💬Во чест на големиот Григор Прличев, Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер Охрид“, во соработка со Општина Охрид ги организираше 1. Детски Прличеви беседи.
💬 На манифестацијата која се одржа на 30.3.2024 год., нашата ученичка од VIII одделение, Аспасија Чочороска, со песната „Мајка имаме една, а татковината е илјада мајки“ го освои првото место во категоријата за основно образование.
👇 Со задоволство преку слики и видеа ќе ве пренесеме на овој одлично организиран настан. Честа беше наша. Нека премине во традиција!
„Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“-Г.
Прличев
Многу силна ти си била
Татковино, моја мила,
да претрпиш, да издржиш,
крвави маки и страдања
долги ропства, војни тешки,
со трпеливост, храброст и јаки плешки.
Мрачни, срамни поделби
Ти претрпе, мајко моја,
Ти парчеа и кинеа снага твоја.
Но, Ти си Пирејот на Андреевски,
кој простум, гордо се издигна,
вивна ко вековен
пламен,
и дигна достоинствено знаме.
Чиниш, сè се среди,
сонце жолтоцрвено светна,
ете ти, мајко нови политики подли,
и радоста од слободата твоја,
ко пердувче лесно од тебе летна.
Како Рациновите денови тешки
кои „легнале, та натежнале,“
така и сега врз тебе Татковино,
уцени нечесни стежнале.
„Мајка имаме една,
а таткојната је хилјади мајки“,
одѕвонува низ бескрајот
Прличевиот поетски
глас,
а јас гордо со исправен стас,
за тебе стихови пишувам и пеам,
со молитви кон Бога се обраќам,
да ни бидеш среќна, непокорна и вечна.
Ученичка: Аспасија Чочороска, VIII а одделение
ООУ„Страшо Пинџур“, Вевчани
Нема коментара:
Постави коментар