На следниот линк проверете го знаењето за исказни, временски и причински зависни реченици КОНТРОЛНА
Со условната дел-реченица се дава условот под кој се врши или ќе се изврши дејството во главната реченица.
Пример: Ако ме поканиш на роденденот, ќе дојдам.
Подвлечената дел- реченица е условна, а другата дел-реченица е главна.
Разликуваме три типа услов: реален, можен и нереален.
1. Реален услов
пр.: Ако се подготвиш добро, ќе успееш. (реално е да се исполни условот)
2. Можен услов
пр.: Ако можеш да се подготвиш, ќе успееш. ( ќе успееш, но мора да се исполни можноста)
3. Нереален услов
пр.: Ако се подготвеше добро, ќе успееше ( дејството завршило, нема да се исполни)
Сврзници: ако, да, без да, кога + можен начин
Правописно правило: ако речениците се во инверзија се одделуваат со запирка.
Вежби за условни зависносложени реченици
1. Дополни со условна дел- реченица:
а) Ќе стигнеше навреме _______________________________ .
б) Тој ќе дојде __________________________________.
в) ___________________________, ќе одиме на излет.
2. Каков услов разликуваме во следниве реченици:
a) Ако му помогнеш на брат ти, ќе одиш на игралиштето. ____________________
б) Ако учев, ќе научев. ______________________
в) Ако можам да завршам навреме со обврските, ќе играм игри на мојот компјутер.
_______________________
г) Нема да постигнеш успех без да вложиш голем труд._____________________
д) Ако го победиме корона вирусот, многу повеќе ќе внимавам на моето здравје.______________________
ѓ) Да знаев за проблемот, веднаш ќе ти кажев. ______________________
3. Состави три условни зависносложени реченици ( со различен услов)
_________________________________________________________________
_________________________________________________________________
_________________________________________________________________
Погледнете го и краткото видео за условни реченици на мојата колешка,
Нема коментара:
Постави коментар