💬 Нашите талентирани литературни творци беа избрани како автори во најновата збирка поезија на Здружението „Златно перо“ од Битола.
Есен
Плодовите веќе узреале,
вредните раце ги собрале,
листовите се тркалаат
златен тепих прават,
за децата по него весело да газат.
Гранките празни, ветрот ги вее,
а сеачот со тракторот
есенските посеви ги сее.
Од облакот сив дождец се лее
од оревот верверичката плодот го бере,
а до неа една птица тажна песна пее.
Планината шарена
ко од сликар насликана,
со неговите четки и бои,
а над неа сонцето со облакот
ко тешка борба да води.
Ту сонцето ќе излезе и стопли
потоа за час облакот
со сивата боја ќе го скроти.
Есента е таква поплавена
од шарените бои,
со дуњи, круши, јаболка,
а и здрав мед за имунитет.
Ученичка: Јана Парталоска,VII одд.
Љубов моја
Штом те видам,
пеперутки триста
околу мене летаат,
а некаде, во мене,
како во пролет,
илјадници цветови цветаат.
Во твоите очи,
гледам ѕвезден сјај,
љубовта кон тебе,
никогаш нема крај.
Твоето име,
во срцево ми спие,
сакан, сонуван мој,
љубовта тешко се крие.
Ех, колку би сакала,
да можам да викнам јас,
да извикам на цел глас.
Ти си љубов моја,
те сакам, те сакам јас!
Ученичка: Емилија Попеска, VII одд.
Најубаво што е
Најубаво на светот што е?
Езерото сино или полето ширно?
Житото златно или грозјето слатко?
Реката бистра или планината чиста?
Најубави се сите убавини
изникнати под сончевината,
тие се срцето трепетно,
на мајката – Татковината.
Најмило на светот што е?
Детето насмеано или цветот?
Птицата раскрилена во летот?
Вредни пчелки – рој?
Или весели песни безброј?
Најмили се сите радости,
израснати под синевината,
тие се душата длабока,
на мајката – Татковината.
Ученичка: Ева Бебекоска VIII одделение
Богатствата на целиот свет
Ученичка: Теона Велковска,VII одд.
Утехата на росата
И
во темната, мрачна ноќ,
додека ветрецот треви косеше,
низ полињата ширни
срцето ја покажа својата моќ
што во вид на солзи, се росеше.
А јас од далеку гледав,
расплакана девојка
како
ноќта ја следи,
како солза по солза
на нејзиното лице се реди.
За што ли плачеше?!
Дали за сончевиот зрак
или за куќниот праг?!
Дали за птиците што пеат лесна-песна
или за пеперутките што се впуштиле во игра
бесна?!
Чекаше ли ноќта да заврши,
та животниот виор да продолжи?!
И така голташе солзи,
и така ноќта полека замре,
а девојката солзи да рони, запре.
колкава е нејзината моќ.
Ученичка: Теона Плушкоска, IX одд.
Нема коментара:
Постави коментар