Креативните часови за обработка на лектира продолжуваат и оваа година.
„Збунети години “ од Велко Неделковски е прекрасен роман за најубавите години „збунети години“, кога час ти се пее, час ти се плаче, години кога срцето за првпат затреперува кога ќе го види саканиот лик. Со задоволство ја прочитавме книгата и топло ви ја препорачуваме.
На следниот линк ќе видите како ја обработивме лектирата минатата година
ЗБУНЕТИ ГОДИНИ , а подолу видете што подготвивме за оваа година.
👉 Ја прочитавме книгата, кратко ја прераскажавме содржината во тетратка, а на два часа, усно ја разработивме, го определивме местото и времето на настаните, ги анализиравме ликовите, ги утврдивме темата и идејата.
👉 Креативниот дел од обработката се состоеше во изработка на торбичка со пет значајни факти поврзани со содржината. Учениците беа многу инвентивни и донесоа преубави лектири од торбичка. Секој ученик ја презентираше својата изработка, усно објаснувајќи ги своите пет факти.
👇 Погледнете ги!
Лектира од торбичка изработија: Аспасија, Матеј, Мартин, Љупчо, Емилија, Фросина, Никола, Бојан, Лина од VII а и Јана, Алексеј, Теона, Крстан, Ивана, Марија, Анастасија, Венера и Драган од VII б.
Нема коментара:
Постави коментар