Блаже Конески (1921-1993) |
На 11 август 2021 година (среда) започна културната манифестација Вевчанско културно лето- ВЕВКУЛ, 2021.
Манифестацијата се одржува под мотото „Вевчани за Блаже Конески“, а со тоа се одбележува 100-годишнината од неговото раѓање. Настанот започна со изложбата на фотографии и факсимили од и за Блаже Конески, а подготвена од познатиот новинар Мишо Китаноски.
Програмата ја водеше Верица Мукоска, а песни од Блаже Конески читаа Андреј Ѓорејлиески („Враќање“), Теона Плушкоска („Тешкото“), Катерина Русевска („Сончева колона“), Сергеј Димитриевски и Георгина Србакоска („Везилка“).
Прекрасен настан овековечен од фоторепортерот Стојан Кукунешоски.
Благодариме, ВЕВКУЛ!
Теона |
Катерина |
Андреј |
Георгина |
*Забелешка: сликано со мобилен телефон (Роземак)
Нема коментара:
Постави коментар