17. 3. 2020.

Структура на сложената реченица

РЕЧЕНИЦА

Реченицата е основна јазична единица со помош на која комуницираме.

Основни (главни) реченични членови се прирок и подмет.
Предметот (директен, индиректен и предлошки) и прилошките определби се неопходни реченични членови.
Атрибутот и апозицијата се второстепени реченични членови.
Реченицата е составена од личноглаголска форма, која врши функција на прирок (основен реченичен член).
Реченица во чиј состав има само еден прирок се вика проста реченица.
Прирокот се согласува со подметот по род, број и лице.
Повеќе од еден прирок во реченицата (два, три) значи дека реченицата по состав е сложена.
Одделните реченици во составот на сложената реченица се викаат дел-реченици.


Структура на проста реченица

Прирок
                                              ↙            ↓              ↘                 ↘
                            директен   индиректен    предлошки      прилошка
                         предмет      предмет          предмет           определба
подмет    ➝        атрибут и апозиција 
Примери:
Ева пишува.
Ева пишува писмо.
Ева  го пишува писмото.
Ева го пишува писмото денес.
Ева го пишува писмото во работната соба.
Љубопитната Ева го пишува писмото во татковата работна соба.
Ева, сестрата на Мими, го пишува писмото.

Ова се примери како расте бројот на реченични членови.

Структура на сложената реченица

1. Кога една проста реченица  содржински се поврзува со друга проста реченица во поголема целина, тие формираат сложена реченица.
2.  Реченицата е сложена според составот кога во неа има повеќе од еден прирок (два, три итн.)
3. Одделните реченици кои влегуваат во составот на сложената реченица се наречени дел-реченици.
4. Сложена реченица во која дел-речениците се во независен однос, дел-речениците не зависат една од  друга, се викаат независносложени реченици.
    пример:
Брзо помина зимата, ќе дојде и пролетта, а летотото ќе биде долго и топло.
5. Сложените реченици во коишто едната  дел-реченица е во зависен однос од другата, односно едната дел-реченица зависи од другата дел-реченица, се викаат зависносложени реченици.
  пример:
 Ако внимателно ме следиш, ќе ги одговориш прашањата.

 Подвлечената реченица се вика главна, а другата зависна дел-реченица.
6. Дел-речениците кои меѓу себе се поврзани со сврзник се викаат сврзнички.
пример:
Јован јаде торта и пие овошен сок.
 7. Дел-речениците кои не се поврзани со сврзник се викаат бесврзнички.
пример:
 Трајче пишува писмо - ќе му  го испрати на вујко му.



                                    ВЕЖБИ:
1.  Преку составување на следнава сложувалка ќе ја добиете задачата:
                                                                


Одговори на следниве барања поврзани со сложувалката: 

а) Напиши една проста реченица поврзана со сликата- сложувалка.

______________________________________________________

б) Напиши една сложена реченица поврзана со сликата - сложувалка:

______________________________________________________ 

в) Напиши една независносложена реченица поврзана со сликата - сложувалка:

______________________________________________________

г) Напиши една зависносложена реченица поврзана со сликата - сложувалка:

 _____________________________________________________

д) Напиши една сврзничка реченица, а потоа трансформирај ја во бесврзничка (поврзана со сликата-сложувалка):

____________________________________________________________________________________________________________ 


                                                             

2. Внимателно прочитај го следниов текст:


                                                                      Браќа
              Еден ден, јас и брат ми тргнавме во блиската шума за да набереме дрва. Тој со себе ја понесе и ловечката пушка. Одејќи патем забележавме една лисица. Таа беше пред нас. Брат ми ми рече:
—  Држи ја, ти, брате секирава!
             Тој брзо ја сметна пушката и стрелаше, но не погоди и лисицата избега. Потоа ние продолживме кон шумата. Набрзина набравме дрва и околу ручек се вративме дома. Мама радосно нè пречека и  ни рече дека сме вредни деца.
             Тие зборови ни беа послатки од ручекот.
                                                                                                      -В.В


Одговори на следниве барања:

а) Напиши една проста реченица од текстот ( по сопствен избор):
________________________________________________

б) Напиши една сложена реченица од текстот ( по сопствен избор):
___________________________________________

в) Напиши една независносложена реченица од текстот ( по сопствен избор):
___________________________________________ 

г) Напиши една зависносложена реченица од текстот (по сопствен избор):
___________________________________________

д) Напиши една сврзничка реченица и потоа трансформирај ја во бесврзничка (по сопствен избор, од текстот):
________________________________________________
________________________________________________ 




30

Нема коментара:

Постави коментар