Приказивање постова са ознаком броеви. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком броеви. Прикажи све постове

17. 3. 2014.

Вежби за броеви-седмо одделение


                                        Вежба за броеви

        За еден месец ќе наполнам дванаесет години. Многу сум возбуден поради мојата роденденска забава. Веќе две-три седмици ја правам листата со гости. Ќе поканам триесетина другари.
Осуммина се од мојата улица, десетина од училиште, а трите другарки од Охрид, со задоволство ќе дојдат.
        Двете мои сестри се задолжени за украсување на собата во која ќе се случува забавата. Ќе биде весело! Дваесетина балони во разни бои ќе ја дополнат атмосферата. Мајка ми ќе приготви вкусна торта. На тортата ќе го има амблемот на мојот омилен фудбалски клуб Јувентус.
Четворица другари навиваат за истиот тим. Седум-осум другари навиваат за Барселона, а тројца за Баерн. И пет-шест девојчиња се големи љубителки на фудбалот.Често, знаеме да дискутираме со жестина бранејќи го својот тим.
Со нетрпение ги бројам деновите до роденденот. Триесет, дваесет и девет, дваесет и осум...

Број
Точна бројност
Приближна бројност
Бројна форма за лица
Определеност




















































      

16. 8. 2012.

Броеви

Броевите се зборови со кои се означува количество.
Разликуваме броеви за точна (определена ) бројност и за приближна бројност.
Определена бројност-количеството е точно избројано(два, три, сто...).
Приближна бројност-количеството е приближно избројано (два-три, стотина, седум-осум...).
Броевите се количествен признак на именките и немаат посебни граматички значења, освен за определеноста (со член или без член).
Бројот еден има форми за сите три рода (еден една едно), а образува и множина (едни) која има значење на заменка.
Бројот два оди со именки од машки род, а формата две со именки од женски и среден род (две девојки, две деца).
Броевите по состав се делат на прости и сложени.
Прости броеви се броевите од еден до десет, а и бројот сто.
Во простите броеви се и нула, илјада, милион, милијарда, билион и сл., но тоа се именки со бројно значење (бидејќи имаат род, еднина и множина).
Сложените броеви се составени од еден збор (триесет) или од повеќе зборови (три илјади триесет и пет).
Сложените броеви се образуваат на два начина:
1. Од десет до деветнаесет со предлогот на, кој стои меѓу десетката и единечниот број: единаесет, дванаесет, тринаесет, четиринаесет, петнаесет...
2. Од дваесет па натаму со сврзникот и кој стои меѓу претпоследниот и последниот број од изразот: дваесет и осум, триесет и пет, четириесет и четири, осумстотини триесет и четири, две илјади триста шеесет и девет...
3. Кај десетките и стотките со директно додавање: седумдесет, осумдесет, деведесет,
шестотини, осумстотини...
Бројни форми за лица од машки род
Кога имаме определена бројност на лица од машки род, или група во која барем едно лице е од машки род се користат форми со суфиксите-ица, -ина и -мина(двајца, тројца, четворица,
петмина, стомина, осуммина).
Броевите кои искажуваат приближна бројност се образуваат на два начина:
1. Со поврзување на два последователни броја (седум-осум, пет-шестотини);
2. Со суфиксот -ина (десетина, педесетина, стотина).

Дадов три гола!!