💬Поделби на литературата
Литературата се дели според неколку критериуми.
1. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:
– лирика;
– епика, и
– драма.
– епика, и
– драма.
Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.
2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:
– поезија (стих), и
– проза.
– проза.
Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.
3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци, епохи). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:
– антика;
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– класицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– класицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.
4.
Во минатото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај
неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како
анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото
литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат.Според авторството, можеме да ја поделиме на:
– народна (анонимна, колективна, усна) и
– уметничка (авторска).
– уметничка (авторска).
Подготвив две презентации. Погледнете ги!👇

Нема коментара:
Постави коментар