Иронија
Иронијата е изразно средство во кое со замена на два поима се изразува потсмев кон некого или нешто.
Или:Стилска фигура со која се исмејува некој или нешто во форма на привидна согласност или пофалба.

Тогај рече Марко Крале:
”Бог те убил, црна Арапино!
Ал’ се смееш, ал’ навистина маваш,
ал’ од кожува правот ми го тресеш?“
(Марко Крале ја одменува свадбарината)
****************************************************************************
Момче невеста фалеше
Имам невеста работна
на ден си нишка тегнеше
и во месец пасменце
а на година платненце!
****************************************************************************
Народна песна, во која девојката се преправала дека не го сака момчето и
го замолила да ја пушти да си оди, на тргнување иронично му рекла:
„Срети волкот рудо јагне-
не умеит да го давит.
Срети сокол еребица
па не знаит да ја јадит.“
Или во секојдневниот говор: Ти си ми навистина добар другар (а мислиме лош)
„Бре, што арно сабјава
читала
што убаво не` разговори
на душата, кој научи
вака?“
-П.П.Његош
„ Сега и татко глава
си чешка
Го гледа долго синчето
тој
-Е,јас сум сакал сабји
и копја,
а јарец печен синот
мој!“
- Ѓ.Јакшиќ
„Тука е Врабец, јунак
над сите
блазе на мајка што го
родила!
Шушна нешто во грмушка
летна јунак да бега!“
-Б.Нушиќ
„Гугај ми, гугај, голубе,
И јас сум така гугала
кога сум била при мајка;
сега ме млада мажиле,
па си гугам тажачки!“
-Народна песна
„Каде одиш „Умна“
главо,
велиш дека имаш право.
Сам си делиш многу
фалби,
а за тебе има само
жалби.“
-Т. Јованчевска
************************************************************************
Драматизација
Дарежливост
(Другарот и Сосед 1 разговараат за Сосед 2 и неговата скржавост. Сосед 1 му вели на Другарот дека ќе му докаже дека тоа што го зборува е вистина, а тој треба само да стои настрана, да го слуша и гледа разговорот)
Сосед 1: Добар ден, соседу!
Сосед 2: Добар ден, добар ден! (зборува со полна уста јаболко)
Сосед 1: Како си?На здравје! Си јадеш јаболко?
Сосед 2: Да, да! (продолжува да јаде откривајќи ја желбата на соседот да добие јаболко)
Сосед 1: А, убави ти се јаболкава! Црвени, сочни, миризливи... ммммм!
Сосед 2: Да, убави се, од мојата градина! (продолжува да сече и јаде без да го понуди соседот)
Сосед 1: А, што велиш, да ми дадеш едно јаболко? (отворено ја искажува желбата)
Сосед 2: (не баш со задоволство) Ами, кога велиш! (сече од јабокото мало парче) Еве, повели!
Сосед 1: Е, драг соседу! Многу ти благодарам! Јас знам за твојата дарежливост, ама од сега натаму на сите ќе им раскажам колку е дарежлива твојата рака. (заминува)

Раката што дава не се суши |
Нема коментара:
Постави коментар