Приказивање постова са ознаком стилски фигури. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком стилски фигури. Прикажи све постове

31. 1. 2021.

Словенска антитеза

 


 

 Стилска фигура дадена во вид на прашање, претпоставка, негирање на прашањето и точен одговор.

Оваа стилска фигура е присутна во многу песни од македонската народна литература, но ја има и во уметничката.

Да ги разгледаме етапите на словенската антитеза преку песната Ропство од Коле Неделковски.


1.   Прашање

-      Дејди, моја мила мајко,

од кај иде силен екот

дење-ноќе век ќе крене

мира, мајко, не ми дава?


2.   Претпоставка

 

Дали негде огин гори,

та сред огин змии пиштат,

ели, мајко, веди трештат,

та се пуста земја тресе.


3.  Негирање

 

-Нити, синко огин гори,

Ни сред огин змии пиштат:

Нити веди, синко трештат,

Ни се пуста земја тресе,

 

4.   Одговор

 

Туку синко, полошо е

и од огин и од вода:

врие, чедо тиран гладен

низ нашата црна земја


  • Да ја погледнеме словенската антитеза во поемата „Сердарот“ од Григор Прличев

Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој…
.

16. 3. 2020.

Епитет - стилско изразно средство

Епитетот е стилско изразно средство (збор) што стои до некој збор (најчесто до именка) и открива некоја важна особина на предметите, односно појавите или чувствата искажани со именката.
Епитетот е украсен додаток. Придавките, најчесто, се употребуваат како епитети.
ЛИМОНОТ Е ЗДРАВ
ЗА СЕКОЈ СТАР И МЛАД!

Лимон
Ако можеш, намини 
на свежи витамини:
од сончеви падини,
лимонови градини.
И здравје и понада 
во чаша лимонада.

                          КАСНИ - ПОРАСНИ- Петре М. Андреевски


Анализа на примерот:
1. Кои именки се употребени во горните стихови?
2. Кои зборови (подвлечените) стојат до нив?
3. Од кој вид зборови се зборовите што стојат до именките?
4. Која именка е подвлечена и по која именка стои?
5. Зошто служат тие?
Одговор на прашањата:
Во стиховите се употребени именките: витамини, падини, градини, здравје, понада, чаша, лимонада.
До именката витамини стои свежи, до падини стои сончеви, до градини стои лимонови. 
Подвлечените зборови се придавки.
Подвлечена е именката лимонада и ја објаснува именката чаша. 
Сите подвлечени зборови ја појаснуваат именката.
Придавката свежи појаснува дека витамините се важни бидејќи стоената храна не е корисна и нема витамини.
Придавката сончеви потврдува дека сонцето е важно за здравјето бидејќи на сончевите падини расте здрава храна.
Придавката лимонови ја конкретизира здравата храна полна со витамини.
Освен придавките во појаснувачка функција  може да се јават и именките, како во последниот стих: „во чаша лимонада.“
   пример: „Сила човек е тој“
                 „Изникна јавор дрво“
Истакнатите зборови стојат до именката и откриваат некоја особина, некое својство на предметите означени со именките. Тие објаснуваат поблиску и посилно. Во овој случај тие се употребени како стилско изразно средство епитет.

Епитетот најчесто стои пред именката( свежи витамини, сончеви падини), но може да стои и зад именката:
                                 „Во секој орев јатки златни,
                                    ко сестрички честопатни“ 
                                                   Касни - порасни- Петре М. Андреевски
 Во поезијата  се јавува и удвоен епитет:
                               „Како на вратот ѓердани 
                                ниски камења студени“ 
                                                 Денови- Кочо Рацин

Вежби за епитет

Ти ли беше пролет

Ненадејно дојде во нашиот двор.
Врз црешата бели ѕвезди фрли,
под стреата -ластовички хор 
и два штрка на стариот брест, 
а не чувме ни чекор, ни ѕвон,
не те сети ни будниот пес.
-В. Димитровски
1. Во дадените стихови пронајди четири епитети!

______________, _______________, ________________, ______________

2. Каков е цветот? Напиши неколку епитети!

----------------------, ------------------------, ----------------------, --------------------------

Забелешка: На стр. 105 и 106 од учебникот за шесто одделение по македонски јазик, имате две песни во кои може да најдете повеќе примери за епитет.