Приказивање постова са ознаком Живко Чинго. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Живко Чинго. Прикажи све постове

21. 3. 2026.

Патронат, 2026 година - сè на едно место

       

 


  На 23.3.2026 година се одржа патрониот празник на нашето училиште „Живко Чинго“, Велгошти. Во продолжение на оваа објава ќе ги сумираме сите активности реализирани за роденденот на нашето училиште.

💬1. По повод патрониот празник и големиот јубилеј - 150 години од првото училиште во Велгошти, беше објавен вториот број од училишниот весник „Пасквелија“ во видео формат. 

Училиштен весник 2025/2026 год. by Roza Kitrozoska

💬2. На наградниот конкурс организиран по повод патрониот празник на ООУ „Живко Чинго“, Велгошти беа избрани најуспешните ученици.

 
 


Во продолжение  прочитајте ги наградените песни на литературниот конкурс.👇




  3. Погледнете ја видео изложбата со најуспешните ликовни творби.           

   

 

4. Погледнете го видеото од самиот настан - приредбата по повод патрониот празник 

18. 11. 2024.

ООУ „Живко Чинго“, Велгошти на 57. Детски Рацинови средби, Велес

       💬  На 16.11.2024 година, ООУ „Живко Чинго“; Велгошти претставувано од учениците Леонид Јоноски и Кристина Тодороска и наставничката по македонски јазик Роза Китрозоска учествуваше на доделувањето на наградите на 57. Детски Рацинови средби во Велес.

        💬 Наградата за посебен придонес во областа на ИКТ за ликот и делото на Рацин ја примивме со посебна гордост и чест.

         Нашиот мултимедијален ИКТ проект беше препознаен и награден  👉 ИКТ ПРОЕКТ

Кочо Рацин


Наградата
💬 Општина Охрид има со што да се гордее затоа што на Рациновите средби награди добија и проф. Перчо Божиноски (прва награда за оратор и трета награда за поетска творба) и проф. Фила Вероска-Стојковска (трета награда за ИКТ проект).


Охридската екипа


Награди, награди
💬Со задоволство низ слики сакаме да ја доживеете нашата возбуда од овој прекрасен настан кој беше беспрекорно организиран. Благодариме, Детски Рацинови средби!

 

 

Пред Костурницата

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                  

Пред спомен-куќата на Рацин
Поглед од куќата кон Велес


За Раца од срце

Поклон пред Гемиџиите








Леонид, Јана М., Димитар, Кристина, Јана Б., Мартин