Велко Неделковски |
Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Роден е на 28 октомври 1946 година, во Скопје.
Во своето литературно творештво ги негува речиси сите литературни жанрови: расказ, сказна, роман, драмски текстови, поезија. Автор е на сликовници за децата од градинките, како и на романот сликовница во десет книги „Зеленкапа во шумата Еколо“.
Негови литературни дела се збирките раскази: „леб за тате“, „Како расте Пенчо“, „Срценца од ведро-а“, „Деници“; сказните „Пролетни авантури“, „Шоу под ведро небо“, „Чуденки со Тимитар Итар“, „Сменатури во Намќорец“, „Бибисек од Крампонија“, „Корнет Лизи во Шаренџам“; како и романите: „Симчо“, „Втората смена“, „Збунети години“; „Зборофон Тар-11“, „Дежурна приказна“, „Летачкиот човек Пеперут“, „Шармери од осмо“. Автор е и на стихозбирката „Шармантни песни“ и на поемата „Царче-Жарче“.
Велко Неделковски напишал шеесетина радиодрами за најмладите слушатели на Македонското радио (Радио Скопје). Неделковски е творец и на триесет играни телевизиски серии за деца: „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“, „Царството на другарството“ и други. На сцена се изведени неговите театарски драми за деца „Ден за бегство“, „Бибисек од Крампонија“ и драматизацијата на романот на Ф. Молнар, „Децата од Павловата улица“.
💬Седмоодделенците со голем интерес и внимание ја прочитаа лектирата „Збунети години“ од Велко Неделковски. Романот го работевме на два наставни часа. На првиот час ја разработивме содржината, ја откривме темата, идејата, направивме локализација на настаните, а читавме и делови од делото.
На вториот час ги анализиравме ликовите Борче, Димитар и Виолетка, ги согледавме нивните карактерни особини преку постапките во одредени ситуации.
Бидејќи се вративме во нашите училници, на хамер изработивме неколку содржини поврзани со романот и настаните во него.
Водевме слободен разговор за нашите збунети години, за секојдневните слатки проблеми и дилеми. Заклучивме дека на секој проблем треба да му се приоѓа храбро и секогаш со искрено и чесно срце.
👇 Погледнете како изгледаше нашиот втор час👇
Нема коментара:
Постави коментар