченици




  • Во начинската зависносложена реченица, зависната дел-реченица дава податоци за тоа како се одвива, се одвивало, или ќе се одвива дејството во главната дел-реченица.
  • Сврзници: како, како да, (како) божем, небаре, како што и сл.
  • Начинските зависносложени реченци не се одделуваат со запирка.
Примери:
1. Се однесувате како да не знаеме ништо.
2. Влезе тивко во куќата како божем бара нешто.
3. Се стрчна низ патеката небаре ѝ се вратиле силите од младоста.
4. Се однесувате како да сме сè уште деца.
5. Целата соба замириса како да е градина со мирисливи цвеќиња.
6. Ангела ќе направи како што ќе и рече мајка ѝ.
7. Детето пиеше вода како да не пиело цел ден. 
8. Замириса од кујната како божем гореше куќата.


Забелешка: Има начински зависносложени реченици кои почнуваат со без да
Без да сакам, го навредив другарот. (сепак овие реченици можеме да ги сметаме и за допусни: Иако не сакаше, го навреди другарот)


ВЕЖБИ



Роземак

Спротивни независносложени реченици



Спротивните независносложени реченици изразуваат спротивен однос меѓу содржините во дел-речениците.
  • Сврзници: а, но, ами, ама, меѓутоа, туку;
  • Пред сите сврзници за овој вид реченици се пишува запирка.
Примери:
СВРЗНИКОТ А

1. Тој сака да насмее, а расплакува. (Сл. Јаневски)
2. Прерано научив за страдањата, а радоста сè уште ја барам. (В. Подгорец)
3. Не сака да се сеќава на Ана, а често зборува за неа.
4. Се превртуваше на тревата, а никој не го гледаше.

СВРЗНИЦИТЕ НО, АМА И МЕЃУТОА

一 реченици во кои двете спротивни дејства се во потврдна форма
Примери:
1. Учениците го разбраа Диме, но сакаа да го слушнат ѝ професорот.
2. Вежбањето го исцрпува телото, ама го јакне човековиот дух.
3. Се приближи до авионот, меѓутоа се откажа од летот.

一 реченици во кои  во втората дел-реченица се јавува негација.
Примери:
1. Повикајте ги на роденденот, но не кажувајте им за изненадувањето.
2. Се обидуваше да дојде, ама  немаше вистинска храброст за тоа.
3. За роденден посака таблет, меѓутоа желбата не му се исполни.

СВРЗНИЦИТЕ АМИ И ТУКУ

一 реченици во кои првата дел-реченица е одречна, а второто дејство е она што важи.
Примери:
1. Не се смеам, туку се радувам. (Петре М. Андреевски)
2. Тој не мислеше да се смири, ами гнев го водеше напред.

ВЕЖБИ
  • Пронајди ги спротивните независносложени реченици и препиши ги!

Штурец и мравки
  Во зимно време побара штурецот од мравките некое зрно житце на заем, но тие го избркаа од својот дом.
一 Ние цело лето работевме, а ти свиреше.
Штурецот со наведната глава си заминал дома. Тој не добил храна и останал засрамен. 

  • На секоја од започнатите дел-реченици додај уште една дел-реченица за да составиш спротивна независносложена реченица (употребувај различни сврзници)
1. Детето многу се исплашило_____________________________. 
2. Отишол еден ловџија на лов ____________________________. 
3.Чашата не ја скрши Кристина_____________________________.
4. Ја најдов книгата за лектира _____________________________. 
  • Трансформирај ги составните независносложени реченици во спротивни независносложени реченици.
1. Гледам низ прозорецот и не чекам никого.
2. Гласот не му затрепери ниту имаше трема.
3. Наставникот не нè виде, та и не нè опомена.
4. Не ја чу критиката ни го интересираше таа.