6. 10. 2020.

Потекло на македонскиот јазик

„ Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно полколение на друго. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сè што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух.“

                                                                   -Крсте Петков Мисирков


Погледнете ја презентацијата!

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК     

                                       Запомнете! 

1. Македонскиот јазик припаѓа во семејството на словенски јазици.

2. Македонскиот јазик се вбројува во јужнословенската група словенски јазици.

3. Словенската писменост започнала во втората половина на 9 век.

4. Браќата Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост.

5. Старословенскиот јазик е првиот литературен јазик за сите словенски народи (создаден од македонските говори во околината на Солун).

6. Старословенскиот јазик бил пишуван на две азбуки: глаголица (38 букви, ја создал Кирил) и кирилица (44 букви).

7. Најстари зачувани текстови на старословенски јазик: Асемановото евангелие, Зографското евангелие, Мариинското евангелие (од крај на 10 до почеток на 12 век).


Асеманиево евангелие или Асеманово евангелие — глаголски ракопис од втората половина на X век чие настанување се поврзува со Охридската книжевна школа.


Зографско евангелие - средновековен македонски книжевен споменик кој потекнува од X или почетокот на XI век  напишан на глаголица и пронајден во Македонија.


Мариинско евангелие - средновековен македонски книжевен споменик кој потекнува од X или почетокот на XI век напишан на глаголица и пронајден во скитот „Св. Дева Марија“ на Света Гора.
             


                                                              Буквата  'А' на глаголица             

💬Интересна задача!
 Обиди се да го напишеш твоето име со глаголица!
👇Одговорете на следниве прашања!

1. Во кое семејство на јазици припаѓа македонскиот јазик?
2. Во која група на словенски јазици се вбројува македонскиот јаззик?
3. Кога започнала словенската писменост?
4. Кои се основоположниците на словенската писменост?
5. Кој е првиот литературен словенски јазик?
6. Како се вика  првата словенска азбука и колку букви имала?
7. Кои се се најстарите зачувани текстови на старословенски јазик?

Нема коментара:

Постави коментар