7. 10. 2021.

„Збунети години“-Велко Неделковски

 



Велко Неделковски

    Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Роден е на 28 октомври 1946 година, во Скопје.
Во своето литературно творештво ги негува речиси сите литературни жанрови: расказ, сказна, роман, драмски текстови, поезија. Автор е на сликовници за децата од градинките, како и на романот сликовница во десет книги „Зеленкапа во шумата Еколо“.
    Негови литературни дела се збирките раскази: „леб за тате“, „Како расте Пенчо“, „Срценца од ведро-а“, „Деници“; сказните „Пролетни авантури“, „Шоу под ведро небо“, „Чуденки со Тимитар Итар“, „Сменатури во Намќорец“, „Бибисек од Крампонија“, „Корнет Лизи во Шаренџам“; како и романите: „Симчо“, „Втората смена“, „Збунети години“; „Зборофон Тар-11“, „Дежурна приказна“, „Летачкиот човек Пеперут“, „Шармери од осмо“. Автор е и на стихозбирката „Шармантни песни“ и на поемата „Царче-Жарче“.
    Велко Неделковски напишал шеесетина радиодрами за најмладите слушатели на Македонското радио (Радио Скопје). Неделковски е творец и на триесет играни телевизиски серии за деца: „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“, „Царството на другарството“ и други. На сцена се изведени неговите театарски драми за деца „Ден за бегство“, „Бибисек од Крампонија“ и драматизацијата на романот на Ф. Молнар, „Децата од Павловата улица“.

💬Седмоодделенците со голем интерес и внимание ја прочитаа лектирата „Збунети години“ од Велко Неделковски. Романот го работевме на два наставни часа. На првиот час ја разработивме содржината, ја откривме темата, идејата, направивме локализација на настаните, а читавме и делови од делото. 
        На вториот час ги анализиравме ликовите Борче, Димитар и Виолетка, ги согледавме нивните карактерни особини преку  постапките во одредени ситуации.
Бидејќи се вративме во нашите училници, на хамер изработивме неколку содржини поврзани со романот и настаните во него.
Водевме слободен разговор за нашите збунети години, за секојдневните слатки проблеми и дилеми. Заклучивме дека на секој проблем треба да му се приоѓа храбро и секогаш со искрено и чесно срце.
👇 Погледнете како изгледаше нашиот втор час👇

         



















27. 9. 2021.

Кирилицата е наша азбука!

 Да се потсетиме!👇

1. Македонскиот јазик припаѓа на семејството словенски јазици.

2. Македонскиот јазик се вбројува во јужнословенската група словенски јазици.

3. Словенската писменост започнала во втората половина на 9 век.

4. Браќата Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост.

5. Старословенскиот јазик е првиот литературен јазик за сите словенски народи (создаден од македонските говори во околината на Солун).

6. Старословенскиот јазик бил пишуван на две азбуки: глаголица (38 букви, ја создал Кирил) и кирилица (44 букви).

7. Најстари зачувани текстови на старословенски јазик: Асемановото евангелие, Зографското евангелие, Мариинското евангелие (од крај на 10 до почеток на 12 век).  

💬Современата македонска азбука, кирилицата, со која денес се служиме, ја изработила Јазична комисија, а ја одобрила Народната влада на Македонија со решение од 5 мај 1945 година.





👉Играме со буквите!

    Учениците од шесто одделение при ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани на креативен начин изработија букви за македонското јазично катче. При изработката на буквите користеа фолија, лепак и хартија во боја. 

👇Погледнете ги нивните изработки!






















Браво за учениците! Нашите македонски катчиња се подготвени за нови креативни изработки!

18. 9. 2021.

Постер за Кочо Рацин (изработки на ученици)

         Наставната содржина за социјални песни ја збогативме со изработка на постери за македонскиот поет, Кочо Рацин. Погледнете ги интересните изработки на учениците. Навистина се потрудиле! 👇



Илија Шурбаноски

Јован Коцоски



Антоние Парталоски


Крсте Ставрески


Каролина Калајџиеска


Катерина Русевска


Роберт Бебекоски



Воислав Мукоски


Надица Лазороска


Спасе Пешиноски


Антонио Алулоски


Слободан Парталоски


Мартина Мурџеска



Илина Мукоска


Јована Парталоска


Теона Плушкоска


Исидора Бетоска


Марија Попоска


Симона Јанкоска